Дали виртуелниот свет е подобар од реалниот?

  • Креатор на темата Креатор на темата haCk0r
  • Време на започнување Време на започнување

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Сите седиме пред компјутери тепаме време на игри,чат,форуми и слично, па после ќе испаднеме во некој кафич ке се напиме едно кафе по 1 саат 2 ке си одиме дома и па пред компјутер по 10 саати ,дали тој свет ни е по добар дали почињаме да се наоѓаме самите себе во него отколку во реалниот тој што секој може да го види низ прозор...
 
Јас би рекол дека секојдневните обрврски и контакти со луѓето се неизбежни значи реалниот свет е тука пред нас сите го живеат. Без оглед на тоа кој колку поминува пред својот компјутер секогаш ќе постои таа реалност. Сепак тоа зависи и од самата особа. Значи генерално според мене реалниот живот е тоа што ние го живееме.
Виртуелен свет како што го нарекуваш повеќе асоцира на осаменост и затварање на сопствениот личност.
 
Виртуелниот свет е добар, но според мене не може и не смее да го замени реалниот.
Пример, муабетите по мсн.Како зависник од мсн, се трудам што помалку да седам на него, секој месец намалувам по час од седење.Емоциите кои се испраќаат со разговорите, не можат да го заменат смеењето во живо, тоа дефинитивно.
Останатите емоции исто така, пример гушките и слично.Многу е поубаво и подобро доколку не ги пишуваме туку навистина ги правиме.
Што ќе ни се муабети преку мсн, кога не го гледаме човекот фо лице додека правиме муабет.Вака, не знаеме ни какви му се реакциите, ни дали прави гримаси, дали кажува вистина или лага и слично.
Има уште многу вакви примери но ќе ги оставам другите да се искажат.
Реалниот живот е она вистинското кое треба да го живееме, виртуелниот само може да го уништи тоа вистинско уживање.
 
Реално си е реално бате ...
 
Освен информации, во се друго виртуелното е многу подоле. И во муабет и во игри, роботи се сторивме, па дури и во секс. У ствари највише фали секс во виртуелниот свет (ај друго некако ќе се компензира).
 
Прво мора да се земе предвид тоа дека и да не сакаме, МОРАМЕ да бидеме дел од реалниот свет, од него бегање нема... Но, и спореден со виртуелниот, пак овој првиот е подобар... Разговор по мсн или во живо? Па нормално, во живо, кај што можеме да бидеме сведоци на сите реакции, емоции, или оној body language. Играње покер или други игри со карти на интернет? Па чекај, барем шпилови со карти сите ние имаме, а да не ги заборавам сите оние зезанции и ремет кои паѓаат додека траат овие игри :). Можам да набројам уште многу примери, но пак ќе дојдам до истиот заклучок, дека самиот виртуелен свет е еден вид на копија, создаден врз основа на работи кои се прават/постојат во реалниот. И како таков, не може да го замени, што би се рекло, оригиналот, нели?:smir:
 
Прво мора да се земе предвид тоа дека и да не сакаме, МОРАМЕ да бидеме дел од реалниот свет, од него бегање нема... Но, и спореден со виртуелниот, пак овој првиот е подобар... Разговор по мсн или во живо? Па нормално, во живо, кај што можеме да бидеме сведоци на сите реакции, емоции, или оној body language. Играње покер или други игри со карти на интернет? Па чекај, барем шпилови со карти сите ние имаме, а да не ги заборавам сите оние зезанции и ремет кои паѓаат додека траат овие игри :). Можам да набројам уште многу примери, но пак ќе дојдам до истиот заклучок, дека самиот виртуелен свет е еден вид на копија, создаден врз основа на работи кои се прават/постојат во реалниот. И како таков, не може да го замени, што би се рекло, оригиналот, нели?:smir:


точно така! нема поубаво нешто од разговр очи во очи, тогаш го следиш целото човечко движење, мимиките па и за игра нека станува збор, било што ралното е секако поубаво по опипливо!

вирутелниот свет ми делува само као една обична игра без шмек и шарм...
 
А само што сакав да кажам, не спомињај збор шмек, заштитен е...

За игрите малку и не се сложувам оти постојат игри поразлични од карти. Стратегии, рпг...со кои можеш да комуницираш, да играш и со некој од Нов Зеланд или од Грција. Рпг во реалниот свет не можеш да играш -освен што самиот живот е еден вид рпг.
 
Ефтин е. Во светот само оние ептен грди седат на компјутери као ние. Сите нормални оргијашат у дискотеки. Океј и тие не се нормални, ама за доброто на споредбата и муабетот. :sekss:
 
Виртуелниот свет не е подобар од реалниот ама, зависи за кого, поубаво се живее во него. Јас би сакал со сите да се видам во живо, без разлика колку е часот, и во 3:00 АМ ќе искочам ако ме викне некој, ама никој не ме вика. Сите учат, спијат, лежат, уморни се, мрзлива нација, уште немам најдено машина како мене што спие 6 саати дневно и секогаш има сила за се и секогаш прифаќа кога некој ќе предложи нешто (во границите на нормалата нели, или малце над неа..). Значи мене прво мрзливоста на другите луѓе не ми се допаѓа, а што е до материјалните работи...е тука има многу.

Јас неможам да возам кола ни до град зашто покрај тоа што немам кола, немам пари ни за бензин ни за ништо. Јас сум по тркањето, и каде ќе најдам патека тука? Ах ми текна...НИКАДЕ. Сите улици се дупки, гужва има 24/7 и нели опасно и илегално е да се вози брзо по јавни сообраќајници. После тоа, одам на стрелаштво и сум добар, сакам да пукам со воздушно оружје. Одам во Микеи и прашувам за воздушен пиштол и кај ми вика тој шефот 300 евра (ај нема врска, ќе ги дадам, а тој пиштол е 120 евра секаде низ светот) уште нема боци со воздух под притисок за да можам да го користам (а една боца е 2 евра, има 50 пукања од кои 35 се ефективни, другите слабо ги пука). И ете и да дадеш 2 евра за боца ЈА НЕМА, неможеш да ја купиш...и СЕКАКО, нашава полиција е најбоље, дозолва ти треба за да славиш роденден, а замисли што е за пиштол? Ќе поднесам барање, ќе ме фатат алфи, ќе ми ја скршат кичмата и ќе лежам робија 4 години.

И да се навратам на темата: Виртуелниот свет е најбоље! Ќе си седнам ќе се изнавозам каква кола сакам, каде сакам низ светот и многу мерак ќе ми се направи. Дури можам заедно да возам со некој другар (и возам), бесплатни ми се гумите што ги лижам, бензинот што го трошам и ако недајбоже се удрам нема да загинам. Целото возење е многу реално ако се занесеш во играта, имаш убав монитор и убави звучници кои ќе ти се пуштени гласно за да биде по-реално.
Исто така, не воздушен пиштол...огнени оружја, базуки и тенкови можам да пукам на компјутер и се е тоа бесплатно. Можам да тепам талибанци, авганистанци, терористи, со какви оружја сакам, нема да одам во затвор колку и да убивам и секогаш има Load Game ако умреш.

Кога ќе видиш, не е толку лош виртуелниот свет, ама кога ќе станеш од компјутер...можно е да се разочараш. Чаре? Има: Не станувај од компјутер! ЈЕЕЕЕЕ и сите се среќни и задоволни. Виртуелниот свет секој различно го разбира и живее, исто како и реалниот. Така да, релативна е темава. Поздрав.
 
И едниот и другиот си имаат свои предности и недостатоци. Предноста на едниот вид комуникација е недостаток на другиот вид и обратно. Важно е и двата да знаеме правилно да ги користиме и да не дозволиме само едниот од нив да ни стане приоритет (тука мислам пред се' на виртуелниот свет).
Виртуелниот ни овозможува да комуницираме истовремено со голем број на луѓе од различни делови на светот, на експресен начин да ги добиваме сите информации од прва рака, додека реалниот свет овозможува една комуникација лице в лице со личности каде можеме да ги перципираме нивните реакции и говорот на телото. Спектарот на работи кои можеме да ги правиме во реалниот свет се многу поголеми од овој другиот...
 
Сите седиме пред компјутери тепаме време на игри,чат,форуми и слично, па после ќе испаднеме во некој кафич ке се напиме едно кафе по 1 саат 2 ке си одиме дома и па пред компјутер по 10 саати ,дали тој свет ни е по добар дали почињаме да се наоѓаме самите себе во него отколку во реалниот тој што секој може да го види низ прозор...

Во никој случај не е подобро, гледаш и самиот се си кажал. Ако ова е иднината на човештвото, тогаш човештвото може слободно да иде да се обеси.
 
Ај смирите страстите.:wink:

Него по темата...
Никогаш виртуелниот свет нема да може да го замени реалниот. Можеби виртуелниот свет ни служи за вентил, за издувување, за занимација, дистракција од секојдневните проблеми, но реалноста е посебна, уникатна и единствена. И секој нов ден во реалноста си е посебен. Кога ќе погледнеш некој во очи во реалноста, знаеш колку се 2 и 2, каква е личноста. Кога гледаш како се однесува, гестикулира, говор на телото и слично. Тогаш се гледа каков е човекот. Технички, сите сме јаки зад тастатура, затоа што ни се може.
 
Не би рекол, во реалниот е многу полесно ако некој те изнервира ќе му ја зачукаш една додека во виртуелниот највеќе што можеш е да го искодошиш кај администраторите или евентуално да му дадеш црвенко.
 
И не би можела баш да направам некоја паралела затоа што и виртуелниот и реалниот свет имаат свои предности и недостатоци, некои од нив веќе погоре ги опфативте.

Виртуелноста помага да избегаме од сето она што нè опкружува и за миг да си посветиме задоволство лично на себеси, донекаде егоистично да се внесеме пред компјутер и да не нè интересира што се случува околу нас.
Во реалноста при комуникација првата работа што ја забележуваме кај соговорникот е неговиот надворешен изглед, ако не нѝ изгледа привлечно не се обидуваме да дознаеме што крие во неговата внатрешност, додека овде при запознавање на нови личности многу поважен нѝ е муабетот што го прават и според тоа заклучуваме каква личност е тој и извлекувајќи некои карактерни црти без воопшто да помислиме на неговата надворешност. Можеби затоа и многу често погрешно си ги замислуваме личностите со кои комуницираме виртуелно, а лично не сме ги запознале.

Реалноста е опиплива, но е сурова. И овде има озборувања, караници, но тоа останува да речеме само на форум, кога ќе седнеме форумџии на кафе забораваме на тоа дека имаме спротиставени мислења за некои работи и дека „очи сме си ваделе“ на нет. Се дружиме и се смееме на напишаното.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom