Дата центри

  • Креатор на темата Креатор на темата Lqwe
  • Време на започнување Време на започнување
А има нешто повеќе информации околу дата центарот што сакаат да го градат? Не пратам многу, па не сум налетал на детали (ако воопшто имаат споделено).

Ако се работи за традиционален дата центар - не гледам никаков проблем. Дали ни е потребен? Не знам, но може да биде од корист за cloud, storage, disaster recovery, банки, телекоми, приватни и државни системи, ... Потрошувачката на струја постои, како и потребата за ладење, но кај нив ладењето се решава со класични системи за ладење/HVAC, плус потрошувачката на струја е поумерена.

За AI дата центар - тука сум малце поскептичен. Супер ИТ инфраструктура ако го гледам само како такво, ама е многу сериозен товар за нас. Не правиме муабет за неколку сервери со GPU, туку за цели кластери што си бараат сериозна енергетска и мрежна инфраструктура. Тука веќе не станува збор само за „дата центар“, туку голем индустриски потрошувач. Еден AI дата центар може да троши струја колку цели градови кај нас. Со ограничен енергетски систем, зошто би си ставале дополнителен товар на потрошувачката, пред да обезбедиме доволно евтина и сигурна енергија за домаќинствата и индустријата што веќе ја имаме?

Исто така, тука е и ладењето. Не значи дека мора да троши огромни количини на вода, пошто има различни решенија и затворени системи за ладење, но ако се гради голем објект мора однапред да се знае колку вода ќе се користи, од каде ќе се обезбедува и слично...

На крај на денот сѐ се сведува на економските придобивки. Дали е планот државата да ги гради (чисто сумњам) или ќе му обезбеди инфраструктура и ресурси на некој странец? Колку работни места, даноци, знаење и реална додадена вредност би имале ние?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Да беше датацентарот од операторите немаше Мицко да трча и да го рекламира и оние на фејс да лаат дека народот е прост оти бил ПРОТИВ, си имаат операторите потпароли за јавност и слично.

Најверојатно станува збор за некоја странска нова фирма и најверојатно станува збор за голем дата центар.
нешто големо од овој калибар
Прегледај го приврзокот 485938
Значи од 2018 до сега Гугл и Фејсбук чекаат на ред за да изградат у Македонија дата центар. :)
 
Не е ова дата центар типичен него фабрика за АИ. Тоа што куцате на чат џипити што ви генерира.
 
Епа тоа, де. Баш тие дата центри се опасни по околина и природни ресурси и струја.
А башка што поради нив ги поскапеа РАМ мемориите глобално.

И ако е фабрика за АИ, тогаш не мора да значи дека некои од македонските компании ќе ги користи нивните услуги, они може комотно глобално да продаваат од тука remotely.

ЗНачи врти сучи, нема ќар за нашата држава и нашиот народ од овие АИ дата центри, има само за таму некој да си стаи у џеб.
 
Screenshot 2026-08-28 143618.png

Мене ме занима за кои од овие дата центри, онојпат воведоа дупла измислена ставка на сметката за струја под дифолт од 200 ден за пристап до електродистрибутивен систем, додека пак си има друга ставка за пренос на електрична енергија од електро системот, врти сучи, не по врат по шија.

Дали Владата навистина има странски инвеститор заинтересиран да гради приватно у нашата држава или пак станува збор за Националниот Дата Центар?

Имаше некој објавено на фејс за сите овие дата центри моментални дека спаѓаат во мали, нормални дата центри од коишто дел се во згради и се потребни на операторите како дел од инфраструктурата за испорачување на интернет и други услуги. И тоа се е океј. Не користат вода, имаат системи со вентилација/климатизација, генератори, UPS уреди за струја итн...

Еве конечно најдов: :)
Во Македонија во моментов постојат 7 (6 во Скопје и еден во Деве Баир) објавени комерцијални дата центри:
Interspace DC MK-SK-1 5 MW
со намена: Colocation, cloud, сервери, мрежна инфраструктура, критични деловни системи
neoDC – Neotel/Neocom - 2х112 KW напојување
со намена: Carrier-neutral colocation, сервери, cloud, hosting, телекомуникациска
Skopje Exchange Teleroom (SET)-необјавено MW
со намена: Colocation, PoP/vPoP, телекомуникациска опрема
DTS Datacenter - необјавено МW
со намена: Colocation, cloud/connectivity и деловни IT системи
Akton Skopje - необјавено MW
со намена: Телекомуникации, мрежни услуги и colocation
Net.Bit Datacenter - Необјавено МW
со намена: Hosting, сервери, colocation и интернет услуги
Interspace DC MK-DB-1 (Деве Баир)
необјавено MW
со намена: Business-critical systems, network/PoP, DR
Постојат и повеќе некомерцијални кои ги користат банките исклучиво за свои потреби,
Македонски Телеком — најмалку 3 физички DC локации, A1 Македонија — исто така има свои дата-центри, Царинска управа — DR DC Прилеп и Националниот државен дата-центар за кој, пред 1 месец министерот за дигитална трансформација изјави дека локацијата и финансискиот модел сè уште се обезбедуваат, а физичката изградба не треба да се смета како постоечки оперативен дата-центар.
Значи постојат...и треба да постојат
Никој не се побунил.
Зошто?
Затоа што никој од овие дата центри не побара нови 110 или 400 KV далеководи, трансформатори, не користи вода од река, најчесто се сместени во постојни градежни објекти, струја за функционирање си набавуваат на слободниот (либерализиран) пазар – за фирми и големи потрошувачи
...едноставно, се сочува природата.
Значи, никој не е против дата центрите!
Проблемот е уништувањето на природата.
Затоа!

Извор
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom