Демек земја на информатичари, а владини кампањи на интернет медиуми?

Член од
1 февруари 2007
Мислења
92
Поени од реакции
9
Баш ми текна, чудно. Владата која декларативно се залага за развивање на ИТ општеството во Македонија (изгледа само преку набавка на компјутери кои се уште не профункционираа вистински по училиштата), и владата која се продрсна од пласирање рекламни кампањи за се и сешто по телевизии, радио и печатени медиуми, тотално ги запоставува интернет медиумите, иако најпосететните македонски интернет медиуми имаат "тираж" поголем и од печатените.

А секунда на телевизија чини колку цела недела банер на интернет.

Интересно.
 
Да со една реклама можат да закупат месечен банер во било кој македонски веб портал
 
Ако секунда на телевизија е 100 до 200 евра во прајм тајм, едно прикажување на рекламен спот од 20 секунди е 2.000 до 4.000 евра.

Значи со едно пуштање на спотот можат да закупат банер на неколку портали цел месец.
 
Кој нормален портал би си дозволил политички да се обележи и на тој на начин да се инкриминира и да загуби популарност?
 
Кој нормален портал би си дозволил политички да се обележи и на тој на начин да се инкриминира и да загуби популарност?

Не е тоа никакво политичко обележување, се работи за најнормален закуп на огласен простор како во секој медиум. Политички би се обележил со уредувачката политика кога едните постојано се величат, а другите се ругаат. Имаме такви примери многу.

Колку што знам, владини кампањи одат и на телевизии кои важат и за провладини, и на телевиизи кои важат и за опозициски. Истото важи и за во весниците.
 
Интернет портали, барем повеќето се од забавен карактер, а не за рекламирање на политички гарнитури.
Не збориме за рекламирање политички гарнитури, туку проекти кои се рекламираат, рекламираат, рекламираат....

Да, на нивниот интернет сајт :)

Сепак, останува нејасно зошто отсуствуваат на интернет медиумите. А тоа не е ни 0,0000000001% од буџетот кој се троши за кампањи по другите медиуми.
 
А што е проблемот? Ти имаш сајт, па сакаш и ти парче од колачот..или?

Секое министерство има јавен интернет серис и медиум, и преку тој си ги презентира проектите...
 
Реклама или не, факт е дека отстапувањето маркетинг простор на политичка партија, посетителите на конкретниот портал веднаш ќе почнат да го асоцираат и толкуваат како наклоност кон одредена политичка опција.
И многу е очигледно зошто порталите се штитат од тоа.

Всушност, што е конкретно она што те мачи? Мислам, што проблематизираш со темава?
Затоа што информатичкото унапредување и политичкиот маркетинг, немаат баш нзс.
 
А што е проблемот? Ти имаш сајт, па сакаш и ти парче од колачот..или?
Не, ама да бидам искрен да имав сигурно ќе сакав. Според мене сигурно има друга позадина. Можеби затоа што е премногу ефтино на интернет е една од опциите, второ - затоа што ниту еден интернет медиум не се меша во политика и не третира политички вести, па немаат интерес да ги држат "послушни" со давање парче од колачот.
Секое министерство има јавен интернет серис и медиум, и преку тој си ги презентира проектите...
Има сајтови, да. Ако не им треба презентација на проектите, нека не трошат милиони за реклами по телевизии, весници и радиа.

Реклама или не, факт е дека отстапувањето маркетинг простор на политичка партија, посетителите на конкретниот портал веднаш ќе почнат да го асоцираат и толкуваат како наклоност кон одредена политичка опција.
И многу е очигледно зошто порталите се штитат од тоа.
Како да не. Има владини кампањи по куп медиуми, па пак сметате дека се наклонети кон опозицијата.
 
Повеќето земјоделци - поголемата народна маса не се занимава многу со интернет.Затоа најсигурно им е на телевизија да ги лажат.
 
Ај за ова барем еден пример ?

А1 ти е прва, а А1 нема репутација на провладина телевизија. Алсат, Алфа исто така. Ако за провладини се сметаат Канал 5, Сител, СкајНет и НашаТВ, останатите се сметаат за блиски до опозицијата. Од печатени - освен Вечер кој се смета за провладин дневен весник, сите други имаат репутација на опозициски. А да не немаат реклами за владини кампањи?

Повеќето земјоделци - поголемата народна маса не се занимава многу со интернет.Затоа најсигурно им е на телевизија да ги лажат.
Д азнаеш дека ти држи муабетот. Можеби се свесни дека интернетот е медиум за колку толку поотракани личности, а на телевизија многу полесно проаѓа ако е пуштена во разни шпански серии, или дудлачки ток шоуа со таргетирана публика.
 
Како да не. Има владини кампањи по куп медиуми, па пак сметате дека се наклонети кон опозицијата.
Е не е така.
И не можеш да ги изедначуваш тие два медиума.

Ај сеа кажи си што уствари сакаш?
Да отвориш сајт и кај тебе да се рекламираат, или?
Што ти е поентата на темава?
 
Е не е така.
И не можеш да ги изедначуваш тие два медиума.
Е како не е така, затоа што ти велиш "не е така"?

Ај сеа кажи си што уствари сакаш?
Да отвориш сајт и кај тебе да се рекламираат, или?
Што ти е поентата на темава?
Што ми е поентата на темава кажав. Чудно ми е. А што тие тебе поентата на голман - не знам : )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom