Децата се испотепаа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Г

Господ

Гостин
Денес,во дневниот весник време осамна интересна статија која,како со временска машина да била донесена од средновековието.
Статијата со наслов "Скопје промовира виртуелен колеж" активно ги руга WCG квалификациите кои со години без проблем и инцидент се одржуваат во Македонија,самите игри кои наводно раѓале реално насилство и самиот град кој ги одобрува овие случувања.
Статијата е овде.
Дали ги одобрувате овие друштвени игри или пак напротив мислите дека навистина лошо влијаат на психата на младината.
Јас,гејмер од мали нозе сум далеку од насилен.
А знам уште безброј други кои ја ништат тезава.
Што мислите вие?
 
Што така ја смениле страната?
Зарем во редакција немаат некој што прегледува што влага а што не во утрешно издание?
 
Одговорот на it.com.mk
Патем не заборавајте дека Ентернет (еден од спонзорите 2007ма) е емисија која оди на А1 телевизија. Тогаш им одговараше да се пишува за WCSG а оваа година кога спонзор е Град Скопје, не им одговара да се пишува позитивно за овој настан.
 
Интересно е што авторот наместо WCG предлага спортски манифестации како по...ненасилна активност притоа изгледа заборавајки како балистите и тетовчаните се "дружеа" пред месец дена а и лани ова време комити и шверцери...врло мирно е на спортски активности.
Памтам кога марширавме имаше еден моќен транспарент

Мамо одам на натпревар,не знам дали ќе се вратам.

--- надополнето ---

Срамота е што и овие натпреварувања стануваат вмешани во игрите на политичариве...
 
Одговорот на it.com.mk
Патем не заборавајте дека Ентернет (еден од спонзорите 2007ма) е емисија која оди на А1 телевизија. Тогаш им одговараше да се пишува за WCSG а оваа година кога спонзор е Град Скопје, не им одговара да се пишува позитивно за овој настан.

Ентер е емисијата, сигурно мислиш на cyber клубот Enternet
 
Тоа де :)

Туку чекаме реакција на Новинарка, како едно од острите пера на газда велија. :нестрпливосмајли:
 
LOOOOOL :pos:
Ако не ме насмеат новинариве на време кој друг...Ради вакво новинарство не ми се читаат весници . А што не напишаа дека ке ја претстават Македонија (барем на некаков начин)а не ко нив само да јадат ...
 
Entity ли зедоа? Честитки и со среќ.. fuck this, gl&hf ^^

Не било многу одамна кога сум се откажал од играњево значи. А темава не ме интересира. Ионака не читам весници што перат мозоци само на стари баби, што впрочем само и за тоа се способни. Незнам што се возбудивте. :D
 
Се очекува сега возвратен удар од Коце и Владата за да се забрани Sim City. Само они знаат како се прави град.
 
Еееее значи поради ова денес мајка ми го отру брат ми:)
 
Глупост жива не памтам дека никогаш имало инцидент на WCG откако се одржува, баш можам да кажам дека е позитивно се дружат Албанци, Македонци и се остало има многу тимови што се направени од Албанци и што учествуваат па се дружат луѓето а не .. додека во светот прават пари на турнири професионални тимови, нашиве новинари кажуваат како играта била штетна божее ..

И како што кажа авторот исто и јас сум гејмер во cs барем едно добри 6 години не активно па може да се каже дека сум мнооогу далеку од насилен.
 
Кажи и на мајка ти да гугла малку, и чисто информативно, да види колкави се наградите што ќе се делат на светското првенство. Можеби нема да го малтретира брат ти повеќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom