T
Tetro
Гостин
На сликата подолу е прикажан изгледот на новиот кружен тек кај Католичката црква, кој официјално треба да биде пуштен во употреба до крајот на оваа недела, но веќе од неодамна се движат возила по него и не се снаоѓаат баш најдобро. Поголемиот дел од возачите покажуваат реакција на изненадени мали дечиња и го запираат движењето на возилото, како да не ги знаат правилата кој има предност во движењето. Дали немаме елементарна култура или сме премногу претпазливи, или причината е недоволната обука (ненаучени тестовите при полагањето, јагнето било криво,...)
Очекувајте наскоро видео туторијал во вид на реклама по телевизиите под наслов: како да поминете на кружен тек без последици.
Очекувајте наскоро видео туторијал во вид на реклама по телевизиите под наслов: како да поминете на кружен тек без последици.
Иако новиот кружен тек кај Каталочка црква сé уште не е официјално пуштен во употреба, од петокот по него веќе се движат возила, но голем дел од возачите не се снаоѓаат баш најдобро. Една од причините е тоа што во земјава и не постои голема сообраќајна култура за движење по кружни текови, бидејќи нив ги има во мал број.
За едукација на граѓаните за тоа како да се движат по турбо кружниот тек, веќе се изработува и информативен спот кој треба да биде завршен кон крајот на неделава, кога и официјално би требало да биде пуштена во употреба кружниот тек.
Сообраќајните стручњаци истакнуваат дека за сите кружни текови важат унифицирани правила, но сепак потребна е дополнителна обука за тоа подобро и правилно да функционира.
Во однос на основното правило, Веска Цветковска, инструктор во автошколата „Виза“, вели дека влегувањето во кружниот дел е секогаш на десно и треба да се запази лентата во која возилото се движи. На влезот е поставен знак кој означува крстосница со пат со првенство на движење.
- Овој кружен тек овозможува побрз проток на повеќе возила во исто време во две сообраќајни ленти. Исклучувањето е на десно. За разлика од крстосница каде што се поставени семафори, тука нема застој во возењето. Пластичните заштитници поставени на кружниот тек се олеснување за возачите да знаат каде да се исклучат, односно да се престројуваат од лево во десно. За сите кружни текови важат едни правила, но, сепак кај нас има малку вакви сообраќајници и секако дека е потребна дополнителна едукација за возачите. Морам да забележам дека новиот кружен тек кај Католичка црква е феноменалнио направен, со сета неопходна сообраќајна сигнализација, за разлика од кружниот тек кај хотелот „Континентал“ кој што е промашување, бидејќи не е добро обележан – објаснува Цветковска.