Daydreaming

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сите понекогаш сакаме да побегнеме од реалноста,,и си правиме филмови во глава како би изгледало сето тоа...Сите ние понекогаш будно сонуваме...Па,,какви се ваквите ваши соништа од овој тип? За што сонувате моментално?
И колку да не дојде до забуна,,овде не станува збор за животен сон или нешто слично туку за секојдневните соништа,,кога би можеле,,што би направиле токму во овој момент,,и воопшто што би сакале да ви се случи? Можеби е тоа на финансиско поле,,
некој успех на работа,,семејство,,здравје,,? За што сонувате додека сте будни?
Мене последен ваков сон ми се исполни кога ме примија на факс..Моментално посакувам да ме викнат на промоција:vozbud:,,понатаму ќе ви кажам пак за што ќе сонувам...:)
повелете вие:smir:
Самата си се негираш уште на почеток, нели не беше тоа поентата :) ај да не дробам..

Појавата е позната како daydreaming или едноставно фантазирање, што е мошне добра занимација ако немаш што друго да правиш, едноставно тое што ќе си го создадеш во главата е само твое... сам свој господ, потполно твој свет... фантазиите можат да бидат секакви зависно од имагинацијата и креативноста на "спијачот" би можел да кажам дека оваа појава не ми е непозната и имам доста разиграна фантазија која можам и да ја визуелизирам... знам дека можеби тоа звучи чудно но сепак сум горд на тоа бидеќи знам дека тоа е многу ретка способност, која може да најде примена во секојдневен живот при дизајнирање, пишување на книги и се што може да се посака.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Постојано сонувам јас.Се некогаш ќе ми се здосади и летам со мозокот:)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Оооо па ти си бил колега...:helou:

И ја имам бујна, да не речам претерано бујна фантазија... Ја ако во текот на денот не направам некој филм не сум жива и тоа баш некој Science fiction movies што знам дека нема да се остварат ама интересно ми е па...и баш ми е мило што ја поседувам оваа своја изразена способност за фантазирање... :))) а најмнгу ми е мило што можам да ги натерам сите да ми се приклучат во филмот, да ги занесам и да се уфилмаат :)
 
Мило ми е, погоре го прочитав Егзотик за "исклучувањето" или заспивањето кога ќе се подзанесам... море убаво да се подазнесам :) или да се сконцентрирам на една работа ако работам, на пример да решавам крстозбор или да се зачитам, наоколу се може да изгори нема да забележам, ама посебно интересно ми е кога читам а штом спомна и ти верувам дека и исто и кај тебе, да си ги претставиш карактерите и ситуациите потполно сликовито и да го доживееш моментот како да си таму :pipi:
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
За што сонувате додека сте будни?
Многу често ми се случува да тргнам низ потсвеста додека сум будна. Некогаш и неможам да се сетам на деталите, исто како кога сонувам спиејќи. Најчесто сонувам за она што ме мачи во моментот, за она што сакам да ми се случи. А и нели сите соништа се сведуваат кон тоа. Во последно време будна сонувам за љубов, копнеење и носталгија. После тоа можеби и неколку часа неможам да сфатам како сум можела свесно да мислам на некои работи. Последниве месец дена се почесто и се случува. Изгледа поради тоа што сум ослободена од секакви обврски и чекам нешто да ми се случи.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Мило ми е, погоре го прочитав Егзотик за "исклучувањето" или заспивањето кога ќе се подзанесам... море убаво да се подазнесам :) или да се сконцентрирам на една работа ако работам, на пример да решавам крстозбор или да се зачитам, наоколу се може да изгори нема да забележам, ама посебно интересно ми е кога читам а штом спомна и ти верувам дека и исто и кај тебе, да си ги претставиш карактерите и ситуациите потполно сликовито и да го доживееш моментот како да си таму :pipi:
Еееј баш така.Ни Спилберг не режира филмови какви што имам во мозоков:)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мило ми е, погоре го прочитав Егзотик за "исклучувањето" или заспивањето кога ќе се подзанесам... море убаво да се подазнесам :) или да се сконцентрирам на една работа ако работам, на пример да решавам крстозбор или да се зачитам, наоколу се може да изгори нема да забележам, ама посебно интересно ми е кога читам а штом спомна и ти верувам дека и исто и кај тебе, да си ги претставиш карактерите и ситуациите потполно сликовито и да го доживееш моментот како да си таму :pipi:
Кога читам неминовно е моето целосно внесување во книгата (нормално ако го задоволува мојот вкус). Ама не само тоа... ја можам да разговарам со некого и истовремено да фантазирам за нешто сосема десетто, е оваа особина малку ме нервира зашто несвесно сама ми се појавува и не можам целосно да го следам соговорникот ама тоа е... :)))
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
.. хаха да...кога ми е досадно..не можам да слушам она што го зборуваат..практикуам дејдриминг:pos2::pos2:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.332
Го имам ова да не речам во претерани количини.... Немам појма зошто. И често сањарам пред да легнам (било кој дел од денот). И во придружба на тивка музика...
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Го имам ова да не речам во претерани количини.... Немам појма зошто. И често сањарам пред да легнам (било кој дел од денот). И во придружба на тивка музика...
Сејм хир. Премногу се залетувам со дејдриминг, да имам две минути тишина доволни ми се да се исклучам и да почнам да си правам некои филмови, најчесто убави, нешто што посакувам да се случи па правам сцени и се тоа.. А навечер пред заспивање обавезно го практикувам ова и многу полесно и побрзо заспивам .. :)
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Коа ми е досадно и коа сум сама забегувам. Можам да си направам такви филмови што од коа ќе се вратам во реалноста се смеам на самата себе :) Ама ме опушта ова ептен...и најчесто вака добивам идеи за тоа што ќе правам во блиска иднина. А да, обожавам да фантазирам пред спиење....уставри се рачуна ова во DAYdreaming? :)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.552
Поени од реакции
1.812
ја користам оваа daydreaming техника за медитација

многу е добра

мозокот се опушта а вие летате:pos2:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Многу често си го пуштам мозокот на пасење. Обично навечер кога ќе легнам. А понекогаш ми се случува и кога излегувам некаде, по пат додека да стигнам се “филмам“ и по некое време кога ќе се свеснам се чудам како сум стигнала толку бргу :)
Исто така ми се случува додека се “филмам“ по пат да ми текне на некоја многу смешна случка и не можам да се смеам зошто сум сама, ќе речат оваа некоја ненормална :)
А пак кога се филмаме со другарките какви филмови излагаат... :)
 
By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
тоа е мнооооооооооооогу убава работа да се прави, дека тоа е нешто како медитација, а иначе и јас како girlll можам да се загледам у една точка и по пола саат да гледам у нејзе, а другите да не ги слушам што зборат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom