Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Од поодамна ја барав статијава на Офф.нет бидејќи одлично ја опишува денешната реалност на човештвото и демографската катастрофа која ја живееме.

За тие кои се сомневаат во веродостојноста на истражувањата кои траеле од 1958 до 1972 година, нека се потсетат дека денес Африка е најмладиот континент на планетава токму поради недостатокот на вакви рајски услови.

https://off.net.mk/video/razno/gluvci-i-lugje

Глувци и луѓе

8 август 2026 - 18:08

Пишувавме за ова во „Kaко експерименти со глувчешки утопии довеле до мрачни предвидувања за иднината на човештвото“, овојпат подиректно за паралелите на експериментот со состојбата на модерното човештво денес. Ќе можете за момент да прекинете да скролате?


https://off.net.mk/bookbox/kako-eks...ovele-do-mrachni-predviduvanja-za-idninata-na

Kaко експерименти со глувчешки утопии довеле до мрачни предвидувања за иднината на човештвото

29 септември 2021 - 16:07

Да, добро прочитавте - глувчешки утопии. Експерименти во кои им било давано неограничено количество храна и вода, па дури и интимни „апартмани“. Сето ова за проучување на ефектите на густината на населението врз однесувањето.

332094-kako-eksperimenti-so-gluvcheshki-utopii-dovele-do-mrachni-predviduvanja-za-idninata-na.jpg


Од 1950-тите до 1970-тите Џон Калхун, американски етолог и проучувач на однесувањето, спровел интересен експеримент - создал „глувчешки универзум“ во кој на почетокот биле воведени само четири пара глувци. Живеалиштето се состоело од метален кафез со должина 2,7 метри и висина од 1,4м. На секоја страна имало по четири вертикални „тунели“, кои овозможувале пристап до „гнезда“, хранилки и садови за вода. Храна и вода имало во изобилие. Немало предатори. Единственото ограничување бил просторот.

На почетокот бројот на глувци рапидно растел, удвојувајќи се на секои 55 дена. На 315-тиот ден популацијата достигнала 620 единки, по што растот забележително опаднал. Последниот глушец се родил на денот број 600, што резултирало со популација од само 2200 глувци, иако на почетокот експериментот предвидувал бројка од речиси 4000 единки. Овој период помеѓу 315-тиот и 600-тиот ден како да се случило нешто, што според Калхун можело лесно да се преточи во заклучок за тоа како би се однесувало човештвото во слична ситуација.

Тоа нешто било страшно, дури и за глувци. Се состоело од целосен колапс на социјалната структура и нормалното однесување. Помеѓу отстапувањата биле забележани отфрлањето на малите пред тие целосно да зајакнат, зголемен степен хомосексуално однесување, невозможност доминантните мажјаци да ја одбранат својата територија, агресивно однесување помеѓу женките, пасивност на недоминантните мажјаци со зголемен број напади еден врз друг итн. Оние кои ги имале зафатено „убавите“ апартмани си поминувале подобро - во нив само јаделе и спиеле, но бидејќи не се дружеле, односно не влегувале во социјална интеракција, сосема го загубиле чувството за такво, социјално однесување, па иако биле поштедени од насилство и смрт, како да не биле „вистински“ глувци.

Ваквите необични однесувања Калхун ги нарекол „бихејвиорални тонења“. Тој ги опишал своите наоди во број на Сајентифик Американ од 1962, време кога почнала да се јавува јанѕа од урбаните гужви и пренаселеноста, кои биле поврзувани со ризик за морален распад.

Денес има и мислења дека експериментот на Калхун не се однесувал на популациски туку на проблем на дистрибуција (на ресурсите). Истовремено, се тврди дека моралниот распад помеѓу луѓето не би произлегол од густината на населеност сама по себе, туку од прекумерна социјална интеракција. А и бел глушец и човек се сепак две различни суштества. Така велат, иако Калхун и денес веројатно не би се согласил со ваквиот став.
 
Back
На врв Bottom