Кире толку можеше да изигра...
Во поголем дел од мечот му играа фластер. Кире не е таков играч што знае да се пробие и да даде гол, туку е бек шутер и за таа работа е еден од најдобрите во светот.
Ние сме тенки на бековска линија, и нормално дека противниците знаат на кого требаат да играат фластер. За да прекинат со фластерот треба некој од другите бекови да изигра на ниво и да сфатат дека така ништо нема да добијат. Миркуловски брзо го исфрустрираа по неколкуте добри одбрани на Ландин и тоа им дојде како кец на десетка. Ги сопреа пробивите по средината, лев бек во прво полувреме немавме, а Кире го затворија со фластер.
Па уште и не можевме точен пас да погодиме, пола пасови одеа или под рака, или накај аут...
Не знам што очекувавте да направи Кире, да му ја дадат изваден на 10 метра и од таму да даде гол при фластер игра?

Не е таков тип на играч он...
Пример Хансен има и добар шут, и знае да се пробие, а тоа го покажа на неколку пати кога со лажњаци ги прати по цигари нашите ракометари.
Кире па добар е во тоа што кога се крева на шут, знае и одлично да додаде кога противникот не го очекува тоа.
Столе почна многу слабо, и на подготовките беше очај, ама од 20-та минута до крај мене ми се допадна како играше во нападот. Лавовски се бореше, со неколку играчи на грб изнуди две исклучувања, по некој пенал, и два пати мислам дека погоди. Го осудија за утката, ама тогаш имаше фаул од Хансен, кој го измрда при шутот, плус за да се избори за ситуацијата се ослободи од двајца играчи, па немаше бап време да бира кај да шутира...
Борко одличен

Добро е ако ја задржи формата, неговите одбрани одлично ќе ни дојдат.
На лев бек ги видовме сите опции. Едно е јасно, Јоноски во напад НИКОГАШ повеќе Добар си е за во одбрана со Веле, нека си играат само на таа позиција.
Дали Стојчеси, дали Ангеловски, дали Пецаковски е прашањето?
Веројатно Стојчевски би го одбрале повеќето, но мене не ми се допаѓа како игра, а тоа се виде во првиот дел, па даде после некој гол кога се опуштија гостите. Он само за такви моменти е, кога мечот е веќе решен

Имаше муда да тргне сам неколку пати, но пак ќе кажам, слаб е со финти, лесен е за читање и го фаќаат на пробивања... Пецаковски имаше добар меч. Талент е детето, само пак ќе кажам не очекувам ниту од него да покаже којзнае што... Вечно повреден, плус годинава многу малку игра. Да го земеа лани кога растураше за Зомимак ќе сфатев, вака не знам баш каква му е формата. Бранче треба да внесе искуство и мора да добива некои минути, ама сепак многу е спор и тоа е неговиот проблем во моментов.
Крилата освен Ојлески, беа слаби. Манасков три првенства не научи дека при контра не треба да се фрла до голманот... Ландин го изеде жив денес, единствена светла точка му беше атрактивниот гол на почетокот. И баш кога е во ваква форма се вртат муабети дека во Вардар ќе одел, ќерата... Многу е слаб во позициона игра, а по повредата некако ја нема ни неговата експлозивност за контри...
Ојлески добар, заслужува да е стартер, во позициона игра е подобар од Манасков, а и во одбрана е каде-каде подобар.
Десна крила немамвме денес, Гоце отпишан, извади некој пенал со влегување на пикерска позиција, а за Злате залудно е да се трошат зборови.
Не знам што виделе позитивно од денешната игра неколку лица од форумов, кога не одигравме ништо. Едноставно бевме мртов противник, а единствено позитивно е што не изгубивме многу...

Контра не знаевме да направиме. топката сто пати од раце ни падна. Ние сме ти баце за мртва игра, позициони долги напади. Тупење без брз центар, менување на постави при секој напад... И тоа го правиме преспоро па побрзите екипи многу често не ни ни "дозволуваат" да замениме.
Али сепак игравме против силна екипа како Данска, екипи на кои едноставно не може да им парираме (Хрватска, Данска, Франција, Шпанија, Исланд, па можеби и Србија, Унгарија, Шведска итн...). Со другиве можеме да се надигруваме.
Чешка ни лежи како екипа, а Австрија искрено ме плаши...
Со Чесите ќе биде тврд и неизвесен меч. Доброто од тој меч е што победа сме во втората фаза и целта е исполнета. А со пораз одново имаме шанса да идеме понатаму, па дури и да испаднеме пред тој што ќе иде со нас понатаму (да изгубиме од Чешка со помалку од 5, а Австрија да ја тепаме макар минимално)...