Уште неколку добри "трикови" кои само што ги изгледав од една шоу на Дејвид Коперфилд. Еве кои ми останаа како највпечатливи:
Телепортација.
На секое од овие шоуа кои се случуваат на неговите турнеи во поголемите градови, има посебна точка која дирекно зависи од луѓе кои се разделени со илјадници километри а се блиска рода - синови и татковци, браќа, сестри кои не се имаат видено со години. Дејвид добил писмо од татко кој живее во Хаваи а синот не го видел повеќе од 2 години. Синот беше поканет на шоуто. Дејвид вклучи негов пријател во живо на ТВ бим кој се наоѓа на плажа во Хаваи. За да докаже дека сликата оди во живо, Дејвид фрли неколку топки низ публика. Луѓето кои ги фатија, беа замолени да ги затворат очите и да ги фрлат повторно. Тие луѓе кои ги фатија, отидоа на бината и се сликаа со Дејвид, плус сите се потпишаа на сликата а еден од нив ги потпиша иницијалите на раката од Дејвид со маркер. За да докаже дека пријателот во Хаваи оди во живо, тој повторуваше и одговараше со соодветните имиња - кои сосем случајно беа избрани од публика. Дејвид и синот застанаа зад завеса на платформа која видеше на сантиметри од публиката, при тоа од горниот и задниот дел беа поставени конкавни огледала, секој можен начин за излез од таа завеса ќе беше забележан - 1 2 3 зад завесата нема никој. Секако, се појавија на плажата, ја покажаа сликата и потписот плус се брцнаа низ океанот за да се докаже дека не е никаква фејк позадина. Таткото и синот беа здружени, а Дејвид од нигде-никаде се појави на сред бина додека камерите снимаа. При тоа напомена дека доколку некој мисли дека ова е илузија или трик, треба да има на ум дека оваа точка во секој град е најразлична, со различни луѓе и различни дестинации. Некое објаснување?
Претходниот трик беше исто интересен. Фрли 13 огромни топки низ публика, и додека траеше музиката топките се префрлаа од еден кај друг, низ целата сала скокаа. Кога музиката престана 13 "среќници" се дотепаа за топките. Беа седнати на платформа која беше крената во воздух, под неа имаше луѓе а луѓето кои седеа внатре држеа светилки. Кога паднаа завесите луѓето ги немаше, за 2 секунди подоцна да се појават во еден од редовите меѓу останатите нормално со светилките.
Уште еден добар трик додека седеше во публика наеднаш се појави на сцена. Ова се случува со една камера која не се исклучува и цело време снима - не се менуваат камерите.
Друг трик за кој имам читано порано е следниот. Секој вторник во УСА има лото. Во понеделник Дејвид запишува 7 цифри и ги става во еден од најобезбедуваните сефови во Америка, притоа објавувајќи дека тој ја знае добитната комбинација која ќе излезе во вторник. Обично лотото изнесува 200 милиони УСД. Од понеделникот до средата од банката потврдија дека никој не смеел да го отвори сефот, а кога го отворија ден после лотото, можете да претпоставите кои бројки ги содржеше.
Што мислите за овие работи, чиста илузија на просечниот човечен мозок а се нашол некој доста попаметен па си игра или навистина има нешто во овој човек за работите кои ги прави со едно пукање на прстите?