И јас сум се нашла во слична ситуација.
Бевме другарки речиси целиот живот : 11 години, се одеше супер. Дали 2-3 пати се имавме навистина скарано, но по некое време знаевме дека повторно ќе се смириме. Се сложувавме за се, излегувавме секаде, ги знаеше сите мои тајни и јас нејзините, кога имаше фрки заедно ги решававме. Ми беше буквално како сестра.
Лани летото, братучетка ми дојде на некое време кај мене, да спие, да се дружиме и излегувавме сите три заедно. Можеби стапувањето на нова личност во друштвото беше причината поради која веќе не ја видов.
Еден ден ми падна на ум да одиме на базен и додека шетавме сите три им предложив, а другарка ми нерасположено рече дека ќе размисли. Тогаш дадов друга опција : да одиме на кеј да роламе..и тоа изгледаше полу-прифатливо. Тогаш оставив да реши до утре. Утредента ја барав дома најпрвин, а потоа ја барав на домашниот телефон и ми рече дека била кај соседите, а знаев дека не е така бидејќи не беа во добри односи со нив. Ја занемарив лагата. Таа ме праша дали сме излегле со братучетка ми и јас и одговорив дека не, бидејќи навистина беше така, сакавме да излеземе сите три и затоа ја баравме.
И наредниот ден ја барав, мајка и ми одговори на повикот и рече дека е излезена, а таа никогаш не излегуваше сама. Други другарки искрено немаше. Се јавив и подоцна, одговорот беше дека не е достапна, дека спие итн.
Тогаш оставив таа да ме побара, бидејќи се почувствував како да пречам со моите јавувања. И мајка и беше чудна.
Оттогаш јас повеќе не ја видов, освен еднаш пред месец/два додека се возев во автобус ја здогледав бидејќи и таа чекаше на автобуската станица веднаш по мојата. Незнам дали ме забележа. Го променила имиџот и не личеше на себе.
Ден денес се чудам самата што и се случи.

Неможам да разберам што и пречеше..секогаш сме ги решавале работите со разговор. А не сме се озборувале една со друга, немавме расправии тоа време.. едноставно не ме побара никогаш повеќе. :icon_conf
И ми недостига, да, но што се може?

Очигледно не сакаше да контактираме повеќе и јас го испочитував тоа.
А за твојот случај мислам дека треба да го заборавиш `другарот` затоа што очигледно не бил вистински и сега како позната фаца ти не постоиш за него. Зошто тој да постои за тебе?