Сериозен ли е весникот Време со агресивниот текст за qWCG?
Колење, брутално насилство, крв, терористи… болест? Ова се неколкуте објаснувања на весникот Време за тоа што се случуваше на плоштадот Македонија во Скопје изминатиов викенд. Ќе помислите дека се водеше војна, но всушност се одржаа националните квалификации за World Cyber Games, односно натпреварувања во Counter Strike.
„Светското искуство и многубројните истражувања покажаа дека видео игрите имаат штетно влијание врз децата, па во светот и здравствените власти прават кампањи за оттргнување на децата од нив…“ пишува Време текстот со неверојатниот наслов „Скопје промовира виртуелен колеж!“.
Очигледно дека Роза Петкова, новинарката на Време, не сфати дека натпреварувањата се шанса на учесниците да се вклучат во клиниката за откажување од игри позната како World Cyber Games, светски настан на кој се собираат гејмерите од целиот свет не за да СЕ КОЛАТ, туку за да се ДРУЖАТ!
Всушност таа и самата ни рече дека никогаш не играла игра, тогаш од каде таа да знае за вакви настани?
Г-ѓо. Петкова WCG настанoт не е единствен во светот. „Светското искуство“ не покажа дека има кампањи против гејмингот, туку дека се повеќе се гледа на гејмингот како на е-спорт и се повеќе се појавуваат гејминг турнири каде гејмерите се дружат, но и можат да заработат доста привлечни суми од наградите.
Што се однесува за вашите „светски“ истражувања доволно е да побарате на Google и веднаш ќе најдете тазе текст од CNN во кој се објаснува „зошто медиумите се негативни кон игрите?“. Во тој текст ќе најдете изјава од Џосеф Олин, претседател на американската Академијата за интерактивна уметност и наука кој се повикува на истражувања од Харвард медицинската школа за ментално здравје, кој вели:
„Нема апсолутно никаков научен доказ кој покажува позитивна корелација меѓу насилството кај индивидуалецот и играта која ја играат.“ вели г-дин. Олин. (еве ви го текстот преведен на македонски со Google Translate.)
Чудна е и изјавата на психијатарот Ставре Грамов кој вели „Личноста е соочена со машина, а комуникацијата треба да се одвива меѓу луѓе, со дружба, директни средби за да се развијат социјалните дразби“.
Но, текстот е негативен и неговата изјава е малку извадена од контекст, вели г-дин. Грамов. Имено г-дин. Грамов не е запознаен дека на WCG квалификациитe учествуваа околу 60 тимови со по 5 гејмери или 300 гејмери кои два дена се дружеа меѓу себе. btw иако г-дин. Грамов и самиот понекогаш игра шах преку интернет со пријателите и има млади гејмери како клиенти, сепак вели дека се потребни повеќе истражувања за да се дојде до одредена констатација во врска со позитивните и негативните ефекти од насилните видео игри.
Навраќајќи се на текстот на Време, интересно е што текстот започнува со „Светското искуство и многубројните истражувања дека видео игрите имаат штетно влијание…“ иако Филип Стојановски кој е повикан од новинарката да даде изјава бидејќи е експерт за ИТ културата има комплетно спротивно мислење од тоа што е претставено на почетокот на текстот.
„Во светот досега не се најдени докази дека видео игрите се виновни ако се случи нешто лошо некому или дека се насилни, а кај нас не е спроведено ниту едно истражување на оваа тема.“
Веднаш по неговата изјава „новинарката“ остро прашува „Со кое образложение локалната власт поддржува настани кои популаризираат видео игри?“ продолжувајќи ја својата тема без врска на искоментираното и посоченото.
Сериозно WTF г-ѓо. Петкова? Зарем сите гејмери кои 2 дена се дружеа на плоштадот утре ќе се претворат во Хитлеровата младина? Вашиот текст г-ѓо. Петкова не е новинарство, туку е продавање сензационализам и незнаење!
http://it.com.mk/seriozen-li-e-vesnikot-vreme-so-agresivniot-tekst-za-qwcg/