Дали учиш зашто те тераат или зашто сакаш?

  • Креатор на темата Креатор на темата KaiTekk
  • Време на започнување Време на започнување
Учам зашто е прекрасно чуството ДА ЗНАЕШ.Знаењето ме исполнува и ми дава самодоверба.Учам, добивам знаење и станувам свој човек со тоа.Имам нешто со кое можам да му се покажам на светов и да се гордеам со тоа.Без разлика дали школо, факс или читаш нешто бидејки те интересира и го проучуваш се е тоа добро и корисно и кога тогаш во животот ке ти помогне многу.
 
Го одбрав да го учам она што го сакав, па поради тоа ... учам зашто сакам :)
 
Учам за оценка. Ама знаењето останува во мене иако не сум свесна. Да, веднаш откако ке напишат пееееееетка заборават 50% од содржината, ако некогаш подоцна некој наставник спомне нешто и ме потсети подготвена сум да кажам и некоои детали кои остануваат во мене благодарение на тоа што учам сликовито. :)):pipi:
 
Оние предмети што ми се допаѓаат ги учам со задоволство. Оние другите ги учам за оценка. Знам дека знаењето е поважно од оценката, но што ако јас несакам хемија на пример? Јас имам поинаква замисла за образовниот систем. Од прво до четврто одделение да се учи основата по сите предмети која е потребна за општа култура, а веќе во петто одделение да си ја избереме насоката. Не вака, зошто да учам нешто што ни 1% не ме интересира? Неможе бе толку обемен материјал и работи кои никогаш нема да ни притребаат во животот да ги учиме! Што сме ние, роботи?
Некогаш и наставникот може да ти створи омраза кон предметот. Јас летото шесто спрема седмо хемија го мислев за интересен предмет и останав на тоа мислење првото полугодие од 7-мо одд, но тука нормално наставничката ги зема работите во свои раце и еве осмо одд сум, несакам да го слушнам зборот хемија.
До каде со ваков наставен кадар?
 
Учам затоа што морам...од дома не ме тераат али...сакам свој човек да бидам и да имам знаење..
 
Учам затоа што морам...од дома не ме тераат али...сакам свој човек да бидам и да имам знаење..
Значи учиш затоа што сакаш да научиш... А инаку само една работа мораш да ја направиш, а тоа е:
да умреш
 
Значи учиш затоа што сакаш да научиш... А инаку само една работа мораш да ја направиш, а тоа е:
да умреш
И да одиш до WC, се разбира :)
 
Студирам бидејќи е мал дел од моите долгорочни планови.
 
Сакам да си учам :) . Ако е дојдено до терање и туркање од инат, ништо од тоа .. На сила убавина не бидува. Амбициозен сум и ми се гради кариера, уште барем 5 години .. Млад сум многу за да засукам ракави и да работам. :)
 
Прво учев затоа што сакав, после од навика, а сега ич не учам! :pos2:
 
Јас учам само во последните месеци од школската година... април и мај. А од септември до март си уживам :) !
Вгодина планирам да се запишам на ФОН... па ваљда тогаш ќе учам повеќе. :salut:

--- надополнето ---

Учам оти морам.

И јас исто пријателе... да не морам ни учење ќе се видеше ни училиште ! :)
 
Учам затоа што сакам. Онака, ќе седнам и само учам, читам нешто. Ако не прочитам нешто денеска се чувстувам празно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom