Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, ај хелп да откријам што ми е ова на устата.Значи се наоѓа на завршетокот на горната усна, сабајлево на херпес ми личеше зошто го имаше само на усната во вид на меур, а сега е малку проширено т.е. отидено и над усната, на кожата, и се повеќе мали меурчиња.
Се сомневам дека е херпес затоа што мене никогаш не ми се јавил во ваков облик ниту пак на тоа место.Така да ако ми помогнете да откријам бар што е и од што е можно да се појавило, би била ептен благодарна :)
 
Доколку мислиш на мали бели меурчиња кои се наоѓаат измеѓу завршетоците на горната и долната усна... не грижи се, тие се појавуваат во младите години 14-25 и не се страшни, одвреме навреме се појавуваат и се губат... немај гајле :)
 
Да да, баш такви се како што опиша :).После колку време отприлика се губат? Ја ги мачкав со чај од камилицa малку стивнаа, али има моменти кога толку ме чешаат што сакам да ја откорнам целата усна :)))).
 
Во суштина не чешаат, туку нервираат... јас имам такви од време на време... ништо не му правам се губат сами или во слулај да подпораснуваат ги пукам и се сушат самите.... не се секирај кожата во периодот од пубертетот па нагоре е најосетлива на лицето и грбот... ако си толку загрижена премачкај ги со чај од мајчина душица, тој го листи лицето :)
 
Вчера се опив толку многу што денес нели нормално ме тераше на повраќање, ама првиот пат исповраќав и нешто црно што појма немам што може да е, а вториот пат и нешто црвено (ваљда крв).

Што може да е? Може ли да е од многу пиење?
 
Мала помош/совет...
Пред два дена, премногу ги исфорсирав нозеве во трчање и еве веќе ова е трет ден каде што ме болат премногу, да ставам мраз кај мускулите или?
 
И мене ми се има случено, тоа настанува како резултат на тоа што долго време не си ги истегнал мускулите, а сега си му дал голем терет...... само одмарај се и масирај во пределот на болката :)
 
Мала помош/совет...
Пред два дена, премногу ги исфорсирав нозеве во трчање и еве веќе ова е трет ден каде што ме болат премногу, да ставам мраз кај мускулите или?

истегни ги , можеш масажа под ладен туш само нозете и ке помине
 
Вчера се опив толку многу што денес нели нормално ме тераше на повраќање, ама првиот пат исповраќав и нешто црно што појма немам што може да е, а вториот пат и нешто црвено (ваљда крв).

Што може да е? Може ли да е од многу пиење?

Нормално дека е од пиење, што сакаш да си го поебеш дробот(црн) и бубрезите посебно од жестоки пијалоци а.к.а брзосмртки.

Трк во аптека и земи витамини Б комплекс со продолжено ослободување и една ампула декстроза(пластична е и не е над 40 денари) која ќе си ја ставиш во млеко(без шеќер во млекото) и ќе бидеш како нов.

Другпат Ум во глава.

Јас кога ќе се опијам и сатана не ми е рамен тоа не сум јас, тоа е pure evil of a kind и затоа веќе години алкохол не пијам освен во посебни прилики и тоа не појќе од чашка.
 
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ !!! прееска ми се затна десното уво,и земав со црните шноли да го чистам.....зошто многу ме нервираше,и ме фати инат.......и добро го исчистив и ми се одзатна........арно ама многу ми стана осетливо и сега пред саат и пол легнав да спијам ама ме боли многу,цела десна страна и не можам да спијам.......што чаре да праам???

имам Neodaksacin(dextamethasone,neomicin) капки за очи,мислам дека и за уши беа дали да ставам од нив или нешто друго?
--- надополнето: 18 јуни 2013 во 02:51 ---
НЕКОЈ??
 
Џабе ќе биде, нема болката да ти помине можно е да имаш воспаление на увото и имаше едни Оптипакс(феназин со лидокаин овде лидокаинот е анестетик и помага за болки и 4-6 капкиби завршеле работа), мој совет е да не ги користиш тие капки бидејќи можеш да си наштетиш колку што знам неомицин е антибиотик и тоа аминогликозен но има и други а можеби треба друг, дексаметазон е кортикостероид и може да влоши затоа најдобро право на лекар ако болката е неподнослива или кафетин како така добра комбинација против болки, ако имаш налгесин или само аналгин земи од тие бидејќи кафетин има кофеин и нема да можеш да спиеш.

Но антибиотик никако можеш само да ги направиш бактериите поимуни.

И со шнола во уво другпат никако, има чепкалки а и да си немал пак има опција чкорче ќибрит и на него малку памук.

Пишувам бе цели пет минути ебаго не сум Phenom (AMD), туку ми текна ако во близина има ординација макар и забна таму по тоа становите побарај помош некоја капка лидокаин и завршува работа, еве јас имам лидокаин обавезно но тоа поради моја блиска особа која не се грижи за забите и што да правиш кука па досаѓа а живее на 30 метра од мене, а налгесин се 225 денари и не помагаат а ампула лидокаин/адреналин ти е 17-1-18 денари и само три капки се доста а остатокот го ставам во заболекс од 5мл и така кутрата е задоволна мисли магии правам а е жена на братучед ми.
 
сега зоврев вода со камилициа и седам над пареата......имам само аспирин дома,да се напијам тоа?
 
Да.

И сабајле под хитно брис од уво да ти земат, ништо чудно да добиеш и гентамицин некоја ампула и бут но првен на уво нос и грло.

Да да, баш такви се како што опиша :).После колку време отприлика се губат? Ја ги мачкав со чај од камилицa малку стивнаа, али има моменти кога толку ме чешаат што сакам да ја откорнам целата усна :)))).

И тоа е херпес само најверојатно другиот у7ствари и двата вируса те фанале и некоја габичка и ете.

Но немај мака ќе помине на следниов начин, батали камилица и земи лук потоа едно парче пресечи го на половина и од едната страна на херпесот држи бар минута а потоа другото половинче од лукот од другата страна, после 5-10 минути повтори го ова и потоа пак, значи 3 пати и ќе видишп резултати.
 
сега зоврев вода со камилициа и седам над пареата......имам само аспирин дома,да се напијам тоа?
напиј се аспирин и пробај да спиеш, а утре на болница.
може да ти е воспалено. ако продолжи да те боли вечерва 100% ти е воспалено. ќе ти дадат капки, капсули, глупости....
 
Џабе ќе биде, нема болката да ти помине можно е да имаш воспаление на увото и имаше едни Оптипакс(феназин со лидокаин овде лидокаинот е анестетик и помага за болки и 4-6 капкиби завршеле работа), мој совет е да не ги користиш тие капки бидејќи можеш да си наштетиш колку што знам неомицин е антибиотик и тоа аминогликозен но има и други а можеби треба друг, дексаметазон е кортикостероид и може да влоши затоа најдобро право на лекар ако болката е неподнослива или кафетин како така добра комбинација против болки, ако имаш налгесин или само аналгин земи од тие бидејќи кафетин има кофеин и нема да можеш да спиеш.

Но антибиотик никако можеш само да ги направиш бактериите поимуни.

И со шнола во уво другпат никако, има чепкалки а и да си немал пак има опција чкорче ќибрит и на него малку памук.

Пишувам бе цели пет минути ебаго не сум Phenom (AMD), туку ми текна ако во близина има ординација макар и забна таму по тоа становите побарај помош некоја капка лидокаин и завршува работа, еве јас имам лидокаин обавезно но тоа поради моја блиска особа која не се грижи за забите и што да правиш кука па досаѓа а живее на 30 метра од мене, а налгесин се 225 денари и не помагаат а ампула лидокаин/адреналин ти е 17-1-18 денари и само три капки се доста а остатокот го ставам во заболекс од 5мл и така кутрата е задоволна мисли магии правам а е жена на братучед ми.

Дексаметазон неомицинот е најчесто препорачуван за инфекции на уво, неомицинот е антибиотик кој делува на релативно широк спектар на бактерии, а дексазонот е кортикостероид кој смирува воспаление и намалува оток., а со тоа ќе ја смали и болката.
Дека C/S/F/L мора да отиде на доктор - мора, но дексаметазон неомицинот ќе му помогнеа во секој случај, многу веројатно со две-три капења да се намалел отокот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom