Значи сума сумарум не ја натрупувајте темава со непотребни коментари. Очекуван пораз, можеби според играта и незаслужен со 8 разлика али тоа е попушти и одбраната на крај. Одбраната беше цело време на висина на задачата освен на неколку моменти кога исплива Митков, воедно и најслаба карика во неа. Мислам дека таа и одличниот Борко, во фанстастична форма и во Бундес лигата би требало да се наши најголеми адути.
Е сеа, во напад десеткувани до немај каде сме. Стојчевски и Пецаковски толку колку што можат, толку, немаат натпревари неможе ни да се криват, кога би имале избор тие би играле по макс. 10 мин и солидно би ги искористиле. Покрај ваков напад имавме неколку шанси да се вратиме во игра од -3 на -2 но почетнички грешки, де престап на Манасков(детето дефинитивно ќе си остане просечно крило) де у нога на Велко контрата и толку е. Миркулоски не е навикнат цел меч да го игра и да го држи целиот товар на грб, затоа и се изгуби во силната и моќна Данска обрана, али во наредниве меча мора да блесне со неговите пробиви, без него неможеме.
Тоа е се што треба да се каже, идеме јако во наредниве два меча, мора и тоа сигурно да се добијат, зашто и вакви какви што сме, посилни сме од Чешка и Австрија.