Дали сум јас предавник ?

  • Креатор на темата Креатор на темата мали
  • Време на започнување Време на започнување
Без оглед на кажаното со кое некој може да се сложи или не, мали никогаш не бил нити може да биде предавник, дури и да сака. Револтот, незнам од што испровоциран (а не дека нема причини) и неможноста да се влијае директно на работи кои прават коров на душа знае од нас да вади секакви зборови. И мене ми се случило, ви се случува и вам, секој ден...само некој тера на хумор, а некој у курац.

И да ви одговорам јас, бидејќи мали не ви одговори: не спонзорираше владин протест, туку на свое барање даде огромна (за условите во кои го организиравме и спроведовме) финансиска поддршка за протестот кој како идеа се роди токму овде, на форумот. За тоа, гарантирам и знам, за друго не. Покрај тоа, знам и дека работи постојано и макотрпно на други работи поврзани со Македонија и организација на Македонските работи, за кои не би сакал да коментирам дека се негово дискреционо право тука на форумов.

Конечно, кој па тебе бе друже те обвини за предавство?
 
Тенеќе, мењаш мислење почесто од чорапи.
:wink:
Џамајка ман,
И јас го имам истиот впечаток.
Како и да е, се сеќаваш на Ајвар шо правев, нели?
Е па...:toe:

Тенеке, Реален, firewall,
Знаете што е "Ad Hominem"?
Камо контрааргументи?

Патем, јасно напишав, дури и замолив, ако нешто не е јасно да прашате пред да напаѓате.
За жал, прашањето останува:
Зошто одма на напад и навреди свртевте?


Поздрав:helou:
 
Одговорот итектко си го знаеш, мали.
И немаш потреба од туѓи потврди/негирања.

И ок, сфаќам, те боли власта и нејзината политика. Можеби си верувал во неа, па си се разочарал. Можеби не си ја сакал од старт. Небитно.

Мене ме занима зошто одбра на ваков (бајаги егоцентричен) начин да ја формулираш темава, која е уствари само критика на власта?
 
:pos2: Се мислев на дрончево дали воопшто да му пишам нешто, ама толку ме изнасмеа другар, а освен тоа и толку точно погоди и самиот шо сакав да кажам, па не додржав и јас да му објаснам на дрончево зашто НЕ МОЖЕ да биде предавник, таман и да сака. Видиш дронче, да бидеш предавник, треба прво да припаѓаш на еден народ, една идеја, па потоа, од ИКС причини да ги ПРОдадеш, т.е. да ги ПРЕдадеш. Ти (и по самиот надимак “мали“) се гледа дека не си ни Македонец, ниту пак некогаш си бил Македонист, ниту пак (ти и твоите по дома) си верувал(е) во независна Македонија. Многи сакате вие изродите бе!? Малку, малку: ЈАС СУМ ПРЕДАВНИК! Дека беее?! Предавник е голема титула, треба да се заслужи!


Светко, не ми причинува задоволство да се конфронтирам со тебе кога во голем процент од мислењата се сложувам, ама овој пост посебно болдираното од мене.... не заслужува искрено коментар.

Првин треба да запознаеш некого, барем малце за да фрлаш такви навреди од ракав.
А за МАЛИ ( со сите големи букви:) ) јас лично можам да ти гарантирам дека не само што е голем и горд Македонец и Македонист, туку многу помага во конкретна насока за нашите интереси.
Скромноста е негов избор и право.


И кој тоа досега го нападнал Мали? :) Какви бога ти “ултра-нацоналисти“?
Не си измислувајте свои заклучоци кога не сте разбрале што сака да поентира во постот.


И не мислам дека малце самокритичност, макар била и остра како во постот на мали, не претставува никакво предавство.

Неговата револтираност е од кумулираното политичко разочарување досега, кое искрено премногу ветуваше а малце изработи во пракса.

Сепак во одредени работи и не се сложувам со Мали, во однос на културата и поттикнувањето на националното чувство.
Како што кажа и Противпропаганда, повеќе се работи за вкусови и начини на кои тоа може да се направи но во никој случај не би требало да окарактеризира како “непотребно“.
 
Неговата револтираност е од кумулираното политичко разочарување досега, кое искрено премногу ветуваше а малце изработи во пракса.

Сепак во одредени работи и не се сложувам со Мали, во однос на културата и поттикнувањето на националното чувство.
Како што кажа и Противпропаганда, повеќе се работи за вкусови и начини на кои тоа може да се направи но во никој случај не би требало да окарактеризира како “непотребно“.
Многу јасно дека тоа е единствениот муабет на темава. Револт од политичка опција. Ништо друго.

Ама зашо таков "драматичен" наслов и реторика со предавник и сл.?
:)
 
хаааааааааааааааааааааааааааа!? им завидував на другите како функционираа!
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
ајде чао, одам да ги пуштам фрустрациите низ шољата.
 
Мали, јасна е дистинкцијата:

Имам проблем со политичка опција. Тоа ме прави анти - (вметни име на партија) насторена.

А, ако имам проблем со постоењето, името, идентитетот на Македонија, и би, само малчице онака, да ги "модифицирам"...е онда сум више анти-македонски насторена, а уз тој епитет добро стои и придавката предавник.

Јас верувам дека си во првата група, и тоа е сасвим ок. Само не знам колку искажувањето револт на начин ко темава, е конструктивен (за тебе пред се).
 
Многу јасно дека тоа е единствениот муабет на темава. Револт од политичка опција. Ништо друго.

Ама зашо таков "драматичен" наслов и реторика со предавник и сл.?
:)

Ada,
Ова ќе го напишам како да се имало само чесни намери од страна на започнувачот на темава.

Секој еден кој себеси се смета за патриот, односно кој се зафатил со некаква активност за подобрување на нашата општествена реалност, доаѓа до точката на себесомнеж и да се запраша:
Чекај бе, да не правам јас работи кои не одат во прилог на мојот народ?

Сомнежите се појавуваат посебно кога патриотот ќе се судри со „несфатливите“ општо прифатени начини на однесување на нашето население. Исто така, секогаш доаѓа до конфронтација со други патриоти кои имаат поинаков концепт за тоа што е добро за сопствениот народ. Да не ги спомнам и оние кои не ни се благонаклонети.

Многу е тешко да се биде македонски патриот. Да се остане патриот и покрај се` е подвиг рамен на... Пополнете ги точките самите.


Поздрав:helou:
 
НЕ МОЖЕ НЕКОЈ ДА БИДЕ ПАТРИОТ АКО НЕ ГО ЉУБИ СВОЈОТ НАРОД И ПОКРАЈ СИТЕ НЕГОВИ НЕДОСТАТОЦИ!!!

Секој во демократија има право да се сложува или не со моменталната политичка гарнитура на власт, но нема право да навредува цел (сопствен) народ затоа што не му е по личен ќеф тоа што мнозинството го избрало.
А ти, си патриот? Ајде да видиме.

Проблемот лежи во тоа што микроекономијата не ни оди, а за тоа си е виновно населението и неговото инсистирање друг да му го бере гајлето, а не самиот за себе.
Во денешно време веруваме во двестотини глупости и сме многу подобри поради тоа, нели? Зборувам како цивилизација, не само како народ.
За тебе ова не е навреда, како една од тие кои без срам ги напиша мали? Само затоа што е демек со поблаги зборови кажано, точно тоа што го критикуваш?

Да сумираме.
5 игнорамус+6 предавник= македонско мнозинство


Како сакате да имаме повисоки чувства како патриотизмот кога не се сакаме едни со други?
Кога со мнозинството владее суетата, ароганцијата, злобата и завидливоста не очекувајте подобрување.
Наместо вредности и врлини ние како општество се однесуваме како стадо животни во сезона за парење.

Доколку има нешто нејасно, ве молам, прашајте пред да напаѓате.

Поздрав:helou:

П.С.
Ништо што е напишано не е наменето како навреда. Доколку се сфати, по која било основа, како навреда се извинувам.
Да, ајде да сумираме. За да не напаѓам, културно прашувам. Како тоа со ваков муабет си земаш сила некого да наречеш предавник, а сам себе патриот?

п.с.
Извинето, бидејќи од почеток до крај се наоѓам и јас во постот на мали. Со тоа нели и јас сум од тие предавниците, кои не се сакани од патриотите, според кои треба да се сака својот народ, без оглед каков е.:smir:
 
Непотребни препукувања!

Народот во најголем дел е стока без мозок и се поведува по најнепоштениот дел од самиот тој народ, тоа се вредностите наметнати последните 50 години. Може да се лажеме дека не е така ама тоа нема да ја промени реалноста која е далеку од розова.

Се согласувам, тешко е да се биде патриот на пракса, кој пробал знае како поминал.

Со странци се најдобро за својот народ ама меѓу себе не гледам причина за разубавување на реалноста или лепење етикети заради различно изразување на бедата во која се наоѓа земјата.
 
Извинето, бидејќи од почеток до крај се наоѓам и јас во постот на мали. Со тоа нели и јас сум од тие предавниците, кои не се сакани од патриотите, според кои треба да се сака својот народ, без оглед каков е.:smir:
Тоа и пробуваме да разграничиме...Ако се наоѓаш во постот на мали, односно ако си незадоволен од работата на владата, тоа НЕ те прави предавник.

Да не се праиме наудрени, и мали и ти и јас и останатите знаеме што е предавник. А, тоа сигурно не е некој кој единствено има проблеми со владеењето на дпмне.

И јас по третпат ќе прашам:
Кој тебе мали те прозива ко предавник, само затоа што не се слагаш со работата на владата?
И зошто тоа го земаш за валидно?
 
За владата расчистивме. Никој не смета дека е предавник Македонецот кој не ја поддржува. Конкретно за кудењете на својот народ зборував. Ми пречи што сите патриоти на форумов ги оцрнуваат тие различните од нив, со што и самите биднуваат такви, но ни во најскриените нивни мисли не си го признаваат тоа.:pipi:
 
За владата расчистивме. Никој не смета дека е предавник Македонецот кој не ја поддржува. Конкретно за кудењете на својот народ зборував. Ми пречи што сите патриоти на форумов ги оцрнуваат тие различните од нив, со што и самите биднуваат такви, но ни во најскриените нивни мисли не си го признаваат тоа.:pipi:
Ова е преапстрактен муабет.

Што е тогаш патриот?
А, што предавник?

Кои се нештата кои ги одредуваат луѓето како патриоти/предавници?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom