Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Полип на жолчка колку е опасно? -Барав по интернет, и на англиски и секако ништо детално не најдов.
 
Зарем Гентамицин не е подобар, всушност релативно е ако гледаме така Амоксиклав е кул антибиотика ама... е не е така.

Нека каже дечкото баш ме интересира што биднало.
 
Амоксиклавот ептен кога мора, клавулонската киселина ти заебува цел организам лесно се фаќа кандида од него...
 
Полип на жолчка колку е опасно? -Барав по интернет, и на англиски и секако ништо детално не најдов.
Тоа мислам дека не е баш за на форумов.. ОДМА оди на лекар!
Полипот може да е опасен, но може и да не е, затоа треба постојано да се прегледува и да се лекува со дадена терапија, во спротивно ќе треба хируршки да се отстрани.. не губи надеж се ќе биде во ред :)
 
Која е цената на б12 во аптеките во форма на апчиња? (во колку mcg доаѓаат)
 
Имам едни како црвени точки на дланките.Не се како топчиња,него како флекички црвени на кожата и ме боцкаат кога ќе ги допрам.
јас се мислам дали е можно да се од:
-Алергија на латексни медицински ракавици
-Или стрес?
И одприлика дали е опасно?
 
Знае некој колку чини операција за отстранување на гинекомастија ? :D
 
Пивски квасец во комбинација со алхохол т.е пиво или вино мојт? Во умерени количини алхохолот?
 
Често ми е запушено увото (само едното) после спиење. Отприлика после 1-2 саати ми се отпушува. До што може да е работава?
 
Има некој шо деновиве ги мачи кивавица,течење нос,тежина на очите...и у некој случај температура околу 37ц ?

Пошто мене тоа моментално ми се случува....па незнам дали владее некој вирус,или е некоја алергија.

Истово.
Дај кажете некои капки за нос..
 
Истово.
Дај кажете некои капки за нос..
Ако бараш капки за нос не се мисли, Оперил, јас ги користам од кога знам, ставаш една капка, за една минута ти одзатнува нос :)
 
Истово.
Дај кажете некои капки за нос..

Не зимај капки за нос....штетни се,а башка и нема да ти помогнат....земи си мало инхалаторче оние малите,ко лабело шо личат.
 
Има некој шо деновиве ги мачи кивавица,течење нос,тежина на очите...и у некој случај температура околу 37ц ?

Пошто мене тоа моментално ми се случува....па незнам дали владее некој вирус,или е некоја алергија.

Мене да ти кажам еве веќе втор ден ми е така... Дај кажи дали ти помина и дали дозна дали е вирус или обична настинка, да знам дали да идам на лекар или дома да си се лечам со чаеви, супи и т.н.
 
Мене да ти кажам еве веќе втор ден ми е така... Дај кажи дали ти помина и дали дозна дали е вирус или обична настинка, да знам дали да идам на лекар или дома да си се лечам со чаеви, супи и т.н.


Јас стегав шумечи таблети мултивитамин,у комбинација со imuno shark,тие се ко топчиња полнети со рибино масло(демек црн дроб од ајкула).
Мене за 2 дена ме пушти,ама тие денови главата неможев да си ја држам.


Немој само да се труеш со глупости ко парацетамоли,цефалексини,ибупрофени и сл....само несто на витаминска база да те одржава и толку,организмот е доволно јак сам да си ја реши работата,само му треба време а не додатни хемии,па и со нив да се мачи после.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom