Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Епа вака, по насловот многу нема да сфатите па да ви опишам подетално... Оваа недела брат ми има проблем после одење во голема нужда, односно од кога ќе се избрише со хартија има крв на хартијата... 2-3 пати во текот на оваа недела му се случува тоа, проблем што порано го немал никогаш... И би ве замолила без тролање, кој знае и ако знае од што може како и дали е страшно да пише, другите мислења што би ги пишале за зафрканција би биле вишок. Фала
Нека оди на лекар, може да се хемороиди како што кажаа, може да е и нешто друго, ќе му направат испитувања.
 
Хемороиди?

Немал до сега проблем никаков, не му ни течело нешто крв од некој друг дел... Само после одење по голема нужда му се случува тоа... Срам му беше да иде на лекар па сакав ве прашам прво овде дали е страшно и за совет, не сакаше ни да каже на мојте дома па само мене ми кажа, доколку е нешто пострашно да разговарам со него и да го убедам да каже дома и на лекар да иде...
 
Дали е активен физички или подолг период од денот седи (пред ПЦ, учење, работа/канцеларија)?
 
Тука никој не може да знае. Може само да претпоставуваме. Може баш во периодов му се случило да има премногу тврда столица неколку пати по ред, па затоа се појавува крв.
 
Дали е активен физички или подолг период од денот седи (пред ПЦ, учење, работа/канцеларија)?

Можеби е тоа... Почна на работа, и тоа му се случува само додека оди по нужда додека е на работа бидејќи целиот ден му е седење на работа... А работното време му е 12 саати па слабо е активен тие денови, а кога е дома е доста активен...
 
Лекар му е мајката, нема зашто да се срами да не оди, не би требало да е нешто сериозно ама подобро да се открие нешто додека ги дава првите симптоми :)
 
Немал до сега проблем никаков, не му ни течело нешто крв од некој друг дел... Само после одење по голема нужда му се случува тоа... Срам му беше да иде на лекар па сакав ве прашам прво овде дали е страшно и за совет, не сакаше ни да каже на мојте дома па само мене ми кажа, доколку е нешто пострашно да разговарам со него и да го убедам да каже дома и на лекар да иде...

Нема срам тука, нека иде на лекар. Можда да е некое катарално/хеморагично воспаление на мукозата на цревата или може да има некои тении шо му праат рани. Ама да не ве плашам, ова чисто онака го лупнав за да го убедиш да иде на лекар, најверојатно не е тоа. Битно е да ти каже дали крвта е на почеток на изметот или на крајот од голема нужда коа ќе напраи. Дали има примеси на крв во самиот измет? Каква боја е изметот и крвта? Дали има болку во стомак и при самото дефецирање? Апетит, намален - зголемен? Што јаде деновиве? Колку време трае ова?
 
Две опции ми текнуваат:

Раничка на крајот (надворешен) од дебелото црево. (чмарот) Хемороид или сл.
ќе помине тоа

А може да биде и посериозно нешто, а тоа ќе видиш според тоа дали појавава на крв е пропратена со течна столица и други тегоби при одење у гоема нужда. Има ли крв помешана во самиот измет, т.е. дали е тој крвав?

Според ова што го кажуваш (крв на хартијата) веројатно е првото.
 
Ако е како трагови крв тогаш е првото. Ако е крв - крв, онда второто да
 
Hemoroidi be Neka se dvizi poise da ne jade zacineta hrana dodeka da se povlecat i neka si staj pernice kaj sto sedi.
The End.....
Se ponataka preteruvanje so stvarite
 
Фала ви многу, иначе првиот пат тоа што го збунило е дека јадел патлиџан, па ај демек од тоа му било... После тоа ајвар јадел, и демек тоа црвено па од тоа нешто да не било... Ама од кога 3 пат тоа му се случило сфатил дека е крв, и како што ми кажа првиот пат немало крв со изметот, само на хартија, но последниов пат имало ама ептен малце се познавало во изметот. Апетитот не му е намален , си јаде исто дури и повеќе. Проблем исто така му е тоа што порано беше многу активен, цело време во движење, а сега смените му се по 12 саати и само седи додека е на работа. Болки нема никакви после измет или слично... Понекогаш има главоболки ама не често, и тоа најверојатно му се од не спиење многу, плус од кога почна да работи почна и кафе по 1 или 2 во тек на смена да пие, а порано многу ретко пиеше. Како и да е ќе го убедам да иде на лекар па најубаво да му кажат таму точно што како и да му извршат испитување. Ви благодарам на одговорите.
 
Нека внесува повеќе течна храна, супи, чорби .. незачинети или многу малку зачинети а ако е она првото што викаат ранички луто, одповеќе солено јок. По некој ден ќе заздрави работата и со ум после да не се повтори пошто местот е веќе ранливо... Ако е второто подобро лекар, тогаш веќе проблемот може да е од желудник па се до крај на дебело црево а тоа е веќе прекомлицирано и само исхрана и актинвосто не се доволни. Ќе треба нешто медикаменти да му дадат.
 
Фала ви многу, иначе првиот пат тоа што го збунило е дека јадел патлиџан, па ај демек од тоа му било... После тоа ајвар јадел, и демек тоа црвено па од тоа нешто да не било... Ама од кога 3 пат тоа му се случило сфатил дека е крв, и како што ми кажа првиот пат немало крв со изметот, само на хартија, но последниов пат имало ама ептен малце се познавало во изметот. Апетитот не му е намален , си јаде исто дури и повеќе. Проблем исто така му е тоа што порано беше многу активен, цело време во движење, а сега смените му се по 12 саати и само седи додека е на работа. Болки нема никакви после измет или слично... Понекогаш има главоболки ама не често, и тоа најверојатно му се од не спиење многу, плус од кога почна да работи почна и кафе по 1 или 2 во тек на смена да пие, а порано многу ретко пиеше. Како и да е ќе го убедам да иде на лекар па најубаво да му кажат таму точно што како и да му извршат испитување. Ви благодарам на одговорите.

Светла крв на тоалетна хартија = хемороиди. Голема болка, фисура.

Кај хемороидите крвтта не е е измешана со изметот...

Нека намали седење, редовна хигиена, кафе, какао, чоколадо, луто, никако.

Главоболката нема никаква врска со хемороидиве.

Се зависи колку години има брат ти, но секако паметно е ако продолжат проблемите со упат од матичен да се јави кај хирург.
 
И кафето може да му наштетило, бидејќи зачести со пиење кафе, ај ќе му кажам овие 2-3 дена без кафе, чоколада, зачини , со повеќе течна храна па таман до понеделник има време за на лекар да иде ако не е подобар...
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 12:32 ---
И да, светлосна му е крвта...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom