Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Абе сношти од баскет ко си дојдов, ме искина полојната од болење. Вероватно почна да ме боли ради то шо чекав ред за да се истуширам, и се здрви потта на мене. Денес не мом да се испрам ко чоек, ко некој дедо се осеќам. Некое чаре да кажите ? Масажа нешто , вежби ... ?
мене ми помага:шише топла накај жешка вода на местото,ќе го држиш некое време,би требало да помгне.
а ако сакаш хемија,имаш Бенгај маст,исто помага.
 
Momce Toa e slezenkata se polni so krv gi pritiska dr organi i ide do mala bolka kako so noz secenje so tek na vreme i kondicija steknuvanje solidna nemas maka a toa vreme e odprilika 15tina dena
знам јас како боли слезината ние поуларно велиме не боли страната кога многу трчаме но кај мене слезината не беше проблемот :)
 
Абе сношти од баскет ко си дојдов, ме искина полојната од болење. Вероватно почна да ме боли ради то шо чекав ред за да се истуширам, и се здрви потта на мене. Денес не мом да се испрам ко чоек, ко некој дедо се осеќам. Некое чаре да кажите ? Масажа нешто , вежби ... ?
масажа брат некоја женска викни си ...
 
да прашам..вака значи и од двете страни на долниот дел од стомакот ми се познаваат вените и тоа многу дали е тоа вообичаено бидејќи сум слаб еве имам 65 кила или пак е нешто друго во прашање.. кила.. ?? значи од двете страни ми се познаваат вените чудно..кај препоните и над нив..
 
Ништо страшно не е,само одмарај повеќе :)
 
баш така и лагав инаку нека каже некој друг можеби има друго мислење ..али доста вежбам трчам и се останато..па до тоа да не е стварно не знам . :)
--- надополнето: Sep 10, 2011 9:44 PM ---
да напоменам дека тоа е така и над коленото и таму ми се познаваат вените не знам шо ке да е
--- надополнето: Sep 10, 2011 9:44 PM ---
и плус на рацете и тоа претерано многу
 
да прашам..вака значи и од двете страни на долниот дел од стомакот ми се познаваат вените и тоа многу дали е тоа вообичаено бидејќи сум слаб еве имам 65 кила или пак е нешто друго во прашање.. кила.. ?? значи од двете страни ми се познаваат вените чудно..кај препоните и над нив..
Вака?
nejmicm050651_f1.gif

http://en.wikipedia.org/wiki/Caput_medusae
 
ех сеа ити вака , па ова го имаат пијаничишта стари и некои со откажана црнодробна функција, деф лепард не ми се веруе да има вакви, веројатно не е ништо дека си слаб ти се познаваат, едноставно предиспониран си за тоа и тоа е тоа
 
да прашам..вака значи и од двете страни на долниот дел од стомакот ми се познаваат вените и тоа многу дали е тоа вообичаено бидејќи сум слаб еве имам 65 кила или пак е нешто друго во прашање.. кила.. ?? значи од двете страни ми се познаваат вените чудно..кај препоните и над нив..

Ако се работи за пределот близу папокот(dg.caput medusae), можно е да е нарушен порталниот крвоток т.е. тоа е место каде што анастомозираат притоките од горната шуплива вена (v.cava superior) и v.portae, не е на одмет да си направиш испитување, без разлика каде и да се и да се консултираш со лекар бидејќи ние вака можеме само да погодуваме треба да се види за да се оцени
 
неее не вакво нешто и ако се познаваат не до толку...ова е веќе многу..мене само малку ми се познаваат од колкот па надолу не ни личи на вакво нешто не... :)
--- надополнето: Sep 11, 2011 9:41 AM ---
ех сеа ити вака , па ова го имаат пијаничишта стари и некои со откажана црнодробна функција, деф лепард не ми се веруе да има вакви, веројатно не е ништо дека си слаб ти се познаваат, едноставно предиспониран си за тоа и тоа е тоа
и јас тоа го мислам бидејќи не само таму вените ми се видливи и на рацете и на нозете па можно е затоа што сум слаб да..65 кg
 
Значи вака.... на на 2 август ме болеше малку грлото и осетив дека ќе настинам.... утре дента ми течеше носот и грлото ме болеше уште повеќе.
За 1 недела ми помина.... бев скроз здрав 2 дена, пиев ладно и пак ме поврати од 10 до 15...
негде од 15 до 20 сум бил здрав, но пак осетив некако дека ќе се разболам.... и на 25 пак ми тече нос грло и ми помина за 1 ден...
Од тогаш носот не ми тече многу, само на сабајле, не ме боли грло, но кашлам многу длабоко не цел ден али навечер пред да си легнам и кога пијам нешто ладно...
Не сум бил на лекар, зошто во овој град, многу се безобразни докторите, првин гледаат која партија си, па после ќе те лечат...
Знам дека не е добро што не сум отишол, но верувајте таа што ми е матична ми ја мрази цела фамилија.
Поздрав.
 
Ако се работи за пределот близу папокот(dg.caput medusae), можно е да е нарушен порталниот крвоток т.е. тоа е место каде што анастомозираат притоките од горната шуплива вена (v.cava superior) и v.portae, не е на одмет да си направиш испитување, без разлика каде и да се и да се консултираш со лекар бидејќи ние вака можеме само да погодуваме треба да се види за да се оцени
нее блузи папокот нема ништо реков дека само малку од кај колковите па надолу...над и под папокот е чисто не како онаа сликата понагоре тоа нема врска... :)
 
Незнам дали некој претоа прашал, али еве јас пак. Секогаш после капење горниот дел од телото ме иритира и ме тера на чешање, едно 10-15 неподносливи минути, како некој со иглички да те боцка, и не можеш мирен да седиш мора стално да се чепкаш, дали некој знае од што е тоа мада ја се смоневам во 2 работи водата или сапунот, ама не верувам, и на различни места каде сум престојувал ( братучеди, одмори ) секогаш така ми прае, и дали има некој посебни сапуни, масла,млека и други работи .
 
Значи вака.... на на 2 август ме болеше малку грлото и осетив дека ќе настинам.... утре дента ми течеше носот и грлото ме болеше уште повеќе.
За 1 недела ми помина.... бев скроз здрав 2 дена, пиев ладно и пак ме поврати од 10 до 15...
негде од 15 до 20 сум бил здрав, но пак осетив некако дека ќе се разболам.... и на 25 пак ми тече нос грло и ми помина за 1 ден...
Од тогаш носот не ми тече многу, само на сабајле, не ме боли грло, но кашлам многу длабоко не цел ден али навечер пред да си легнам и кога пијам нешто ладно...
Не сум бил на лекар, зошто во овој град, многу се безобразни докторите, првин гледаат која партија си, па после ќе те лечат...
Знам дека не е добро што не сум отишол, но верувајте таа што ми е матична ми ја мрази цела фамилија.
Поздрав.
За кашлањето купи си Хербион сируп од аптека,или некој друг сируп за искашлување :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom