Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Многу си емотивен нешто и се служиш со навредливи изрази но во ред...абе види сеа. тоа со рептилите, па пеер како да не го запамтиш живти се ! мислам рептили...
За тоа негово тврдење - „проблем-реакција-решение“.. па не се слагам баш..
Види.. прво ми смета што токму тоа тврдење се провлекува баш во тоа негово „сомневање“ кај Елитите (Братството) дека се рептили.. Мислам дури и самата формулација на елити и братство ми е стварно смешна... (не велам дека не постојат интересни групи, но не е баш така како што тој тврди)..
второ.. тоа негово тврдење и не е нешто ново, поготово што во неколку наврати он истото тоа тврдење го нарекува и како „да се создаде ред од хаосот“. Во суштина тоа би значело дека „хаосот е ред“! И тоа не е некое негово тврдење?! Тоа го имаш и во античките грчки филозофии наназад, за постанокот на космосот, на државата, иопштеството и сл исл. На пример, во стара грција, како општествен проблем, најчесто се зборувало за тоа како да се направи совршена држава, но зошто? - затоа што стара грција била сочинета од градови државички - полиси, кои меѓу себе војувале (хаос), па оттука сакале да најдат „солуција“ - ред, во тој хаос. Чисто ти го разглабам како принцип на размислување, кој што несомнено дека и до ден денес, од филозофски аспект гледано, сеуште во одредена мера е акутелен.
Има една изрека на Мао Це Тунг - „There is great disorder under heaven - the situation is excellent!“
Е она што ми смета во ова што он суптилно го провлекува, е дека тоа е дел од заговорот - што е чиста глупост! Он вели дека , на пример, еве сакам тебе да те убедам или понудам нешто што ти ама ни во нос не го сакаш, па ти создавам проблем - нешто знам дека ќе го сакаш, но ќе ти го укакам за да те навлечам на она што јас сакам да го сакаш, а знам дека не го сакаш, и ќе почнам да серам, ти се курчиш - реакција, и прашуваш, чаре, шо праиме?, јас ти велам ова - решение, а фактички ти го пружам решението на проблемот што сум ти го создал, а во суштина тоа е она што ти не го сакаш, а јас го знам тоа. Е ама проблемот е што тука нема ништо задкулисно ниту као заговор. Не велам дека такви ствари немало во историјата, но ни под разно дека биле дел од некој си заговор, па поготово не на рептили ебаго! На пример, земи го нападот на Нацистичка Германија врз Полска, како почеток на WW2. Али па земи го на пример, како историски пример, распадот на СФРЈ или на СССР, ако погледнеш подлабоко, тука нема апсолутно никаква врска со тврдењето „проблем-реакција-решение“. Или еве, на пример земи го проблемот што го имаме со името - спорот меѓу нас и грците, апсолутно нема никаква врска.
Ако пак идеме сеа по таа аналогија, онда испаѓа дека, историски земено, дури и револуциите ширум нашава човечка историја, се дел од таква една „фарса“ (Октомвриска, Француска, Февруарска, Кубанска, Јужноамериканска, Кинеска, Американска и сл исл, да не набројувам). Поготово пак ако се земат в предвид сегашните бунтовнички турбуленции ширум светот. Онда испаѓа дека тие луѓе таму се мулиља невидени што протестираат, па така најдобро решение би им било да седат и да ќутат! Односно, како наравоучение, ако сакаш да ги победиш рептилиштана елитистички, ќути си и не подлегнувај на провокации! (а патем речено, ако одиме по истата логика, пак испаѓа дека тоа е она што тие го сакаат - мислам Уат Д Фак? ) Е јебо те перпетум мобиле!
трето и последно, токму од овие причини не ми се допаѓа Ајк, и го сметам за шарлатан, но не од оние помпезни шарлатани, кои што се нешто као трчи лажи, туку од оној тип на шарлатани - наивенковци - грубо речено недоинформирани глупаци. Тоа е од причина пак што токму тие негови тврдења се една илузија дека сето тоа во светот баш така се случува, бидејќи ако тие Елити-рептили, креираат некоја илузија околу нас, е тогаш токму тврдењата на Ајк не само што одат во прилог на таа илузија, туку и се илузија сами по себе. Да се биде буден е да се согледа илузијата, а не да се креира нова. Така да во суштина реалноста е многу поинаква, затоа што пред се токму тие „рептили“ се луѓе како сите нас, а и истовремено се дел од проблемот наречен како до промена.
Поради тоа ми е неуверлив и евтин. Рака на срце, даде добра порака на демонстрантиве од Occupy Wall St., но тоа е само толку од него. Така да, просто и едноставно, пак ќе кажам за Ајк, (според мене) он само ги толкува на свој начин нештата кои што се веќе општо познати. Што би рекле америне - if it seems plausible, looks plausible, than it must be true!
Вака сеа коа ќе размислам, баш сеа ми текна, испаѓа дека овие conspiracy theorists, ако некад би се одлучиле да играат фудбал и да постанат фудбалери, онда би биле запамтени како играчи со најмногу дадени автоголови.
Што има врска дали и колку е ново? Каква аргументација е воопшто тоа не сфаќам баш...
Како прво провери го лексичкото или правно значење на зборот “заговор“.
Второ...стварањето проблем, очекуваната реакција и понуденото решение се препознатливи насекаде.
Ако ти мислиш дека војните почнуваат спонтано...нема причина да продолжи дебатава.
Спомена Германија и Полска...официјалната причина за напад била наводниот полски напад на Радио Глајвиц и на неколку други места. И така Рајхот се нашол “загрозен“ од секојдневните провокации на завојувачките полски орди кои масакрирале невино ариевско население. Лажните напади биле организирани од Рајхнард Хајдрих и СС кои довеле извесен број логораши преоблечени во полски и германски униформи и ги ликвидирале за да сето тоа личи на ’борба“. И така за да се одбранат од претстојниот напад на полските “завојувачи“.... the rest is history...
http://en.wikipedia.org/wiki/Gleiwitz_incident
http://en.wikipedia.org/wiki/1939_Tarnow_rail_station_bomb_attack
Тоа ти е заговор по било која дефиниција. Тоа што голем број луѓе се кондиционирани по принципот на Павловиот пес да прескокнат било каква информација која ќе биде опишана како “теорија на заговор“ е нешто сосема друго...
Примерот со Грција и името...класичен пример.
Indeed...
--- надополнето: 14 декември 2011 во 18:00 ---
Друг класичен пример се наркотиците. Низ целата историја на цивилизацијата, некои 7000 години производството и употребата биле сосема легални. Се до пред 60-70 години кога ненадејно се појавил “проблем“...и резултатите се познати денес...
Но луѓето се уверени дека отсекогаш биле нелегални, да го тврдиш спротивното (кое е вистина) си луд,наркоман или фолијаш.
Денес сме во војна со Истазија, отсекогаш сме биле во војна со Истазија, како шо велеше еден чичко...