- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.547
Искрено, не знам дали верувам или не, во вакви работи. Мене лично не ми се има случено некој ваков знак да видам, почуствувам или забележам, па да знам дека ќе биде добро или лошо после тоа. Некогаш имам бубамарки во стомакот, па знае некоја мала лоша ситница одпосле да ми се случи, ама ништо посериозно до сега.
Еден пример од мој пријател ќе споделам.
На времето, кога се запишуваше на факултет со 1000 марки или повеќе (а некои се запишуваа и без ич пари), одат група дечки (5-6 луѓе) да си поднесат документи за упис. Еден од нив го посерува пиле и нормално другите му се смеат и го зезат. Кога излегуваат резултатите од уписите, сите се запишани со партиципација, само дечкото што го посрало пилето се запиша без пари. И он си смеел на крај.
Ај сега кажете вие, дали ова е некаков знак или не?![]()
Дефинитивно е знак. Твојов пост ме наведе и јас да споделам слична случка. Кумот на братучед ми цел живот играше лото, спортска, се кладеше на све живо ама никад немаше ништо добиено. Една вечер седевме и пиевме пред „Златна копачка“ во Н. Лисиче (кај Рамстор). Кумов на братучед ми ги вложи последните пари во некоја опклада и ни рече дека ќе нема пари за јадење следната недела пошто гарант ќе ги зијани, као обично.
Кога се враќаше со уплатените ливчиња, директ во глава го погоди некој сферичен предмет од кој инстантно се рашири неверојатна смрдеа. Многу брзо се виде дека беше погоден со посрана детска пелена. Ситуацијата за миг доби драмска тензичност: пред нас стоеше жртвата на несовесно катапултиран фекален проектил од зградата над „Златна копачка“. И покрај комичноста, сите сочувствувавме со жртвата -- секој човек може да се најде во исти гомна. Буквално.
Непријатната смрдеа ја пресече веста од кладилницата дека дечково ги погодил сите резултати на коњскиот дерби (инаку чоеков немаше никад присуствувано на коњска трка у живот, освен можда еднаш во Хиподром кога ги носеле на екскурзија со школо). Нејсе, поентата е дека посраната пелена дефинитивно беше знак. Во теоријата на веројатност, ваквите знаци се класифицираат како fecal omens. Оттогаш кумот на братучед ми нон-стоп седи на истото место и дури го собира сонцобранот како би го олеснил евентуалниот погодок од залутан екскремент. До ден денес тоа се нема случено.
