Данска - Македонија [ 12.01.2014 - 20:30 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата HristijanWR10
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А што, слаба е песната?


Не бе, топ си е. Муабетот ми е што ваква атмосфера во Скандинавија се компарира со „пеколна“. А фразата „пеколна атмосфера“ кај нас, во Јужна Европа има многу подруга слика. :D
 
Само која иронија жити се ... Имаме два клуба постојано во Европа,една од најаките лиги во светот во ракомет,квалитенти играчи и млади таленти ... не можеме ни медал ... Србија значи може од нас подобро,а катастрофа им е домашната лига .... :(
 
добро, сите знаевме дека ќе изгубиме ама освен глупостите како престап кои срамота е константно да ги правиме и некои други работи, океј изигравме со оглед на тоа дека сме десеткувани. МОРА КОНЦЕНТРАЦИЈА ДА СЕ ИМА! Австрија ја скичми Чешка, мора да се добијат и двете репрезентации.
 
Дај бе упорно му шутираат долу на голманов на Данска а ги искина се шо им фати беше долу од шут се гледат дека е слаб а со тоа и доста еластичен па пробајте горе шут упм веке


Жив и здрав да си, само јас и ти приметивме? Таму има ли у репрезентација тие со седат на клупа, помошници, да гледаат... Или се за крпи и вода давање на тајм аут?:)
 
Прочитав еден ми се чини, а и по фејзбуци се шират такви коментари...

А бе на Фејсбук и Кире не требал да игра, срамота било да се изгуби од Данска, ова било историска срамота за Македонија (очигледно не гледале натпревар на македонска фудбалска репрезентација)... Чисто да добијат лајк4е за нивното мудрување дека гледаат натпревари.
 
Кратки коментари:

1. Играта во напад очекувана. Толку се можностите со овие играчи т.е. само еден квалитетен офанзивен играч

2. Одбраната, прво полувреме генерално добра, второ катастрофа особено во транзиција. Дел од тоа е оти немаме играч кој е добар и во одбрана и во напад и како да правиш непто губиш...

3. Борко беше ок, одличен на пенали ама се на се и не фати којзнае колку. Кажуваат 15 одбрани, ама само 34% од ударите фати. Тоа е класичен просек. Ландин имаше фантастичен ефект (макар што пред се заради нашите шутеви) со 47% (17 одбрани).

4. Крилата (освен Ојлески) катастрофа. Се знаеше дека треба една година да се врати играч во форма после скинати предни вкрстени лигаменти, ама психички е комплетно изгубен. Псоледно што ни треба е нов Филип Лазаров.

5. За Обрван имаше и грешки имаше и добри потези. Неутрално мислење засега. Барем видовме пристојна ротација, сите играа.

6. Можеби сум меѓу ретките но јас не го обвинувам Лазаров во избрзаните шутеви од полупозиција кога се има играч повеќе. Треба да се искористи таа предност за да се остварат што е можно повеќе напади во тој период со оглед на тоа колку се мачат во напад 6 на 6. Кире пред се толку промашува бидејќи ѓутира од тешки позиции, а мора да шутира бидејќи е единствена опција во 80% од нападите. Се друго е катастрофа.

7. Судиите одлични. Гарант ќе судат и полуфинале/финале.
 
Жив и здрав да си, само јас и ти приметивме? Таму има ли у репрезентација тие со седат на клупа, помошници, да гледаат... Или се за крпи и вода давање на тајм аут?:)

Па ја незнам шо прават тие помошници пишав и во темата за групата Б значи голамн има поке шанси да одбранит долу отколку горе зато шо долу ваквите слаби голмани потешко се совладуваат се доста еластични па и како не го приметија незнам сам пагаше долу овие како да го гаѓаа
 
А бе на Фејсбук и Кире не требал да игра, срамота било да се изгуби од Данска, ова било историска срамота за Македонија (очигледно не гледале натпревар на македонска фудбалска репрезентација)... Чисто да добијат лајк4е за нивното мудрување дека гледаат натпревари.
Крејзи, тоа е резултат од глупостиве наречени најави на Сител што се фураат, убаво пишав ќе се запали народов и сега пцуеле, па ќе пцујат. Не сме спортски образована нација генерално гледано па да знаеме кај ни е чергата. Да се логираш на фб додека има Олимпијада поготово е смејурии, сите свои правила си имаат.
 
Како дадовме 21 гол за тоа би ги замолил физичарите по некоја формула да пресметаат.:eek:
Манасков не се научи и не да не му скока на голман во тело па да ја фрли топката. :tapp:
Борко ме изненади вечерва со некои одбрано, ама на моменти пак покажа дека се плаши од топка и се трга со цело тело. Да стои на средина на гол и да не мрда сигурно ќе направи 3-4 одбрани + од тоа што го има.
Лазаров колку и да се труди е затворен од сите страни, нема никаква помош од пикер да му отвори некаков пат до гол.
 
Значи сума сумарум не ја натрупувајте темава со непотребни коментари. Очекуван пораз, можеби според играта и незаслужен со 8 разлика али тоа е попушти и одбраната на крај. Одбраната беше цело време на висина на задачата освен на неколку моменти кога исплива Митков, воедно и најслаба карика во неа. Мислам дека таа и одличниот Борко, во фанстастична форма и во Бундес лигата би требало да се наши најголеми адути.

Е сеа, во напад десеткувани до немај каде сме. Стојчевски и Пецаковски толку колку што можат, толку, немаат натпревари неможе ни да се криват, кога би имале избор тие би играле по макс. 10 мин и солидно би ги искористиле. Покрај ваков напад имавме неколку шанси да се вратиме во игра од -3 на -2 но почетнички грешки, де престап на Манасков(детето дефинитивно ќе си остане просечно крило) де у нога на Велко контрата и толку е. Миркулоски не е навикнат цел меч да го игра и да го држи целиот товар на грб, затоа и се изгуби во силната и моќна Данска обрана, али во наредниве меча мора да блесне со неговите пробиви, без него неможеме.

Тоа е се што треба да се каже, идеме јако во наредниве два меча, мора и тоа сигурно да се добијат, зашто и вакви какви што сме, посилни сме од Чешка и Австрија.
 
Па ја незнам шо прават тие помошници пишав и во темата за групата Б значи голамн има поке шанси да одбранит долу отколку горе зато шо долу ваквите слаби голмани потешко се совладуваат се доста еластични па и како не го приметија незнам сам пагаше долу овие како да го гаѓаа

Миркуловски сакаше да го отепа очигледно :) Едно трипати го погоди долу клекнат и еднаш у фаца. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom