Дали знаете со кого навистина "муабетите"!

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Во Марсеј - Франција некој дечко (Daniel Anceneaux) редовно шест месеци со ред си чатал со некоја сензуална жена на интернет пред да си закаже романтичен состанок со неа на некоја далечна осамена плажа. Се било супер се до моментот кога тој ја видел одблизу "девојката на неговите сништа" (таа му имала пратено слика од некоја убава девојка).... таа била неговата мајка!

"Одев забрзано по плажата мислејќи дека ке се видам со девојката на моите сништа....и ете.... тука беше пред мене.... на себе носеше бели шорцеви и розево блузиче... баш како што рече дека ке биде облечена.... но... кога се доближив, таа се сврте..... се што можев да помислам беше ЛЕЛЕ БОЖЕ МОЈ, ТОА Е МАМА!" Рекол Даниел.

Како да не им бил доволен овој малер.... им се десило нешто уште полошо.... во истиот момент им пријдол полицаец... и ги прашувал што бараат тие на таа плажа бидејќи тој дел бил забранет во вечерни часови. Мајката испанеча ја раскажала целата приказна на полицаецот, тој запишал све во извештајот (нормално), локална ТВ станица некако дошла до тој извештај и наеднаш нивните слики се вртеле по локалните вести а сите нивни сограѓани покажувале кон нив и се смееле на улица. :lud:

Еве уште неколку коментари на Даниел:

"Навистина почнав да се заљубувам во неа бидејќи беше чувствителна и нежна. Нешто што ретко се наоѓа во девојка"

"Морам да признам во неколку наврати имаше и понекој жежок муабет"

"Ми прајќаше поеми што таа ги имаше пишувано, ми ги кажа нејзините сништа и желби, беше многу романтична"

"Вистината е, увидоф страна на мојата мајка што никогаш немаше да ја видам и благодарен сум за тоа"

"Тато беше фрапиран едно одредено време и и забрани на Мама да контактира со било кој друг на интернет" :icon_lol:


Сите ние секојдневно контактираме на интернет со луѓе кои што никогаш не сме ги виделе.... дали навистина знаеме кои се тие :raz: ..... искрено не мисе има нешто ниту слично на оваа ситуација.... но те тера да се помислиш...:icon_lol:
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:леееееееле ме насмеа до солзи..................................
 
леле какви се не сум сретнала на мсн......................................на почетокот сите ми се чинат фини кога на крај глеам сите сум ги избришала..............хехех:pos2:на крај сфатив дека 99,9% од машките се исти ама тотално.......................оној мал процент е за застранетите:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:се зезам и ма и некои рррррррррррррееееееееееееееееееткииииииииииии исклучоци:pipi::pipi::pipi:
 
Многу ретко пишувам со непознати на мсн... Со тие со кумоницира ги знам лично, па и некои со ме познаваат ке се изјаснат кој се и тогас е ок...

Непознати лица со кој пишувам се во мал број-речиси ич...

Не дека ми е страв да не се случи несто сл... туку незнам има предоволен број со кој што сакам да си писувам и знам дека ке си направам убав муабет:shok:
 
Си тие со кој си пишувам, па едно 90% ги знам.
 
Ма тие што ми се уклучуваат и што не ги знам уште веданш ги провоцирам за да ми дадат block а ако некој успее да ги издржи моите провокации од типот (јас сум најпаметна, најубава.....) е тогаш престанувам со провокациите и почнувам да правам нормален муабет........на тој начин си ѓи најдов и моите најдобри сајбер другарчиња :pipi:
 
Јас ја имам Меган Фокс на мсн и секојден си правиме муабети, ми пушта слики, ми кажува реплики од филмови... сега е на снимање имала некој нов филм па не ми пишува. Толку често! Ама си пишуфкаме.
 
Кога зборуваш со некого неможеш да знаеш кој е тоа.Можеби мислиш дека зборуваш со машко а тоа е девојче:toe:Дури и слика да ти покаже,не го знаеш,па може тоа да биде од некој другар...од било кој!Може да лажат за име,за изглед,за возраст,за пол,националност...тоа е мнгу сотана работа на интернетов,што додека не се видиш со суштеството неможеш да бидеш сигурен дека не те лаже.А тоа е понекогаш теко,особено ако живеете во различни земји..па и во иста драва..ти на север тој на југ...:toe:Се знам со 40% од луѓето со кои зборувам на мсн...другите:toe:
За примеров не е смешно,замислете каков им е животот...
 
Не ми претставува проблем скоро никој не познавам на форумов, а и тие не ме знаат мене. Има предност ама има и мани, не би се залетал сега да се впуштам во интимно сексуална врска со личност која што не ја познавам. Инаку не ми претставува проблем ширење на пријателства и познанства.
 
Нормално не знам кој се има на интернет па и на форумов и не сакам да `ширам` такви познанства,си имам реални пријатели,не сакам да се залетувам,тоа е глупаво за мене да бараш некој од другата страна,па и да најдеш љубов,глупости...светот е пред нас кој што сака ке си најде.
 
Ваљда е замислата да се „трансмитираат“ мислите (размислите).
Јас никого не познавам и не ми смета...
 
Има секакви. Тие што ми се на мсн и скајп ги познавам и лично.
Ретко и давам контакт на некои непознати..но и ако ми се случи тоа, а притоа муабетот не ми одговара ги бришам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom