OSHO-Lover
Konecno Sloboden...
- Член од
- 2 декември 2011
- Мислења
- 2.213
- Поени од реакции
- 2.844
Незнам за рептилите и тие нешта али видеово има смисла
Не е тоа проблемот. Туку налепницата "рептили".се согласувам делумно со Ставрогин, ајк е жив само затоа што така им одговара на елитистите. ама не затоа што се навистина рептили, туку затоа што теоријата за рептилите е доволно луда за никој да не верува повеќе во заговори
Колку што јас сум го читал и слушал Ајк рептилите не се во оваа наша димензија туку во димензија блиска до нашата и поради тоа можат да влијаат на нас иако не се поеволуирани духовно во таа смисла без разлика дека се на друго ниво од реалноста, само што они можат да не гледаат, а ние нив не во овие услови во кои сме денес. Но тоа не значи дека јас верувам во таа теорија за рептилите уствари не ни треба да веруваш, ја прифаќам теоријата како хипотеза, тоа значи дека ако успеам да дознаам со свое искуство нешто такво тогаш ке знам дека е така или не. Така да многу е примитивно да се етикетира веднаш кој и да е и што и да кашува, дури и да е глупост зар нема право да си го каже своето човек без разлика што и да е.Не е тоа проблемот. Туку налепницата "рептили".
Поради таа проклета налепница, сите мислат (вклучително и ти предпоставувам) дека Ајк или е луд, или е наместен, или нешто погрешно перцепирал (веројатно за третово си).
Тоа што Ајк, и многу други го нарекуваат "рептили" се однесува всушност на некаква вонземска цивилизација, чиј начин на дејствување е совладување на домородниот систем на управување и раководење со сферите на општеството на домородната цивилизација.
За поефикасно раководење, доаѓа објаснението за хибридите, кое се дел од истиот заговор. Полесно се поминува како човек, и можеш колку толку да комуницираш на ист начин, а сепак да си нешто друго суштински.
За детали околу ова треба посебна тема, ама поентата ми е дека ако човекот не е луд или мрднат според тебе за доста работи за кои збори, тогаш не гледам зошто некој не би верувал во останатото, поточно за вонземјаните за кои зборува. Мислам дека на голем број луѓе, единствено налепницата им пречи, и се дистанцираат од тој дел од заговорите кои Ајк ги третира.
Види, не го гледав клипот, но од насловот - The coming World War.. некако се ми стана јасно..Незнам за рептилите и тие нешта али видеово има смисла
Види, не го гледав клипот, но од насловот - The coming World War.. некако се ми стана јасно..
Знаеш зошто има смисла? Не оти Ајк знае кога и дали ќе има светска војна, него тој изведува општ заклучок од случувањава во светов последните 50-60 години. Па следствено на тоа, забрзаниот технолошки развој, општествените тензии околу економскава криза и слично. Кога се случи 9/11 2001 година, со авионите во Њу Јорк и Пентагон, одма и тој, како и сите други слични на него, излегоа со став дека тоа е дело на задкулисната корумпирана влада во содејство со арапите - а заради нафта. Разликата е што Ајк на тоа придодаде и придодава, рептили вонземјани. Но не постои никој друг на светов што неговите тврдења може да ги потврди, освен тој самиот. Другите, тие што го слушаат и читаат, што би се рекло - they get on with the flow, звучи вистинито, па зошто и не би било?
Па така, проблемот со овој Ајк (а го имаше на едно 2-3 пати на ХРТ 1 - во емисијата Na rubu znanosti и сум го гледал) е што он појма нема што ќе се случи и како и во која насока ќе се движи човештвото (како и најглем дел од луѓето). Сите тие претпоставуваат и изнесуваат некои такви „морбидни“ сценарија, те вака ќе било, те онака ќе било, но во суштина никој не знае. Е сеа ќе се најде некој што ќе трефне нешто и одма, он кажал вистина, он предвидел! Никој ништо такво не предвидел, ниту може да предвиди, едноставно, колку и да глупо звучи, ама така е - СЕ ТРЕФНАЛО.
Така и со ова со светскава војна што ја збори. Никој не знае дали со сигурност ќе има (а ко што глеам ни он тоа не го збори, он збори дека само ќе има светска војна), никој не знае кога ќе има, зошто ќе има, само знаат дека ќе има (но и тоа е климаво), а сето тоа е извлечено како некој општ заклучок од тензичната денешница и турбулентото минато, па оттукаи заклучокот - ако имало до сега две светски војни, па кој вели дека утре нема да има уште една?! Но тоа во најмала рака не значи дека ќе се случи, односно дека нема да се случи. Немаме моќ да го предвидиме тоа, онака гатачки или предвидувачки. како сакате кажете го...
Е заради тоа, друже, не им верувам во мамбо-џамбо причите на Дејвид Ајк. За мене бил и ќе остане шарлатан, но не од оние наконтените, туку од оние кои не можат да ги согледаат сопствените стравови, па на некој креативен начин ги пренесуваат на и онака лабилното јавно мислење. И нормално, тоа се вика добар улов!
Види другар, да не настане забуна како со Бодич, еве да ти се „оправдам“ и тебе... Не сум го видел клипот, и немам намера да го гледам, но од насловот се ми е јасно, со оглед на тоа дека сум прочитал од него и за него, а и сум го гледал пред едно 2-3 години беше гостин via satelite на ХРТ1 на емисијата Na Rubu Znanosti и токму зборуваше за овие теми за кои овде на овој топик се расправа. Така да, од тие причини нема потреба зошто би го гледал тој клип дополнително. Но Бодич си е Бодич.. шо ќе прајш...Како можеш да кажуваш за нешто ако не си го видел или прочитал и слично.Немој да ме сватиш погрешно нит верувам нити не верувам во Ајк, туку неговите теории ги земам за хипотеза што не значи дека се точни, инаку он не ги збори рептилите со цел да ги затскријат заговорите на елитата против обичниот човек, баш напротив ги кажува со докази многу нешта што можат да се стават во границата на реалноста онаа прифатена од колективитетот, како пример хемтрејелс, злоупотребата на денешната медицина пример преку вакцините, разни лекови кои едно ке излечат 10 нешта ке разболат, отрови во храната, модифицирана животинска и растителна храна, електромагнетни зрачења од многуте мобилни предаватели кои се ставаат во близина на населено место, отрови во водата, значи може да се каже дека денес сме нападнати од сите страни воздух,вода,храна,зрачење... да не ги заборавиме разните т.е. многубројните психолошки напади кои се добро изманипулирани од самиот старт за производ на робови, т.е. луѓе кои се секогаш во согласност со статускво-то на општеството. Мојата поента е следнава, сите овие нешта и многу други во денешницава водат до заклучок дека животот на планетава се повеќе наликува на некој експеримент кој се спроведува глобално. Е сега дали сето ова се случува свесно или поради големата заспаност на луѓето или можеби некој од страна има убацено прсти не се знае со сигурност, али изгледа сите три нешта се вмешани, и свесно некој има корист од ова, и несвесно се случува бидејки луѓето се во длабок сон и некои туѓи прсти се имаат вмешано во овој голем хаос наречен човештвото во 21 век.
А која книга поточно си ја прочитал (ако воопшто) ?!Не сум го видел клипот, и немам намера да го гледам, но од насловот се ми е јасно, со оглед на тоа дека сум прочитал од него и за него, а и сум го гледал пред едно 2-3 години беше гостин via satelite на ХРТ1 на емисијата Na Rubu Znanosti и токму зборуваше за овие теми за кои овде на овој топик се расправа. Така да, од тие причини нема потреба зошто би го гледал тој клип дополнително. Но Бодич си е Бодич.. шо ќе прајш...
Највеча тајна - Дејвид АјкА која книга поточно си ја прочитал (ако воопшто) ?!
Ахам...Највеча тајна - Дејвид Ајк
Глобална завера - Дејвид Ајк
абе види сеа. тоа со рептилите, па пеер како да не го запамтиш живти се ! мислам рептили...Ахам...
И ги запамети само рептилите...
Еве нешто поконкретно, што мислиш за неговото тврдење кое го формулира како “проблем-реакција-решение„?
Го имаше во Највеча тајна btw...
Вака сеа коа ќе размислам, баш сеа ми текна, испаѓа дека овие conspiracy theorists, ако некад би се одлучиле да играат фудбал и да постанат фудбалери, онда би биле запамтени како играчи со најмногу дадени автоголови.