Depeche mode на балканот, на есен

  • Креатор на темата Креатор на темата Obi4am_Bulgaria
  • Време на започнување Време на започнување
Абе јасно ми е дека немат многу да се масира ама сепак... А многу Кичевчани ќе одат, дај бе да ја бидит матурата после 25 :)

Кичевчани фалбаџии преед настанот и никој на настанот, за сите дешафки се фалат а после ги нема од лично искуство знам а за на Depeche mode нема да има повеќе од 5 кои ќе заминат, а за матурата се знае стандард 20ти инаку Вуле бунт ќе кренит :)
 
Леле ама датумов кај им текнало во мај. Матура тогаш во фул ек ќе биде спремање. Ништо од идење. Ај ќе чекам повторна посета.
 
Тешко виза иначе одма би идел...цените се тие како што очекував.

Иначе би тркнал до Белград и така планирав на EXIT да идам....
 
znae li nekoj da mi kaze nasive po koja cena organiziraat i za Belgrad i za Sofija?
 
Кичевчани фалбаџии преед настанот и никој на настанот, за сите дешафки се фалат а после ги нема од лично искуство знам а за на Depeche mode нема да има повеќе од 5 кои ќе заминат, а за матурата се знае стандард 20ти инаку Вуле бунт ќе кренит :)

Кичевчани фалбаџии така е!
А вие од околните села?
 
Бев со сестра ми во Софија 2006та, се надевам дека и оваа година ќе имам шанса да одам. Треба само да ја убедам да одвои од нејзиното „драгоцено“ време за мене. И да се надеваме дека, ако одиме, ќе си поминеме дупло полудо од 2006.
 
Ке иде некој бе ? Ја планирам у Белград да идам :baeh:
 
Џабе ... сите концерти се одкажани :nesum:

Белград, Софија, Загреб и Букурешт се надокандуваат на откажаните датуми. Таман дојдоа на балканов наш и мораше нешо овакво да се деси. На официјалниот сајт пишува да чекаме за апдејт на можно преместување на сите концерти или тотално одкажување и враќање на парите ... стварно тапа
 
Џабе ... сите концерти се одкажани :nesum:

Белград, Софија, Загреб и Букурешт се надокандуваат на откажаните датуми. Таман дојдоа на балканов наш и мораше нешо овакво да се деси. На официјалниот сајт пишува да чекаме за апдејт на можно преместување на сите концерти или тотално одкажување и враќање на парите ... стварно тапа
:vozbud::vozbud::vozbud:
Леле само нека бидат презакажани за летово! Ќе одам обавезно!
 
:vozbud::vozbud::vozbud:
Леле само нека бидат презакажани за летово! Ќе одам обавезно!
И мене повеќе ми одговара да бидат презакажани :) Кажете им дека после 20ти јуни сум слободен, па за тогаш нека го презакажат :pos: :pos:
 
Не се радувајте. Ќе бидат презакажани за во Септември. Мислам дека така прочитав на МММ. Ако ја најдам статијата ќе ви ја постирам. :/

Едит: Најдов. Презакажан е само тој во Загреб. За другите не се знае.

Депеш мод на стенд бај

1CFDCDA0201C1E43A042A94B3C69DED2.jpg


Концертот на групата Депеш мод во Загреб, кој требаше да се одржи на 21. мај, е одложен за 16 септември годинава, пишува хрватскиот Јутарњи лист, повикувајќи се на извори од Арена во Загреб, каде што ќе се одржи концертот.

Што се однесува до настапот во Белград, се уште нема сигурни информации за новиот датум кога би гостувал славниот електро-поп бенд.

Организаторот веќе уплати 10.000 евра за изнајмување на Арена на еден ден, а концертот беше распродаден. Вкупно се продадени 18.231 влезници, па затоа наша цел е да се презакаже концертот - истакна извор од Арена во Загреб. Исто така, најавено е дека по објавувањето на новите датуми ќе бидат вратени парите за билетите на тие купувачи на кои не им одговара новиот термин.

Како потсетување, поради ненадејната болест на водачот на Депеш мод, Дејвид Гахан, беа одложени повеќе концерти низ Европа, кои се дел од турнејата на бендот насловена Звукот на универзумот.

Што ќе се случува со останатите концерти на Депеш мод во регионот, засега не е познато!

ИЗВОР!!!
 
Има (ли) уште надеж за Депеш мод!?

1865D06B9AF1BA4D90714751C7D1A1C2.jpg


И покрај откажувањето на концертот на Депеш мод во Белград, по се изгледа надеж за свирка се уште има. Преговорите на организаторите со менаџментот на групата се уште траат и за неколку дена, според пишувањата на српските медиуми, би требало да бидат познати новите датум за концертите откажани поради здравствени проблеми на Дејв Гахан.

Фановите кои купиле влезници за концертот што требаше на 22 мај да се одржи на Ушќе, можат да си ги повратат парите, а упатство за начинот на кој можат да го сторат тоа има на интернет-страниците www.exitfest.org и www.gigstix.com.

Но, од друга страна, доколку дојде до презакажување на концертот, тогаш ќе мораат повторно да застанат во ред за карта. Инаку, белградската свирка не беше единствената откажана, тоа им се случи на вкупно девет свирки од турнејата насловена Tour of the Universe, и се поради здравствените проблеми на пејачот.

ИЗВОР!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom