Дата центри

  • Креатор на темата Креатор на темата Lqwe
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
84
Data Centers (server farms) се локации каде е лоцираната целата серверска опрема заедно со пропратните компоненти, телекомуникации и системи за storage. За дизајнирањето и правењето на дата центрите се пратат одредени високи стандарди кои мора да бидат задоволени, како на пример редудантна опрема, backup power supply, контрола на климатизација, сигурност итн.

За дата центри постојат стандардите TIA-942 кој опфаќа четири видови на дата центри (Tier).

Tier 1 - 99.671% достапност
Tier 2 - 99.741% достапност
Tier 3 - 99.982% достапност
Tier 4 - 99.995% достапност

Повеќе за TIA-942 дата центар стандардите можете да прочитате во pdf документ.

http://www.adc.com/Library/Literature/102264AE.pdf


Клипови со презентација на дата центрите од некои поголеми компании.

Дата центар на Google со капацитет за 45000 сервери и максимална потрошувачка на струја од 10 мегавати.




Линк со корисни информации и дневни вести.

www.datacenterknowledge.com
 
Една од поголемите фирми кои нудат услуги за дата центри и колокација е i/o Data Centers.

www.iodatacenters.com

Најголем објект им е Phoenix One кој е и воедно најголем воопшто дата центар во еден единствен објект. Површината на „подигнат под“ (тип на изградба на локацијата за колокација) им изнесува 137000 квадратни метри. Објектот има максимален капацитет од 42 мегавати, 10 x 2 мегаватни UPS системи и 16 x 2.25 мегаватни генератори.

На нивната вебстраница можете да видите кои услуги конретно ги нудат.

Инаку и нашите поголеми интернет провајдери нудат услуги на колокација, како на пример Македонски телеком.

http://www.telekom.mk/business/?z=1122
http://www.telekom.mk/business/idhc/
 
Еве еден дата центар (Tier 3) во Хонг Конг на фирмата NTT Communications.


Изградба на нов дата центар на Intel во Израел.



Инаку постојат и container тип на дата центри, каде цела опрема е складирана во контејнери. Во првиот клип погоре Google Data Center е од таков тип на дата центри. Предноста кај овој тип е што лесно може да се надградува спрема потребите, само се додава нов контејнер и се приклучува кон системот за напојување и ладење.

Мала презентација на контејнер дата центрите од призводителите IBM, HP и SGI.

IBM's Portable Modular Data Center
HP POD
ICE Cube - SGI/Rackable


Инаку и Sun/Oracle го нуди овој тип на дата центри, Sun Modular Datacenter.

http://www.sun.com/service/sunmd/
 
Би сакал да работам во некое од овие :drk:
 
Интересна тема, браво. :smir: Пред неколку дена го анализирав дата центарот на ФЕИТ ако така може да се нарече :). Инаку си ја знаат работата луѓето, се функционира скоро совршено со оглед на застарената опрема која ја имаат.
BPS и UPS системите им се добро скроени, вреди да погледнете ако сте заинтересирани за оваа hardcore хардверска проблематика. :)
 

...ова набргу ќе биде многу актуелно при изградба во наше соседство, па најава има за изградба на ДАТА центри и кај нас, големи потрошувачи на два проблематични и многу значајни ресурси за секоја држава - електрична енергија и водата, но дали тоа Вештачка Интелигенција ни влегува дома за целосна контрола на човекот преку тие Дата центри?
 
тие лесно ќе изградат објекти и ќе донесат опрема но од каде ќе најдеме ние како држава струја?
во првиот пост вели 10MW денес претпоставувам е барем х5 а ние колку произведуваме? или можеби ќе увезуваме и ќе ги субвенционираме преку пониска цена на kwh?
и крајно за што, што ние како држава/општество ќе добиеме од таа инвестиција, а можеби тој би трошел сам >10% од целокупната расположлива енергија?
п.с не сум против но кои се придобивките ако воопшто ги има?
 
Струјата сами си ја увезуваат и плаќаат од слободен пазар, a водата се врти во круг како затворен систем (фонтана).
 
п.с не сум против но кои се придобивките ако воопшто ги има?
1000019502.jpg1000019503.jpg

... како прво, Дата центрите ќе ги натера конечно да се реализира проектот и изгради Чебрен и Галиште на Црна Река, да биде личен проект што државата добива сопствен ресурс на акумулирана вода и електрична енергија, а богами и околните земјоделци ќе имаат бенефит од таа вода во сушни периоди.

 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom