Данска - Македонија [ 12.01.2014 - 20:30 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата HristijanWR10
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
прашање е дали Пецаковски може да влезе во игра или уште не е подготвен..
 
Штета некако лесно прокоцкавме напади со играч повеќе , но тоа не е ништо ново и не е од денес. Се гледа дека Наумче Мојсовски недостасува на средината ни фали уште еден шутер. Како и да е оваа утакмица и онака не ни е во пресметките, така да може опуштено без нервози да ја изгледаме, а ако се случи во 55 минута Данците да имат „само„ 2 гола предност, мислам дека имаме шанса за изненадување.
Интересна работа кажа Кречмар (стручен коментатор на Спорт 1 Германија) во тек на утакмицата во врска со мотивираноста на играчите од Балканот за кој вели дека кога играт за репрезентацијата се екстра мотивирани, како пример го зеде Бојко Ристовски. Исто така спомна дека се сомнева дека играта на Македонија од првенството во Србија ќе се повтори некогаш , затоа што тогаш бевме носени од публиката.
 
Лазаров продолжува по свое... Напад 6 на 4 тој шутира... И место 2 одма 4 разлика... Борко не држи засега во игра... То је без лев бек добро е и толку... Со смирена игра во второ и смирен Кире може и да изненадиме
 
Изгледа јас имам повиски стандарди...па не сум баш задоволна.

Добро, ај уште еднаш да повториме: Свесни сте дека играме со ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН и СВЕТСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН на ДОМАШЕН терен или мислите дека играме со Бургифхдјфдхфјдстан?
 
Резиме од прво полувреме.
Како што кажав и претходно од мечов немав никакви очекувања (и сеуште немам), и реков дека или многу ќе изгубиме, или ако уште од почеток ни направат голема разлика, ќе се опуштат и ќе дојдеме до пристоен пораз.
Имаа страшен почеток. Во голема вина на Обрван.
Колку пријателски требаше да изиграме за да сфати дека Јоноски е нефункционален во напад, плус дека со играње во напад, губи концентрација кога ќе треба да игра она каде што е најдобар, во одбраната.
Практично не изигравме ништо, чиста среќа што е ваков резултатот, а тоа е по вина на Борко Ристовски кој фати два пенали и по некој зицер, па по контра дадовме некој гол.
Сум кажал и порано, кога голманот има добар ден, можеш да имаш некаков резултатски приклучок па дури и да победиш.
Во нападот Кире имаше два пребрзи шута во моменти кога противникот има еден ракометар помалку на паркетот, нешто за кое веќе неколку првенства по ред го критикуваме.
Стојчевски сака да се покаже, ама го читаат како мало дете, секој влез му е на раб на пробивање. Ниту шутот не му е којзнае каков, тотален промашај. Само се покажува дека немаме леви бекови, и горе-доле се потврдува она што го зборам подолго време дека Фичо иако е труп, пак нема некој друг што може да игра место него. Ако ништо друго Фичо барем асистира до Столе.
Крилата во граници на можности. Манасков даде еден убав гол, два пати изнудија пенал ми се чини, но од позициона игра Ландин ги добива како сака. Десно крило топка не пипнавме...
Столе почна очајно, малце се подобри во остатокот од полувремето. Даде гол, изнуди пенал и две минути. Многу агресивно играат врз него, го вадат неколку метри понапред од неговата позиција. Од тука и бековите се нефункционални, бидејќи нема простор за шут. А самите бекови не го практикуваат она од минатото кога додаваа до Столе, па овој да се бори со противниците и да изнудува пенали (видовме како го стори тоа преку Нодесбо).
Миркуловски почна дрско, ама Ландин го отпишува... И он имаше некој избрзан шут. Сепак се гледа дека он и Лазаров се каде-каде над нашите други бекови...
Паметно што почнавме да играме бавно, а со тоа ќе има помалку голови и нема многу да загубиме. Ако не натераат на брза игра, ќе влеземе во Данската машина и којзнае колку ќе загубиме.

Не можам да не го споменам бавното менување. И глупоста што ја направи Димовски. Сред акција на Данска, му текна да менува, тргна па застана, па пак исто, и со играч помалку во поле лесно ни дадоа гол...

Пак ќе кажам, нема потреба од плукање, само се освен пораз денеска е изненадување, па можам да кажам и сензација.
Одлично за нас е што другите два противника меѓу себе изиграа меч кој заврши со огромна разлика.
Па така ние и со пораз од Чешка до 5 разлика и макар минимална победа над Австрија ќе одиме понатаму и тоа како втори :)
 
Само 4 гола разлика на полувреме?

WTF?

:confused:

Друже за греота си те глеам сегде само мрчиш нешто , ако сакаш да хејташ нешто или да мрчиш за момциве иди на друго место испразни си се.
Само треба малце поцрврсто во одбраната за нападот тоа е тоа неможе подобро , овој Стојчевски многу е опуштен како за дебитант се курнази ептен ама Бранко е ван форма , немаме лев бек тоа е тоа да стискаме само палци за позитивен резултат .
 
Добро, ај уште еднаш да повториме: Свесни сте дека играме со ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН и СВЕТСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН на ДОМАШЕН терен или мислите дека играме со Бургифхдјфдхфјдстан?
Свесни сме...но алчни сме! Сакаме да победиме!
 
Абе да добиеме со Чешка и Австрија нека не напумпа Данска со дестер парчиња...
 
Што повеќе ги пцуеш, тоа подобро играат !
 
Миркуловски во прво полувреме:facepalm:. Секој напад кога топката беше кај него падна, дали сам од себе, дали од дуел, да му ебам флегмата:mad:. Со што ли го хранеле деновиве?!
Тежок феил е Филипчо, најјако беше почетните минути кога имаше чисто додавање до Стојанче, му ја додаде у нога, изгледа фудбал играл деновиве. :icon_lol: Штетник си го викам одамна, ако изигра некое јако голче или изнуди пробивање у одбрана, секогаш позитивното го анулира со лошо подавање или trademark пробивање у напад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom