Дали верувате во знаци?

  • Креатор на темата Креатор на темата Scouser88
  • Време на започнување Време на започнување
:) Ми текна тоа за црна мачка да ти пресече пат.
Еднаш си одам јас по една улица така покасно навечер, и немаше никој само една баба пред мене на 50 метри. И ја дека брзо чекорам со голем корак ја стигнав брзо и бев позади неа на 7-8 метри кога наеднаш од под кола излете црна мачка и ни го пресече патот на мене и на бабата. И бабата застана и стоииии.... како предатор да помина а не мачка, и јас продужувам со исто темпо и она ме прати со поглед гледа дали ке поминам а јас ја гледам у очи за да и покажам дека мечку стра мене не :). Поминувам јас кај што пресече мачката и бабата продолжи да оди. Значи она да живи ја да умрам :) ербап баба!
 
хм
во добрите верувам,(y) а во лошите неееее
пр.ако птица ја покака колата - и тоа значи среќа , јас верувам
но, ако црна мачка ти го пресече патот - и значи нешто лошо- - не верувам
но, како најсуеверни мислам дека се бремените жени:pos::pos:- толку многу верувања- прави правцати кошмар:P
 
Знаците се индивидуални, тоа што за мене е знак за тебе не е и обратно. Идејата за црната мачка што ќе ти го пресече патот и не знам од кај потекнува ама знам дека тоа не е знак и не носи никаква несреќа ни среќа.

Стар пагански обичај, ама према мене мислам оти потекнува од средновековието кога радикалното христијанство ја имало врховната власт, па црното го сметале за ѓаволско, црната мачка за ѓавол, уствари мачките општо ги сметале за ѓаволско дело а посебно црната, па во то време лом ги правеле мачките ги палеле живи и ред други глупости сметајќи дека е ѓаволско. И ден денеска понекој суеверен има што фрла камчиња и се глупира, пред 3 години ми убија една црна мачка мене, чисто ради што била “ѓаволск“:)
 
Мене само ме интересира по која логика многумина кога ќе им се спомне знак помислуваат на - сообраќаен
 
Стар пагански обичај, ама према мене мислам оти потекнува од средновековието кога радикалното христијанство ја имало врховната власт, па црното го сметале за ѓаволско, црната мачка за ѓавол, уствари мачките општо ги сметале за ѓаволско дело а посебно црната, па во то време лом ги правеле мачките ги палеле живи и ред други глупости сметајќи дека е ѓаволско. И ден денеска понекој суеверен има што фрла камчиња и се глупира, пред 3 години ми убија една црна мачка мене, чисто ради што била “ѓаволск“:)
Убаво кажа - стар пагански обичај, не од средновековието, самите фундаменти на христијанството се пагански. Е сега, затоа што радикалното христијанство ја имало врховната власт, со помош на сите тие суеверија, самото тоа е само еден систем на конртола. Односно - еден овчар, едно стадо. Дури и самите пагани се конвертирале во оваа масовна религија, со само една цел - полесно да се контролира една голема маса на луѓе (малку оф топик заминав, но сакав да појаснам).
 
Ова све што сте пишале се суеверија, не знаци....ќе покушам да ги доловам знаците, ама не е лесно. Дури и сообраќајни знаци можат да бидат знаци - затоа што ти го привлекле вниманието.

Пример, се молиш/фокусираш за некој твој ближен да оздрави од некоја тешка болест. Пушташ ТВ и првото што ќе го видиш е филм кајшто кажуваат приказна како некој оздравел од не знам што. Тоа е знак.

Знак може да биде и песна. Пример, ако си се фокусирал/а на мислење дека бившиот/а сакаш да ти се врати и на радио наеднаш пуштаат песна како некој плаче дека партнерот/ката го/ја оставила. Знак е дека нема да се деси тоа што сакаш.

Не ми текнува повише, ама се надевам ова малку разјасни.
 
Знак може да биде и песна. Пример, ако си се фокусирал/а на мислење дека бившиот/а сакаш да ти се врати и на радио наеднаш пуштаат песна како некој плаче дека партнерот/ката го/ја оставила.

Па види песните 50% се за оставени.....а 50% се за тоа како клецкале,и каков гз имала.

Значи тоа со песните не ти е баш некој знак......а со филмовите може.
 
Па види песните 50% се за оставени.....а 50% се за тоа како клецкале,и каков гз имала.

Значи тоа со песните не ти е баш некој знак......а со филмовите може.
To each their own. Може ќе пушти некој радио баш во тој момент кога пуштаат одредена песна. Се може да е знак.
 
Единствен ‘‘знак‘‘ во кој верувам се моите сонови.
 
koga crna macka mi go presekuva patot vednas me snaogaat nesreki porano neveruvav sega od iskustvo znam i koga ke skrasam ogledalo ne namerno ili raspipam sol isl..............imalo vistina vo toa sega po veke vnimavam
 
Пишаја погоре дека тоа не се знаци туку суеверија.
 
Пишаја погоре дека тоа не се знаци туку суеверија.
Глорија наша не не чита многу многу, само ќе закачи нешто што си има наумено па ти збори си:)
--- надополнето: 29 декември 2011 во 23:23 ---
верувам во телепатија, соништа и други ’ситници’..како некој збор во книга, на ливче, на ѕид, жолт автомобил, нешта што не можеш да ги доживееш толку често или во тој момент знаеш дека имаат врска со тебе, не мора да имаш толкава интуиција за да го заклучиш тоа
 
хаха така со радио повеќе пати сме седеле со другарка ми па можеби со саати..и си поставувавме прашања од секаков вид и велевме демек,следната песна ќе ни го даде одговорот на прашањето,во зависност од нејзината содржина..(баравме знак):)
 
Сте имале среќа што не сте ја слушнале од Стоја “Умри
 
Сте имале среќа што не сте ја слушнале од Стоја “Умри

хахахах па да ти кажам право,незнам дали баш таа песна беше,али имаше и такви моменти,некои морбидни стихови..сме барале одговори и на некоја чивијашка станица така да ништо чудно и да сме ја слушнале :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom