Дали уште користите Floppy дискови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Не откачено е а имам и 2 флопи диска, од кај знаам што ќе биде.
 
:pos::pos: Го чувам само за црни денови.......boot дискета за нортон гхост и слично. Ме мрзи да направам боот ЦД.:pos::pos:
 
Имам и на стариот и на новиот ама не ги користам, иако ми се мотаат 3-4 пакла со по 10 дискети по некои фиоки.
 
Не ми се верува дека денес купуев пакет флопија пошто глупата лиценцирана инсталација на Њидоњс нема интегрирани САТА драјвери, туку мора да се повикуваат од дискета со Ф6. 260 денари кутија вербатим, со демек специјална заштита од магнетно зрачење.
 
Внимавај да не оставиш мобилен до флопито, ако заѕвони, тоа е веќе непоправливо уништено. А инаку има Windows XP со SaTa2 i RaiD драјвери во него (искасапена верзија без ниту една слика е некаде 800 МВ, а нормална е 2-3 гига, таа искасапената ми има паднато до рака брка работа ама штур е до максимум).
 
Хм, ептееен ретко, за "црни денови" што се вика:). Не е ни исплатливо, само 3МБ меморија, а е поскапо од ДВД ЦД што собира како 1000 такви мали гомца :)
 
Mи стојат по дома некои од времето кога користев:) Знам идев по интернет кафиќи и си симињав кантер скинови....али идев и се враќав по 5-6 пати во денот.....не користам флопи затоа што ем имам usb стик од 1гига и плус кутија за хард диск во која имам 80гига хард:)
 
Само на татко ми кога треба да му ставам списоци на пациенти и извештаи за во фондот. За друга работа не.
 
Хм, ептееен ретко, за "црни денови" што се вика:). Не е ни исплатливо, само 3МБ меморија, а е поскапо од ДВД ЦД што собира како 1000 такви мали гомца :)

Овие од 3мб да не се од најновите, галичките? :smeshko:
 
Порано вршеја работа. Но одамна се исфрлени од мојата употреба.

Сега и да сакам, неможам.:lut::cry:
 
Средувајќи низ архивата на работа, налетав на некои ептен стари хардвери.
Еве 2 слики во врска со темава
DSC00206.jpg


DSC00207.jpg

5’25 инчни флопи дискови. Верувам дека само мал дел од вас имаат видено со свои очи во живо нешто вакво.

Инаку последен пат од овие маливе 3,5 инчни користев на компјутер со Pentium 1 @ 100MHz во војска.
 
Jas gi koristam seuste za instalacija na XP za RAID.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom