Дали вреди да се изгуби пријател за пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали за 10.000-15.000 денари вреди да се прекине пријателство?


  • Вкупно гласачи
    69
Некој би рекол " Секако дека не вреди, пријателството е се', бла бла бла ..... "

Wait.. what?

ја глуп сум па да му дадам 10.000 и он да не ми ги врати?
фрст оф ол, би се размислил дали да му дадам, а прашање и дали имам, уствари размислив, не би дал :D за мене лично не се малце пари.

Друга работа, ако тој одбие да ми ги врати, тоа значи дека не е пријател, така да прашањето треба да гласи:

Дали за 10.000-15.000 денари вреди да се прекине "пријателство"?
 
Дај ги парите, трпи го понашањето - па кажи.
Нема што да кажам.
Иначе, она познатото ќе го искористам, "у последно време" човек не може да најде било каков еден жирант како гаранција при било каква услуга со задолжување. Токму поради општопознатата причина со вредноста на пријателство. :/
 
добриот пријател ќе ги врати парите такада позајмувај само на проверени луѓе
 
пред некој ден слушнав една приказна (вистинска), да ја слушнев пред некои 20-тина години, немаше чудно да ми биде, вака..
типов му прави услуга на пријателот да се вработи во истата фирма и му кажува дека ке зема 15.000 ден.арно ама газдата од фирмата не сака да чуе да даде и нему 15 Хиљадарки дава само 9.000.и првиот без да знае вториот ДОДАВА свои 6.000 иљадарки неколку месеци(се додека вториов не ја дознава вистината и напушта од работа) само и само да не се посрамоти пред другарот.сплет на околностите, првиот ја подига платата за двајцата.ееееее, реков, па дали е можно сеуште да има ЛУЃЕ!?!? па макар и еден на 100.000 луѓе.
инаку, даде ли на заем, губиш пријател во 95% од случаевите денес.
 
Деновиве размислував на оваа тема, и некако после сериозно размислување дојдов до одреден мој заклучок. Но, ме интересира и вашето мислење за следнава ситуцација:

Му давате на добар пријател 10.000-15,000 денари на заем. Долго време поминува, тој одбива да ви ги врати без некоја конкретна причина.

Како би постапиле? Би го прекинале пријателството со него или би простиле и продолжиле понатаму како ништо да не се случило.

А како одбива? Ти му кажуваш, а он мутав се прави? Или и двајцата глумите лудило?
200 евра не се мали пари, поготово ако заработуваш. Муабети двеста евра се ситна пара може да ги праи некој што му даваат пари сеуште за излегување.
Јас би дала и сум дала пари што не ми ги вратиле, ама знам дека немале од каде да ми ги вратат.
А вака мутав да се праи некој, мало морген. Ене им комерцијална, прокредит стопанска, нека зајмат па до смрт нека се прават мутави.
Ова тебе што ти се случува не е пријателство туку искористување на пријателот. Мислам овца не сум, па некој да ме стриже. Можеби нема онака идиотски да го прекинам пријателството, ама практично - толку ќе биде.
 
Кога станува збор за пари све се расипува..

Му дадов на мој пријател 5.000 денари пошто гадно ќе му се случеше ако не плати.. Не рече ни фала сега по 2 години ни муабет не правиме само на здраво сме.. Со малку памет барем ке кажеше зошто неможе да врати а не да не го боли к**.. Да си става после тоа тетоважа од 100 евра а да не мисли да ги врати назад..

мој совет прекинувај одма пошто не вреди да си поштен.
 
Колку случаи знам на луѓе што позајмиле поголема сума пари и никогаш повеќе не ги добиле назад така да кога позајмувате гледајте однапред да процените дали ќе си ги земете назад.

Тој што има барем малку совест барем ќе каже до кога и како планира да ги врати а тој што те принудува сам да си ги бараш е сељак и не требало ни да му се помага.

Најгнасно нешто и многу понижувачко да молиш за свои пари.
 
Татко ми ми имаше едно правило кажано уште од мал претпоставувам да го памтам и во текот на животот а тоа гласеше вака некако "Ако некој ти побара пари на заем и решиш да му ги дадеш прво прежали си ги како веќе да ги немаш и не рачунај на нив,а во случај ако ти ги вратат земи си ги израдувај им се и кажи му фала"

Знам дека правеше една финта коа некој близок ќе му побараше пари прво му даваше некоја ситна сума као на заем и ако не му ја вратеше а дојдеше за поголема му викаше "Ти сеуште не си ми ги вратил првите пари па од кога ќе ми ги вратиш ќе одлучам дали ќе ти позајмам пак"

Секој нека си појде од себеси без тронка срам и нека си признае колку пати за ситна сума сте се фатиле како неќете да вратите а зашто очекувате дека некои со поразличен карактер од вашиот ќе бидат поинакви и ќе ви ги вратат.
Па јас на девојката за 100 денара сум се фатил како некад не ми се враќаат а сум и рекол "Купи тоа ќе ти ги вратам парите"

Во право се претходните форумџии,се работи за принципи и никад нема да го гледам со исти очи,а навистина е ферски ако нема да ти каже исто како коа знаел да ти каже дека му треба позајмица "Пријателче знам дека ти земав пари ама....и така" и сигурно ако држи вода и тебе нема да ти се брза.
 
Ќе го седнеш младичот и ќе го прашаш зошто не ти ги враќа парите. Ќе се потрудиш да му направиш некој временски план и рок за враќање на парите. Значи - секоја недела по 1000 денари, секој месец по 5. 000 денари или нешто во тој фазон. Ако има примања, а ако сепак не ти ги враќа парите значи дека те зел здраво за готово, знае дека ти е незгодно да го напнуваш и дека веројатно ќе преминеш преку тоа. Седни и речи му дека ти требаат тие пари и потсети го дека рекол оти ќе ги врати. Ако и ова не помогне, тогаш пиши пропало, прво - зашто пријателот не зборува отворено со тебе за проблемите поради кои не ги враќа парите и второ - зашто не се извинува за тоа.

Што се однесува до прашањето, пари не давам и пари не барам. Одлично се имам изгорено.
 
Избегнувам да давам поголеми суми на заем, уште повеќе избегнувам да барам. Некако не сум скроен да изигрувам лихвар, ниту пак сакам некој мене да ми изигрува. Во постовите пред овој многу убаво е нагласено дека заемите не се баш најдобриот начин да задржите пријател.
Исклучоци има, ама ако се работи за важни нешта (здравје, на пример) и во тој случај веројатно не би се замарал со тоа дали ќе ми бидат вратени парите или не. Инаку знам за случаи кога луѓе биле гадно изгорени од „најдобри“ пријатели, а се нафатиле да им бидат жиранти.
 
На оние кои ги сметам за пријатели парите им ги давам на поклон, кога ќе имаат ќе ми вратат.
 
абе што ве гледам вака чудниo_O абе во денешно време ако немаш пари немаш пријатели,а ако мислиш на некој да му позајмиш дај му ги со мисла дека нема да ти ги врати (опрости се!)ако го сакаш тој човек.А има една нова шема дај 200,300,500, ден и враќање амин зошто тие не се многу пари па немора да се вратат.Па така јас не давам и не барам и да немам за леб,а ако ми побараат си казувам јасно и гласно извини брат немасе проблем ама јас трпам и за тоалетна;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom