Дали сум емоционален инвалид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jagod4e
  • Време на започнување Време на започнување
Не постои ладнокрвен човек, постојат луѓе кои своите емоции ги кријат подобро од другите.
Ако некој делува или изгледа ладнокрвно не значи дека има помалку емоции од тој што се треска од земја. Најголема заблуда.
Тоа е се одбранбен механизам...
 
Не постои ладнокрвен човек, постојат луѓе што своите емоции ги кријат подобро од другите.
Ако некој делува или изгледа ладнокрвно не значи дека има помалку емоции од тој што се треска од земја. Најголема заблуда.
Тоа е се одбранбен механизам...
Е да си жива и здрава за постов. :rolleyes:
 
стресот не влијае на емоциите , стресот само може да те вовлече во длабока безизлезна депресија и преплетена заедно со емоциите да те уништи .
Изјавата ти е контрадикторна затоа што:
1. Стресот влијае на сите чувства (предизвикува лутина, бес, гнев, страв, паника, трема, тага, па и радост, зависи за каков стрес се работи)
2. Депресијата означува збир на чувства: тага, несреќа, мизерија, зависи од човекот, секој може различно да ја манифестира.
Не може да ја раздвоиш депресијата од чувствата, затоа што состојбата на "депресија" е всушност сплет на чувства.

Енивејз, јас се чувствувам како емоционален инвалид. После сѐ што ми се случи во животот, некои чувства едноставно немаат ист интензитет и не верувам дека некогаш ќе имаат, додека други се претерано изразени. Многу работи за кои порано сум си дозволувала да почувствувам нешто интензивно, сега или не можам, или не сакам да го правам тоа. Се штедам себе затоа што едноставно "пулот" на чувства ми е намален и не сакам да ги трошам на било кој. Кон одредени луѓе сум многу ладна, многу полесно можам да игнорирам некој, многу полесно можам да кажам и лош збор некому, што веројатно не е добро, но ете, ги немам веќе тие обзири од порано веројатно затоа што немам желба да им угодувам на другите туку си гледам за себе. Не велам дека кон сите и секогаш сум таква, но да речеме дека многу понизок ми е прагот на толеранција за bs од другите. Некој можеби би ја опишал таквата состојба како себичност, можеби и е, но и да е така - ми се може. Кога човек ќе се соочи со одредени работи сфаќа дека треба сам на себе да си биде најбитна личност бидејќи има главна улога во својот живот.
Да не пишувам цели мемоари, не само јас туку и целата психологија смета дека траумата го менува човекот, го тера да се исклучи за да може да ги преживее стресните ситуации.
Можам да ви ја опишам својата реакција кога ми се случуваа работи кои 90% не можат ни да ги замислат (и така нека остане), јас несвесно си направив емотивен shut down. Еве, поминати се речиси две години од тогаш, не можам да кажам дека е вратено во нормала. Да речеме дека сѐ уште сум во будење. Одам напред со мали чекори за некои чувства, а некои ги имам исклучено целосно. И не знам дали некогаш повторно ќе почувствувам одредени работи, во моментов не сум способна за тоа, не знам дали воопшто ќе бидам, ама кога ќе размислам подобро, вака многу помалку време губам на "чувствување" и размислување за глупости. Едноставно станав попрактична и рационална во врска со животот.
 
Изјавата ти е контрадикторна затоа што:
1. Стресот влијае на сите чувства (предизвикува лутина, бес, гнев, страв, паника, трема, тага, па и радост, зависи за каков стрес се работи)
2. Депресијата означува збир на чувства: тага, несреќа, мизерија, зависи од човекот, секој може различно да ја манифестира.
Не може да ја раздвоиш депресијата од чувствата, затоа што состојбата на "депресија" е всушност сплет на чувства.

.
ај види подобро дека и двете работи се добро поврзани , само како што кажа индивидуално се манифестира , кај едни е повеќе а кај други помалце....
 
Не постои ладнокрвен човек, постојат луѓе што своите емоции ги кријат подобро од другите.
Ако некој делува или изгледа ладнокрвно не значи дека има помалку емоции од тој што се треска од земја. Најголема заблуда.
Тоа е се одбранбен механизам...
Постојат ладнокрвни луѓе само што тие се такви со причина.
Можам да кажам дека се сложувам со делот дека се работи за одбрамбен механизам.

Но, сепак овие луѓе поминале низа тешки трауми(или се ментално пореметени), а сигурно не станале такви од досада или пак тинејџерка која се изгорела еднаш па цел свет и е крив(посебно машката половина)

Еве се повторувам веќе, но така е таа ладнокрвност најчесто е резултат на одбранбен механизам поради некоја траума од надворешниот свет.

И како и се останато тој механизам е корисен ако не иде во екстреми т.е да се повлечеш во оклопот и да дишеш, но да не живееш или пак обратна ситуација да го фрлиш оклопот и да бидеш беспомошен/на кога ќе се соочиш со надворешниот свет и неговите опасности.


П.С До членот што ја отвори темата.
Ако си ладнокрвна тогаш тоа значи дека немаш што да загубиш, ако немаш што да загубиш тогаш не љубиш никого и ништо, ако немаш љубов тогаш тоа води до апатија, апатијата води до инерција, а инерцијата е она што го кажав погоре вдишуваш воздух, но не живееш вистински.
 
Веројатно таков е периодот, им даваш поголемо значење на срања кои веројатно во иднина ќе увидиш дека стварно немало потреба да се нервираш. Муабетот е зошто и како сме робови на она што се случило и зошто и како се нервираме за работи кои можеби / а можеби и нема да се случат. Тука настанува тој сплет на чуства и емоции од кои отрпнуваме или не прават посилни или едноставно не притискаат. Ќе ти земам троа тема на муабет, ( и однапред се извинувам ) и би го частел некој што сака ако ми даде некој психолошки совет за тоа како да поминеш преку нешто што се случило т.е. емоционално да го изолираш или по нашки искулираш , и за нешто што би се случило во иднина и се нервираш , а може и нема да се случи...
 
Се дешаа некад, лоши ствари.
И шо на крај краева, ако си лутко и намќор нема нишо да се смени.
Шо не значи дека не треа да бидеш лутко и намќор. Не треа да се спречуеш, ондак дубоко стануеш ептен лутко и ептен намќор. И тоа не е фино.
 
Можеби е од моменталната состојба од многу грижи од проблеми и црни денови доаѓа до такво чуство размислуваш на проблемите и не ти дава да размислуваш за таа одредена ситуација.може да е минливо,може да е трајно од траумите 'да, станува човек ладен кон многу случувања.
Животот се искусува не се учи....
 
Дали сум емоционален инвалид?

Дали траумата, може да го смени човекот во ладнокрвна машина, или тоа е само заслон и одбрамбен механизам на мозокот? Што мислите вие? Ве молам без вреѓања и сеирџиски коментари! :)

дали се работи за траума или за едноставно заситеност од животот мислејќи дека ништо повеќе нема да те изненади,било лоши било добри работи......занемарување на материјалното како наметнато зло,неможност на остварување на љубовен план заради кретенизмот и идиотизмот на оние кои што си ги сакала/посакувала

(да не биди наметнато прашањето,еве ова лично јас го осеќам :))
 
Постојат ладнокрвни луѓе само што тие се такви со причина.
Можам да кажам дека се сложувам со делот дека се работи за одбрамбен механизам.

Но, сепак овие луѓе поминале низа тешки трауми(или се ментално пореметени), а сигурно не станале такви од досада или пак тинејџерка која се изгорела еднаш па цел свет и е крив(посебно машката половина)

Еве се повторувам веќе, но така е таа ладнокрвност најчесто е резултат на одбранбен механизам поради некоја траума од надворешниот свет.
и.

Повторно, според мене тоа не е ладнокрвност. Ладнокрвен можеби делува за надворешниот свет, но има поттиснати чувства длабоко во себе и тие луѓе највеќе патат и најчесто страдаат во самотија, што е за мене најтешка форма на страдање и тагување. Немаат некој издувен вентил, туку чуваат се длабоко во себе, а и прилично се неспретни во покажување или детектирање на емоции. Што не значи дека ги немаат, туку така научиле да се справуваат со траумите и со животот општо. Секој има различни механизми на одбрана, со тоа што не ги расфрлаат емоциите, туку ги чуваат длабоко во себе не значи дека се емоционални инвалиди. Можеби по малку емоционално оштетени и изгребани... Но, тие чувствуваат, не се оперирани од емоции.
 
Единствен начин да бидеш емотивен инвалид е да си социопат или психопат што не е резултат на траума туку на биолошки дисфункционалности на центрите за емоции во мозокот како амигдалата, хипокампусот и орбитофронталниот кортекс. Што значи дека постојат луѓе без чувство на емпатија и емотивност но тоа не е нешто што можеш да го исклучиш по твоја желба.

Единствено што можеш да направиш е да ги смениш работите на кои реагираш емотивно и да одбереш како ќе реагираш на истите со тоа што ќе ги редефинираш веќе постоечките емотивни мемории при што ќе им дадеш поинаква конотација кога ќе се присеќаваш на истите.

Со тоа што стресните мемории ќе ги толкуваш поинаку, постои мала можност (колку постари се толку е потешко) да го смениш начинот на кој реагираш на нив. Мораш да се дислоцираш себеси и своите емоции од мемориите кои ти се непријатни. Со тоа што ќе ги рационализираш некои од ставовите кои тогаш си ги основала и ќе ги преиспиташ некои од верувањата кои тогаш си ги добила како резултат на околностите, начинот на кој ќе реагираш на истата меморија ќе биде различен а со тоа и ти самата. Ако се осеќаш неспособна за тоа, да си жива и здрава, глеј да го живееш животот со полн ек и да уживаш во се што те опкружува извлекувајќи го најдоброто. Минатото останува минато.
Важно е да живееш сега.
 
За да бидеш емоционален инвалид, треба да бидеш или социопат, или психопат, или да имаш IQ под 40.
Се останато човечко, има чувства, и тоа многу.

Не излегуваш на улица гола затоа што ти е срам.
Срамот е емоција.
Не ја повредуваш мајка ти затоа што ја сакаш.
Љубовта е емоција.

А тоа што ти си претрпела развод на родителите, не те прави емоционален инвалид, туку можеби ќе имаш состојба популарно наречена Синдром на напуштено дете или во посериозни случаеви Синдром на Минхаузен.

Секако постојат и уште мал милион состојби кои можат да бидат директен или индиректен резултат на недостатокот на едниот родител, меѓутоа се сомневам дека тебе ти се случува било што од овие работи.

Тоа што тебе ти се случува се вика искуство.

Кога имаш 5 години плачеш ако си го изгребеш коленото. На 15 не плачеш.

Ок е.
 
И што испадна дека си?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom