Не се радувајте. Ќе бидат презакажани за во Септември. Мислам дека така прочитав на МММ. Ако ја најдам статијата ќе ви ја постирам. :/
Едит: Најдов. Презакажан е само тој во Загреб. За другите не се знае.
Депеш мод на стенд бај
Концертот на групата Депеш мод во Загреб, кој требаше да се одржи на 21. мај, е одложен за 16 септември годинава, пишува хрватскиот Јутарњи лист, повикувајќи се на извори од Арена во Загреб, каде што ќе се одржи концертот.
Што се однесува до настапот во Белград, се уште нема сигурни информации за новиот датум кога би гостувал славниот електро-поп бенд.
Организаторот веќе уплати 10.000 евра за изнајмување на Арена на еден ден, а концертот беше распродаден. Вкупно се продадени 18.231 влезници, па затоа наша цел е да се презакаже концертот - истакна извор од Арена во Загреб. Исто така, најавено е дека по објавувањето на новите датуми ќе бидат вратени парите за билетите на тие купувачи на кои не им одговара новиот термин.
Како потсетување, поради ненадејната болест на водачот на Депеш мод, Дејвид Гахан, беа одложени повеќе концерти низ Европа, кои се дел од турнејата на бендот насловена Звукот на универзумот.
Што ќе се случува со останатите концерти на Депеш мод во регионот, засега не е познато!
ИЗВОР!!!