Првиот болдиран дел и вториот некако не ми се за во ист муабет. Ако немам нерви за некој, тој нема ни да биде во моја близина, а не па да ја нарекувам најдобра другарка.
Никогаш за ниедна другарка не сум рекла дека ми се лигави и дека ја толерирам, дека ме замара, дека ме оптеретува или слично. Без разлика дали на телефон ќе се јави да ми каже што и` се случува или седиме некаде на кафе. Никогаш не сум превртила очи од мака што ме бара, никогаш не сум искоментирала дека ми пречи во вршењето на моите обврски, дека ми одзема време и енергија. За другарките сум секогаш, во секое време тука. Секогаш ме интересира што им се случува, дали може да помогнам некако ако можам (барем да ја сослушам).
И не би рекла дека сум мутава. Си ги сакам другарките и не сакам да кажам „не“, а и нема зошто да кажам „не“. И по милион пати ќе ги слушам ако им е потребен слушател. Барем јас така гледам на другарство.
Сакам да им се најдам на луѓе кои не ми се толку блиски, а не па ако станува збор за другарка.