Дали вреди да се изгуби пријател за пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали за 10.000-15.000 денари вреди да се прекине пријателство?


  • Вкупно гласачи
    69
ДА !!!

Реално не поради парите но поради неговото одбивање да ги врати ДА, да има проблем да неможе да ги врати одма разбирам ајде се случува.. ама како што кажуваш ти да одбива да ги врати без конкретна причина тоа не се дозволува.. прво тој не ти е пријател ако ти го направи тоа. Имам давано и секогаш ми ги враќале, но има и случаеви каде што се праат наудрени а си трошат пари, е јас сум таков што не му ги барам директно ама ако бе.. ќе дојде време (усвари дојде) ќе ти побара пак е тогаш друже и јас ќе се правам наудрен дека немам (иако имам ама тогаш не давам)..

Инаку ова погоре зборувам за ситни пари 200-300 денари не повеќе ..
 
CITY, биди поздравен и еве ти еден пријателски совет:
Ако пријателот твој не сака никогаш да ти ги врати 10.000-15.000 денари а се гледа дека е лузер, тогаш земи уште толку пари и отиди кај жена му, дај и ги парите и еби ја за тие пари.
Другпат кога ќе те сретне пријателот и ќе ти каже: "Извини, не можам да ти ги вратам парите", ти кажи му: "Нема проблем друже, не си само ти, и жена ти уште ми ги нема вратено парите" :pos::pos::pos:
 
Тоа веќе може да се каже дека не е баш искрено пријателство...сигурно дека постои добра причина поради која тој не може или не сака да ги врати парите. Но како што се вели за секој проблем има решение може да се седне и да се разговара па потоа да се одлучи што понатака дали да се прекине пријателството или не.... :)
 
Едноставно чим по неколку пати молење одбива на каков било начин да ти ги врати парите тогаш не му ѓи барај повеќе парите и останете си пријатели не мора да толку блиски али пак може те да бидете блиски али кога ќе дојде до ситуација да ти побара пак пари, а брат извини немам ни јас или ми требаат па ќе знае за друг пат каде погрешил ;)
 
Зависи... како што кажаја сите погоре, ако човекот има пари а се праи на три-ипол тогаш вреди да се прекине пријателството што уствари и не е пријателство зошто ти на него си му пријател, а тој нема ни почит кон тебе. Ако пак си му ги позајмил парите и знаеш дека нема да ти ги врати тогаш не ги ни барај.

На човек можеш со сила да му дадеш пари ама не можеш да му земеш.
 
Вистинскиот пријател нема да ти бара пари за подоцна да те дупчи вразум
 
Си му позајмил а не ти ги враќа намерно е тоа више не е пријател, не е битна сумата битно е те направил од глуп по глуп.А сега има случај може нема да ти ги врати ама ќе ти каже со убаво не сум во состојба да ти ги вратам до тоа време и готово.Иначе се друго е гола вода;)
 
Доколку ми наведе добра причина зошто не ми ги вратил,тогаш нема потреба да го прекинам пријателсвото.Ама доколу јас гледам дека тој упорно си се расфрла со пари настрана,троши на секакви работи што ќе му паднат на памет,а мене не ми ги враќа е тогаш друг муабет е.Сепак парите можеби се убава работа но неможат да гушнат кога ти е потребно тоа;)
 
секој човек е повреден од парите тоа е непишано правило,е сега ако пријателот е потрчко по пари во последен момент си дознал дека е таков тогаш не вреди да трчаш по него да побараш да ти го врати позајмените пари бидејќи не си мафијаш и лихвар и толкава е цената да не го погледнеш и да не ти досадува засекогаш,а ако пак и добар пријател и сериозен човек и во моментов немал пари да ви врати тогаш пријателството е поважно и кога-тогаш со здравјо господ и ќе ви врати;)
 
Со другарите зависи од парите и типот од прашања и одговори како "Утре,за 2-3 дена,за 1 месец" такви работи не користиме,денес имам јас утре ке има тој за ситни пари не е проблем ама за 10 000-15 000 јас би ги дал само на одредени луѓе што знам дека се од збор и ке ми ги вратат(кога-тогаш) во спротивно никој не заслужил да ги троши парите што јас сум ги заработил и после да ти се прави или светец,или на тошо за нив.
 
дај му на човек власт и ќе видиш каков е
дај му на пријател пари, и ќе видиш дали ти е пријател
 
За 15.000 евреи, малце ќе подразмислам. Ама за 200 евра, нема никакви шанси да загубам било каков пријател.
 
За 15.000 евреи, малце ќе подразмислам. Ама за 200 евра, нема никакви шанси да загубам било каков пријател.
Дај ги парите, трпи го понашањето - па кажи.
Него ова е дифолт македоншчина. Особено меѓу кумови.
 
Голема сума на пари би дала само на најдобрата другарка, а со неа не би се скарала за пари. Како прво знам дека она ќе ми ги врати.
А дека не вреди, стварно не вреди доколку на некој му треба помош, ама ако е некој што користи тогаш е подобро да се тргнам од него
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom