Дали верувањето е БОЛЕСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
Ако забегаш полека станува пасија, а понатаму навлага у психа и забегуваш.

*зборувам за напатени таткици и баби кои влагаат со шамии у црква, клечат и се молат (т.е паѓаат у дилириум додкеа се молат, т.е ИЗВОДАТ)
 
НЕВЕРУВАЊЕТО е тешка болест, за која постои само еден лекар-Христос Бог, Кој дојде да ги излекува болните а не „здравите„.

No comment
:uvo::uvo::uvo::nesvest::nesvest::nesvest::toe:
 
Не е болест, но е заблуда. Илузија која ја ги заслепува луѓето. Ставам акцент на целата религиозна индоктринација. Вистински отров за индивидуалноста и мислењето со соптвена глава.
 
Ниту верувањето нту неверувањето не е болест, а всушност што е болест , но за тоа друг пат.
Не се согласувам со ниту едно твое тврдење или како да ги кажеш.
Велиш дека кај верниците немало иницијативност зошто чекале некој друг да одлучува за нив.. Те молам, сосема погрешно каде си видела Бог да преземе иницијтива, секој верник кога ке започне каква и да била работа истата ја посветува на Бог-тоа не е немање самоиницијатива. Или велиш верниците биле неодговрни, како е тоа можно кога верникот знае дека за своите грешки ќе одговара на овој но и на оној свет. Следно кукавичлук, ај те молам кажи кој е тој атеист кој умрел за високи цели и тра лала, и како ти можеш за некого да кажеш дека е атеист, тоа е лична работа, имајќи во предвид дека пред 20-тин години ниеден плитичар и др. несмееа да влезат во Црква и јавно да изразуваат верска припадност. После зборуваш за „подложност за манипулации“ -оној кој е верник и припадник на одредена религија тој ги врши обредите на таа религија, а дали е манипулиран од неа тоа неможам ниту јас ниту пак ти да кажеме. Постојат верници кој веруваат во Универзална свест-Бог и на кој не им е потребен посредник за да комуницираат со Него-Бог и таквите верници дали се манипулирани од самите себе пак неможе ние да кажеме. И како може да зборуваме за манипулација кога ништо незнаеме, кој од нас може со сигурност да каже што е вистина? Бидејќи додека сме на овој свет никогаш нема да ја дознаеме вистината секогаш ќе постојат атеисти и верници. Верата дава надеж и полесно се поминува низ овој земјен живот со надеж.
 
кој е тој атеист кој умрел за високи цели и тра лала,

На пример сите оние кои биле спалени на клада или умреле со други интересни методи, за да докажат дека само со знаење може да се оди напред. Сите тие кои му пркоселе на светот предводен од будали кои ги воделе луѓето во заблуда спречувајќи било каков прогрес. Без тие луѓе јас и ти денес не ќе можевме да се допишуваме преку овие кутииве. И сите тие биле атеисти.

И денес луѓето кои одбиваат да веруваат во тра-ла-ла имаат цел, желба, да го видат човештвото исправено на здрави нозе, слободно, самоиницијативно... а не да гледаат wash&go генерации, робови на невидлив и непостоечки господар.

Инаку не, верувањето не е болест. Други се причините, но другпат за тоа, или во некоја друга тема.
 
Сакам да чујам име која е таа личност и со кое право Ти во нејзино име зборуваш дека е атеист. Човек е верник и тогаш кога не оди во ниедна црква или џамија не се раководи од ниеден верски обред а сепак живее според верските закони-тоа е верник. Со кое право ти им даваж етикети на лужето дека се атеисти или верници секој се изјаснува сам пред себе и пред Бог и НИКОЈ немора да знае за тоа. Затоа се друго е тра лала...

Е нашиве политичари да застанат на цврсти и здрави нозе и не само да се сликаат на црковни прослави туку да имаат повеќе верба кај ќе ни биде крајот, а само апашлук на сите страни, казни, глоби, затвори еден невиден диктаторски режим, и ти ќе ми кажеш дека верата пере мозок, а Овие батки се бре махери што направија на народов преку рекламните кампањи за кој ЈАС плаќам , испраа мозок, државни каси а сега перат и по домашни скриени црни фондови.
 
Сакам да чујам име која е таа личност и со кое право Ти во нејзино име зборуваш дека е атеист. Човек е верник и тогаш кога не оди во ниедна црква или џамија не се раководи од ниеден верски обред а сепак живее според верските закони-тоа е верник. Со кое право ти им даваж етикети на лужето дека се атеисти или верници секој се изјаснува сам пред себе и пред Бог и НИКОЈ немора да знае за тоа. Затоа се друго е тра лала..
А која си ти да кажуваш кои се верски закони, кој е верник, кој според кои закони живее. Осудуваш луѓе а сама си вадиш претпоставки.
 
Има исклучоци. Но и најразлични фактори како примарни влијаниа.
Некогаш (знаењето настрана) има некој потреба од докажување на истото.

Kaко и да е, во никој случај не го оправдувам ateist.
Но за баланс, доаѓа MIKI. А статистички, да отвориме форумот, посебно религија има доста негови следбеници.

Значи и процентот загрижува. Може е време за епидемија.. овај пандемија.
Kaрантин за верниците! :)

Поентата е шо знаење НЕ постои, постои само делузиона убеденост во сопствената вистина, шо го прави секое убедување вклучително и ова твоето беспредметно.
 
А која си ти да кажуваш кои се верски закони, кој е верник, кој според кои закони живее. Осудуваш луѓе а сама си вадиш претпоставки.

А каде ти виде дека кажувам што се верски закони, дека давам дефиниции на верник? Типичен Македонски синдром -Не читам ништо до крај, не сакам да разберам што другиот кажал туку само осудувам.
Не осудувам Јас -него ти прочитај го уводниот пост, а потоа коментирај и не туку фаќај страни туку давај квалитетни коментари.
 
Ти во нејзино име зборуваш дека е атеист. Човек е верник и тогаш кога не оди во ниедна црква или џамија не се раководи од ниеден верски обред а сепак живее според верските закони-тоа е верник. Со кое право ти им даваж етикети на лужето дека се атеисти или верници секој се изјаснува сам пред себе и пред Бог и НИКОЈ немора да знае за тоа.
Па сама си збориш за верници и "верски закони." Секој се изјаснува пред себе и пред Бог :pos2:

Квалитетни коментари...пола од тоа што го пишуваш нема смисла. И баш ме интересира кои се тие верски закони според кои живееме.
 
Изгледа имаш многу мало општо знаење, па целиот правен систем се заснова на верските закони, зарем не знаеше!!!
 
Верувањето не е болест. Религиозноста да. Религиозноста е таа која создава + закони и подзакони кои човек можеби и не може да ги изврши, па идат милион ритуали за искупување на гревоите, меѓу кои може да паднат на памет и бааѓи забегани работи.
Филмот, јас сум посебен, јас сум праведен, па дури и јас сум понизен исто така е забеган... ама мислам дека се е до човекот лично.
Не треба да се генерализира.
 
Поентата е шо знаење НЕ постои, постои само делузиона убеденост во сопствената вистина, шо го прави секое убедување вклучително и ова твоето беспредметно.
Изгледа имаш многу мало општо знаење, па целиот правен систем се заснова на верските закони, зарем не знаеше!!!
Пред појавувањето на Исус на сцена постоеле многу места каде што луѓето си живееле сложно и среќно на едно место под заеднички исти правила. Античка Грција, Кина,селце некое, Египет, пештера, Јужна Америка итн итн. Господ топла вода измислил.
 
На пример сите оние кои биле спалени на клада или умреле со други интересни методи, за да докажат дека само со знаење може да се оди напред. Сите тие кои му пркоселе на светот предводен од будали кои ги воделе луѓето во заблуда спречувајќи било каков прогрес. Без тие луѓе јас и ти денес не ќе можевме да се допишуваме преку овие кутииве. И сите тие биле атеисти.

Лесно е да судиш неколку века подоцна колку било заостанато тоа опшество затоа што ова опшество е неколку века понапредно.
Од кај најде сите дека биле атеисти дури и славниот Џордано Бруно бил пантеист, не бил атеист. Дај со име и презиме кои биле атеисти :uvo:?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom