Дали ви требаат дополнителни лекции за да поминете на кружен тек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
На сликата подолу е прикажан изгледот на новиот кружен тек кај Католичката црква, кој официјално треба да биде пуштен во употреба до крајот на оваа недела, но веќе од неодамна се движат возила по него и не се снаоѓаат баш најдобро. Поголемиот дел од возачите покажуваат реакција на изненадени мали дечиња и го запираат движењето на возилото, како да не ги знаат правилата кој има предност во движењето. Дали немаме елементарна култура или сме премногу претпазливи, или причината е недоволната обука (ненаучени тестовите при полагањето, јагнето било криво,...)
Очекувајте наскоро видео туторијал во вид на реклама по телевизиите под наслов: како да поминете на кружен тек без последици. :)

kruzen%20tek.jpg


Иако новиот кружен тек кај Каталочка црква сé уште не е официјално пуштен во употреба, од петокот по него веќе се движат возила, но голем дел од возачите не се снаоѓаат баш најдобро. Една од причините е тоа што во земјава и не постои голема сообраќајна култура за движење по кружни текови, бидејќи нив ги има во мал број.
За едукација на граѓаните за тоа како да се движат по турбо кружниот тек, веќе се изработува и информативен спот кој треба да биде завршен кон крајот на неделава, кога и официјално би требало да биде пуштена во употреба кружниот тек.

Сообраќајните стручњаци истакнуваат дека за сите кружни текови важат унифицирани правила, но сепак потребна е дополнителна обука за тоа подобро и правилно да функционира.
Во однос на основното правило, Веска Цветковска, инструктор во автошколата „Виза“, вели дека влегувањето во кружниот дел е секогаш на десно и треба да се запази лентата во која возилото се движи. На влезот е поставен знак кој означува крстосница со пат со првенство на движење.

- Овој кружен тек овозможува побрз проток на повеќе возила во исто време во две сообраќајни ленти. Исклучувањето е на десно. За разлика од крстосница каде што се поставени семафори, тука нема застој во возењето. Пластичните заштитници поставени на кружниот тек се олеснување за возачите да знаат каде да се исклучат, односно да се престројуваат од лево во десно. За сите кружни текови важат едни правила, но, сепак кај нас има малку вакви сообраќајници и секако дека е потребна дополнителна едукација за возачите. Морам да забележам дека новиот кружен тек кај Католичка црква е феноменалнио направен, со сета неопходна сообраќајна сигнализација, за разлика од кружниот тек кај хотелот „Континентал“ кој што е промашување, бидејќи не е добро обележан – објаснува Цветковска.
 
"За едукација на граѓаните за тоа како да се движат по турбо кружниот тек, веќе се изработува и информативен спот кој треба да биде завршен кон крајот на неделава.." :LOL:
Страшноооооооооо!!!
 
Човекот учи додека е жив. :)
 
Внимавајте ако се движите по пешачки премини таму. Претходно треба да сте осигурани во некоја добра компанија. :unsure:
 
Ќе има смешки... најпосле нека им кажат - ако не си сигурен што - врти си 10 мин и гледај што прват другите :D
 
многу добра работа би биле овие флаери, реклами и што и да биде во кој ке се објаснува како се користи кружен тек зошто има премногу возачи кој незнаат или така им чини па не ги почитуваат правилата за возење низ кружен тек , мислам пред некое време кога поминував кај кружниот тек во Ѓорче сум се чудел како може да има толку сообраќајно неписмени возачи... :icon_lol:
 
Очекувајте наскоро видео туторијал во вид на реклама по телевизиите под наслов: како да поминете на кружен тек без последици. :)
ќути, денес една колешка ми црташе како се оди на кружен...сТрамота. откако сум положил, осим во Албанија, не сум користел воопшто. Правилото е обратно, од лево, така нешто?

А тек трамваи, предност, престигнување...
 
Хаос е со кружниве текови, какви дегени имаат положено, сешто.
 
Ебави скопјанишчана, еден кружен тек ви напраја, се испосрафте... па дури и видео запис ќе ви снимат. Е јебига, ко ќе вика Џиш дека возачки се делеа на големо со ќебапи изиминативе години, не вервафте вие. Бујрум сеа, да ве видам, гледајте видеа.

п.с. уште една нова црна точка, која ќе мора да ја помините, при полагањето на градска :)
 
Се знае правило држи десна страна и не пуштај никој.
 
Јас кога учев возачки во Скопје го имаше само кружниот тек во Дебар маало и инструкторот во два наврати ме тераше да го возам. Девојката која полагаше пред мене комисијата ја однесе таму, и јадната се збунила и паднала.

Прв кружен тек кој беше активно возен е кружниот тек кај Континентал. Бидејќи работам блиску, се имам изнагледано нелогични сообраќајни несреќи. Неколку поради возење во обратна насока. Неколку поради претекнување во кружниот тек WTF?! И неколку поради тоа што возачите мислат дека имаат предност затоа што доаѓаат од поголемата улица.

Основно правило е дека предност во кружниот тек има оној кој веќе е внатре. Второ правило е дека секогаш се влегува во десно.
И не се жалете за нашите кружни текови, во Белград има многу поголеми :)

Овој кружен тек кај Католичка го ѕирнав пред некој ден и баш тогаш видов како тип вози во обратна насока. Виде дека од пократката страна е празно и зацепа во обратна насока наместо да кружи скоро цел круг.

КРАЈНО ВРЕМЕ беше да се направат флаери и спот за да научат луѓето како се вози низ кружен тек бидејќи долги години кружните текови беа запоставени и од страна на авто школите и од комисиите за полагање (додуша долго време само еден беше кружен тек во цело Скопје и мал беше).
 
Ебави скопјанишчана, еден кружен тек ви напраја, се испосрафте... па дури и видео запис ќе ви снимат. Е јебига, ко ќе вика Џиш дека возачки се делеа на големо со ќебапи изиминативе години, не вервафте вие. Бујрум сеа, да ве видам, гледајте видеа.

п.с. уште една нова црна точка, која ќе мора да ја помините, при полагањето на градска :)
Не е за смеење работава, иако сум повеќе од сигурен дека нема да испадне на арно знаејќи колку владее културата и толеранцијата по улиците.

Иако е подобра опција да се регулира сообраќајот со кружница, секогаш ќе има возачи кои се "по-брзи и по-бесни" од другите.

АМСМ
Кружните текови, како сообраќајни решенија, се еден од начините за растоварување на сообраќајот што одамна се практикува во светот. Во нашата држава има многу малку кружни текови. Моментно постојат 39, изградени во различни временски периоди и со различни големини. Најмногу има во Тетово, вкупно пет, по четири во Гостивар, Охрид, Струмица и во Струга, три во Гевгелија, по два во Скопје, Дебар и во Радовиш, во неколку градови по еден, а во Куманово нема ниту едно вакво сообраќајно решение.
 
Јас кога учев возачки во Скопје го имаше само кружниот тек во Дебар маало и инструкторот во два наврати ме тераше да го возам. Девојката која полагаше пред мене комисијата ја однесе таму, и јадната се збунила и паднала.

Прв кружен тек кој беше активно возен е кружниот тек кај Континентал. Бидејќи работам блиску, се имам изнагледано нелогични сообраќајни несреќи. Неколку поради возење во обратна насока. Неколку поради претекнување во кружниот тек WTF?! И неколку поради тоа што возачите мислат дека имаат предност затоа што доаѓаат од поголемата улица.

Основно правило е дека предност во кружниот тек има оној кој веќе е внатре. Второ правило е дека секогаш се влегува во десно.
И не се жалете за нашите кружни текови, во Белград има многу поголеми :)

Овој кружен тек кај Католичка го ѕирнав пред некој ден и баш тогаш видов како тип вози во обратна насока. Виде дека од пократката страна е празно и зацепа во обратна насока наместо да кружи скоро цел круг.

КРАЈНО ВРЕМЕ беше да се направат флаери и спот за да научат луѓето како се вози низ кружен тек бидејќи долги години кружните текови беа запоставени и од страна на авто школите и од комисиите за полагање (додуша долго време само еден беше кружен тек во цело Скопје и мал беше).

Ете кој си бил во добра авто школа , си научил како треба!!!
 
Искрено не знам како можеш да се збуниш на овој кружен тек, ко за мали деца со стрелки е направено, плус одвоени се лентите со онаа гумираната лента, па не ни можеш да забегаш...

Једино ако си толку неписмен па да не го знаеш правилото на десна страна. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom