Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
@nE0n1nja само наш доктор може да ти каже дека ти е вродено. Сѐ додека не се најде од што е, намали сол, шеќер, храна со маснотии и алкохол. Рачунај како да имаш проблем со црн дроб и така храни се. Црниот дроб е тој што го зголемува билирубинот (и скоро секогаш има проблем со него при покачени вредности). Хепатит немаш, ама може да имаш проблем со црн дроб, па дури и панкреас. Зошто не ти направиле тестови за специфични болести, инфекции и сл. Колку ти е вредноста?

Па не знам, докторот тоа што напиша за тоа ми направија тест. Нели ако има некоја инфекција ќе имаше покачени леукоцити? Иначе ми направија тестови за: Anti-HBcll, Anti-HBs, Anti-HCV, HAVAb IgG и HBsAgQ2, сите се Nonreactive.

Koга ми правеше ултразвук таа ми рече "црниот дроб ти е бонбонче" и го напиша ова:
Црниот дроб изоехоген, хомоген со уредна големина.
Жолчно кесе уредно без калкулоза во луменот. Нема дилатација на билијарните патишта.
Панкреас хомоген јасно се издвојува од околината.
Слезена со уредна големина и без фокални дефекти.
Двата бубрега со уредна големина поставеност и форма, паренхим очуван, обострано хипотон пиелокалсен систем.
Бешика полна со глатки ѕидови без дефекти во луменот.
Не се детектира слободна течност во абдоменот.

Билирубинот првиот пат кога го тестирав ми беше 36 од кој директен 7, после една недела пак тестирав ми покажа вкупен 51, директен 8, па после 2 дена трет пат го тестирав и ми беше 49 од кој директен беше 5.73. Другите вредности од последниот тест како Gamma-Glutamyl Transferase, Aspartate Aminotransferase и Alanine Aminotransferase беа во нормалните граници.
Дали препорачуваш нешто да превземам понатаму?

@nE0n1nja
@Триптико

Ништо чудно да имаме Gilbert's syndrome. Тоа било вродена хипербилирубинемиа ама демек не било ништо страшно.

Прочитав на иди види форумот, некој имаше пишано дека зголемените билирубини ги средил со некои "природни" апчиња LIv 52.
Прочепкав нешто за нив, ги пиеле луѓе кои имаат оштетување на црниот дроб од разноразни причини.

Прочитав дека тоа Gilbert's syndrome било ептен ретко генетско нарушување, сега испадна дека секој втор го има упм. Тие апчиња треба постојано да се зимаат или?
 
Се разбудувам неделата,крајнициве болат сушат.Редовна приказна,од саботното пиво .. И претежно последниве 3-4недели ми поминуваше, е арно ама сеа не... омалаксан скрос..Збучив едно нонгрипо форте за настин,омалаксаноста помина ама крајнициве потешко.ВОДА НЕМОЖЕВ ДА ГОЛТНАМ .2-3 нон грипо испив во теко на недела/понеделник и во 17 на лекар.ГНОЈНА АНГИНА.
Инексифчина,3.После апчина ваљда.Прв пат ова ми се случува, и малце ми е чудно што многу брзо сум се разболел.
Ќе помини за брзо??
Ќе треба после да се пазам максимално одкако ќе се излекувам???
Ќе треба да избегавам сокови,пива??
 
Дечки, вие со билирубинот, сок од грозје, мислам го има по поголемиве маркети :) за црниот дроб е (y)
 
@nE0n1nja бем му матер, може го имаш тој синдром. Сите наоди ти се уредни. Само тоа 36 е ваљда umol/l и за него нормално е 1.1 до 18.8 umol/l. Какви ти се белките во очи? Има ли жолто во нив? Знаеш, она повеќе жолто, не една линија што се вика :) Да не биде "давање терапии на шашма", ќе ви препорачам на двајцата да пиете сурутка. Од неа нема штета, а ќе ви помогне и тоа одма. Малку е ужас за пиење, ама врши работа. Сепак, едно око би држел отворено за хепатит. Можеби го немаш, ама шансите да се појави не се мали.
 
Прочитав дека тоа Gilbert's syndrome било ептен ретко генетско нарушување, сега испадна дека секој втор го има упм. Тие апчиња треба постојано да се зимаат или?

Не, неколку месеци претпоставувам, тоа докторот ваљда би одредил. Од тоа што прочитав за апчињата, ги пиеле луѓе со поголеми нарушувања на црниот дроб. Е сега, некој си ги средувале работите со неколку месеци пиење, некој ги пиеле и по неколку години. А тој што си ги средил билирубините со апчињава немаше пишано колку време ги пиел.

Како што пишаа @Ilumious и @Триптико сок од грозје односно маџун и сурутка помагаат многу за црниот дроб. Другар имаше проблеми со црниот дроб, од алхохол, пиеше маџун и сурутка, за два месеци го врати во нормала. Баш ќе пробам со овие две работи, нема зијан, бар стварно се природни, па ќе пишам за месец/два какви ми се резултатите.
 
Чаре за затнати уши?
Ме држеше грип недела.дена може сеа немам мака освен ова со ушите, редовно и при најмала настинка ми се затнуваат. Сум примал и инјекции појма ндмам какви како терапија ама одамна.
Пс и десен крајник ме гребе више неколку дена :D

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
@nE0n1nja бем му матер, може го имаш тој синдром. Сите наоди ти се уредни. Само тоа 36 е ваљда umol/l и за него нормално е 1.1 до 18.8 umol/l. Какви ти се белките во очи? Има ли жолто во нив? Знаеш, она повеќе жолто, не една линија што се вика :) .

Немам жолто, нормални ми се. Да, umol/l е мерката. Ќе видиме, ќе ја пратам ситуацијата и ќе го правам тоа што го препорачавте.
 
Прашав во другата тема за предлози за доктори, но никој не ми одговори. Предлог за некој добар кожен доктор кој не работи приватно?:)
 
Има ли некој пукнато/скршено ребро, да ми каже шо болки имал.
Играв пред два дена кошарка, при дуел игра еден падна врз мене, со коленото на градиве, точно над срцето.Еве два дена не можам да се искашлам или кивнам ко човек, а почна и да ме боли при станување од лежечка/седечка позиција.Не е болка од највисок степен, како модрица да имам на тоа место, а нема никаков оток.
.
 
Имав настинка/вирус или што и да е и помина, но сега осеќам дека едното уво ми е затнато малце (не слушам убаво). Ќе помине само или да одам на лекар да ми препишат нешто ?
 
Знае некој што креми може да помогнат за ублажување на пецкањето после Френулупластика :)?
 
Ијам проблем што ми трае подолг период и мислев дека е нешто што им се дешава на сите ама наводно не е нормално баш.
Повремено ми се појавува остра болка која оди од стапалото до половината и малце ме укочува. Ако се размрдам и чекорам обично ми поминува, некогаш намерно газам повеќе на таа нога со цел да ми помине. Не ме боли ногата туку половината, како нешто да ме притиска силно.
Малце гуглав и ми вика дека може да е "Statica"
Малце ме фаќа паника пошто татко ми има дискус хернија и според ова што читам на нет можело да биде наследно, а не ми е весело ни тоа што имам плус сколиоза.

Прашањето ми е кој лекар да го посетам и што испитувања да направам?
 
Ијам проблем што ми трае подолг период и мислев дека е нешто што им се дешава на сите ама наводно не е нормално баш.
Повремено ми се појавува остра болка која оди од стапалото до половината и малце ме укочува. Ако се размрдам и чекорам обично ми поминува, некогаш намерно газам повеќе на таа нога со цел да ми помине. Не ме боли ногата туку половината, како нешто да ме притиска силно.
Малце гуглав и ми вика дека може да е "Statica"
Малце ме фаќа паника пошто татко ми има дискус хернија и според ова што читам на нет можело да биде наследно, а не ми е весело ни тоа што имам плус сколиоза.

Прашањето ми е кој лекар да го посетам и што испитувања да направам?
Може да е ишијас (sciatica), може да е некој проблем со колкот, во секој случај оди на ортопед па тој ќе те упати понатака.
Можеби ќе треба да направиш магнетна, ама секако мора прво да те прегледаат за да те упатат на било какво испитување.
 
Дечки кој се симптомите на кила ?
Од вчера вечерта чуствувам блага болка негде над десниот тестис ?
Го знаете македонскиот менталитет за одење на доктор, па некој од тука да каже некој си совет што да правам пред да отидам на доктор ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom