Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Јас стегав шумечи таблети мултивитамин,у комбинација со imuno shark,тие се ко топчиња полнети со рибино масло(демек црн дроб од ајкула).
Мене за 2 дена ме пушти,ама тие денови главата неможев да си ја држам.

Немој само да се труеш со глупости ко парацетамоли,цефалексини,ибупрофени и сл....само несто на витаминска база да те одржава и толку,организмот е доволно јак сам да си ја реши работата,само му треба време а не додатни хемии,па и со нив да се мачи после.

Да,да. Баш вчера мајка ми ми викаше парацетамол да сум пиел не сакав. Тоа ептен во најлошо и кога мора. Баш сега е периодов погоден за лечење, јадам многу вишни, салати глупости, еве баш само што пиев чај па јадев диња и некако малце ми е подобро. Не дека се излечив ама каков бев пред тоа не можев очиве да ги отворам.
 
Не зимај капки за нос....штетни се,а башка и нема да ти помогнат....земи си мало инхалаторче оние малите,ко лабело шо личат.
Голем број капки за нос може нема да помогнат, ама Оперилот сигурен сум дека ќе помогнат, ќе го одзатнат носот и ќе може слободно да дише, а со тоа се губи и главоболката :)
 
Не е убаво цело време да се клукаш со аспирини (стомак), ниту повеќе од 7 дена да ставаш Оперил (ќе го навикнеш носот), али помага и тоа и тоа, посебно ако немаш време за домашни фори.
Кивањето освен од алергија, може да ви е и од климата (после сонцето), башка имате и главоболка.
Не се плашете толку од хемија, уште не сте пензионери (хронично болни и со ослабена функција на органи).
 
за алергија (од храна) подобро е да се пие Оспен или Лоратадин?
 
за алергија (од храна) подобро е да се пие Оспен или Лоратадин?

Оспен е антибиотик не помага при алергија, пробај со лоратадинот он е хистамински блокатор, т.е. се користи за алергиски реакции би требало да помогне за алергиска реакција од храна. Прочитај прво упатство за несакани ефекти.
 
имав враснат нокт на ногата,напраив операција во вторникот бев во четвртокот на преврска и во петокот отидов на море и се избањав може да и штети на раната?а и си стаив нов завој а прво ја исчистив раната со хидроген и спреј бивацин
 
Имам некакви црвени точкички (мали брунчиња) на главата од пенисот (најдоле од неа). Ме интересира што е тоа? (имам 16 години и не сум имал сексуални односи)
 
Имам некакви црвени точкички (мали брунчиња) на главата од пенисот (најдоле од неа). Ме интересира што е тоа? (имам 16 години и не сум имал сексуални односи)
Право на уролог, попаметно нема :)
 
Имам некакви црвени точкички (мали брунчиња) на главата од пенисот (најдоле од неа). Ме интересира што е тоа? (имам 16 години и не сум имал сексуални односи)

Дави го у појак чај од камилица неколку пати дневно, ќе ти поминат додека да кажеш кекс, не го миј со јак сапун, најдобро бекутан купка (пенливо). Со јак сапун се уништуваат добрите бактерии и лесно можеш да закачиш некоја габична инфекција.
Некогаш може да се јават такви точкици од иритација, не значи одма дека треба да се летне на уролог, ако не ти помине за 3-4 дена, иди на лекар.
 
Имам некакви црвени точкички (мали брунчиња) на главата од пенисот (најдоле од неа). Ме интересира што е тоа? (имам 16 години и не сум имал сексуални односи)

Навероjатно се работи за габична инфекциjа, следи дали точките се зголемуваат на броj , дали има специфична миризба, сепак треба стручно лице да ги види точките, друга вариjанта е да се иритирала главата од детергентот за перење, убаво ти кажа грегор, доколку не поминат за неколку дена оди на лекар.
 
Го свиткав зглбот при скок на кошарка, играв со ниски патики. Откако станав и видов дека можам да одам знаев дека не ми е нешто скршено, а еве веќе 3 саати не ми е ни потечено ни малку. За болење - ме боли кога газам, ама се издржува, само страв ми е да не треба да се мести зглобот на ортопед. Мислите дека може да има потреба од таква работа или ништо страшно не е?
 
http://forum.kajgana.com/threads/Шинат-глужд.66308/
 
Имам едни како црвени точки на дланките.Не се како топчиња,него како флекички црвени на кожата и ме боцкаат кога ќе ги допрам.
јас се мислам дали е можно да се од:
-Алергија на латексни медицински ракавици
-Или стрес?
И одприлика дали е опасно?

Ако најдиш одговор за ова пиши ми оти и мене ме интересираше, и дечкоми ги има на рацете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom