Резиме од прво полувреме.
Како што кажав и претходно од мечов немав никакви очекувања (и сеуште немам), и реков дека или многу ќе изгубиме, или ако уште од почеток ни направат голема разлика, ќе се опуштат и ќе дојдеме до пристоен пораз.
Имаа страшен почеток. Во голема вина на Обрван.
Колку пријателски требаше да изиграме за да сфати дека Јоноски е нефункционален во напад, плус дека со играње во напад, губи концентрација кога ќе треба да игра она каде што е најдобар, во одбраната.
Практично не изигравме ништо, чиста среќа што е ваков резултатот, а тоа е по вина на Борко Ристовски кој фати два пенали и по некој зицер, па по контра дадовме некој гол.
Сум кажал и порано, кога голманот има добар ден, можеш да имаш некаков резултатски приклучок па дури и да победиш.
Во нападот Кире имаше два пребрзи шута во моменти кога противникот има еден ракометар помалку на паркетот, нешто за кое веќе неколку првенства по ред го критикуваме.
Стојчевски сака да се покаже, ама го читаат како мало дете, секој влез му е на раб на пробивање. Ниту шутот не му е којзнае каков, тотален промашај. Само се покажува дека немаме леви бекови, и горе-доле се потврдува она што го зборам подолго време дека Фичо иако е труп, пак нема некој друг што може да игра место него. Ако ништо друго Фичо барем асистира до Столе.
Крилата во граници на можности. Манасков даде еден убав гол, два пати изнудија пенал ми се чини, но од позициона игра Ландин ги добива како сака. Десно крило топка не пипнавме...
Столе почна очајно, малце се подобри во остатокот од полувремето. Даде гол, изнуди пенал и две минути. Многу агресивно играат врз него, го вадат неколку метри понапред од неговата позиција. Од тука и бековите се нефункционални, бидејќи нема простор за шут. А самите бекови не го практикуваат она од минатото кога додаваа до Столе, па овој да се бори со противниците и да изнудува пенали (видовме како го стори тоа преку Нодесбо).
Миркуловски почна дрско, ама Ландин го отпишува... И он имаше некој избрзан шут. Сепак се гледа дека он и Лазаров се каде-каде над нашите други бекови...
Паметно што почнавме да играме бавно, а со тоа ќе има помалку голови и нема многу да загубиме. Ако не натераат на брза игра, ќе влеземе во Данската машина и којзнае колку ќе загубиме.
Не можам да не го споменам бавното менување. И глупоста што ја направи Димовски. Сред акција на Данска, му текна да менува, тргна па застана, па пак исто, и со играч помалку во поле лесно ни дадоа гол...
Пак ќе кажам, нема потреба од плукање, само се освен пораз денеска е изненадување, па можам да кажам и сензација.
Одлично за нас е што другите два противника меѓу себе изиграа меч кој заврши со огромна разлика.
Па така ние и со пораз од Чешка до 5 разлика и макар минимална победа над Австрија ќе одиме понатаму и тоа како втори
