- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 19.118
- Поени од реакции
- 22.833
Најјак муабет е кога ќе ми речат абе едно братче или сестриче да не е само ко ќе порасни, а кај нас пола браќа и сестри за имот на суд дадени на нож дојденида ги гибниме малку митовите
И тако ми и мајка ми се од големи фамилии, по неколку браќа и сестри, имам повеќе од 20 први братучеди и братучетки, втори и не ги познавам сите.
Што е заедничко?
Кавги. Стално имаше и се уште има кавги - за ниви, за пари, нешто јатрвата рекла, нешто снаата рекла, децата неубаво се гледани, старите премногу бараат, интриги на сите страни.
Не е чудо што нема повеќе живот во големи заедници, премногу трауматично и неудобно искуство
Јас и сопругата ми моја сакана имаме две деца, наскоро стануваат тинејџери. Ги пораснавме и изгледавме без помош од баба и дедо. Не беше баш лесно, но кога ќе се вратам наназад не беше ни претерано тешко. Олеснително е што доста време работев од дома па можев да ги гледам децата, но отежнувачко беше што долго време живеевме под кирија, два пати моравме да менуваме стан, немаше секогаш доволен прилив на пари, итн.
не сме луѓе што сакаат кафеани, нога не ми крочила во кладилница, жена ми сама се шминка, нормално облечена, ништо претерано, одиме на летување кога можеме да одиме, кога немавме пари не одевме. И тука нема ништо срамотно.
Мене ми е најважно што децава имаа се што е потребно за едно здраво и весело детство, детството никогаш не се заборава.
Се надевам дека ќе успееме до крај.
Никогаш не делам рецепти и мои искуства на други, секој е различен и сам си ја кове среќата. Многу зависи и од окружувањето и карактерите, мора да се има и среќа.
А најважно е да не се слушаат други. Си го нашол својот животен партнер и со него ќе го делиш и доброто и лошото, колку и да звучи тоа како празна фраза.
Или да си играат да не расте само, ене ги дома очи уште шо не си имаат извадено



