Дали сум емоционален инвалид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jagod4e
  • Време на започнување Време на започнување
Во право си јас цел живот без емоции сум и супер ми е ;) ама глупо е што понекогаш психата те тепа ако си таков
Како мислиш те тепа психата?
 
Ке напишам нешто на ова тема, а можда и нема. Да размислам прво.
 
Како мислиш те тепа психата?
christian_bale_american_psycho_patrick_bateman_axe_10989289_RE_PwnzElite_has_declared_war_on_Grammar_Nazis-s400x300-173837.jpg
 
Дали сум емоционален инвалид?

Дали траумата, може да го смени човекот во ладнокрвна машина, или тоа е само заслон и одбрамбен механизам на мозокот? Што мислите вие? Ве молам без вреѓања и сеирџиски коментари! :)

Да
 
Како па јас се сеќавам на се лошо што ми се случило, а тоа доброто ми текнува онака, ко низ магла? Мојот мозок функционира обратно од другите, нешто не е во ред со мене или како?

Јас не можам сама себе да се лажам, ако знам дека не ми е добро. Можам на другите да им зборам и да се преправам дека ми е океј, али јас одвнатре ќе знам дека имам проблем. За тоа лажење мислев, оти фала Богу свесна сум кога и што ми се случува во мозокот.

Тоа за децата на разведени, не сум психолог, нити пак дотолку ме занима што се дешава во човечката свест (потсвест), али сигурно и тоа детето е само свесно од каде му идат сите проблеми.

Така да, сам себе да се лажеш, според мене не е возможно.

Секако дека се сеќаваш, но ги ,,ублажуваш,, зборовите, тоа што си го видела итн..
Додека на убавото му додаваш плус убави детали.
Не ни можеш свесна да бидеш за тоа, затоа немам намера да се убедувам за нешто. Не се лажеш свесно сама себе некогаш, не е тоа туку така.
Како и да е, не се битни децата на разведени родители, туку стресот кој една индивидуа го преживува, примерот ми беше за нив, но во глобала за секоја стресна ситуација е така.
--- надополнето: 20 март 2013 во 00:47 ---
Примерот не само што не ти е соодветен за темава туку е банален и смешен.
Не сакам да си ги мериме, ама во случај кога би си ги мереле, твојот би бил поголем, ама само од другата страна на масата.
И не им кењај на луѓе што поминале боси по трња за нешто за што ти не си ни прочитала очигледно, не па да делиш квазистручни совети од професорите на тетовски "универзитет".
Ти благодарам на вниманието и те молам љубезно не ми реплицирај повеќе, нема потреба, си го покажа и знаењето и стручноста. Вака образувана можеби па и министерско место ќе ти дадат!

Примерот ми е и повеќе од соодветен за темава, зошто отворачот на темата е токму дете на разведени родители (нешто кое самата таа повеќе пати го зборуваше на форум), и скоро секогаш проблемите за кои зборува овде и се врзани за таа тема.

Твоето омаловажување, или обидите за истото, нема никаква врска со моето образование, пошто нели, стереотипите се оние од кои бегаме, ама некако не ти бегаат на тебе. Слушнато, недослушнато, носење заклучоци од ракав итн. Сеедно.

И секако, ако не сакаш да те цитирам, имаш опција да ме игнорираш и да не ми ги читаш постовите, па нема ни да се чувствуваш повикана ти мене да ме цитираш. Моето знаење и мојата стручност, не сум сигурна дека си баш ти компетентна да ги оценуваш.

Благодарам многу, ако немаш што понатаму да дискутираш, пријатно.
--- надополнето: 20 март 2013 во 00:55 ---
П.С.
Посттрауматскиот стрес, или синдромот на посттрауматски стрес, се смета за анксиозно нарушување.
Не знам од која причина на луѓе кои се средношколци би требало да им се обраќам со таков речник и да им објаснувам ситуации кои не можат да ги разберат.
Мојот пример е чист пример на анксиозност, која што не е акутна состојба.

И секако, секој различно ги доживува работите, па не гледам како било кој би му рекол на некој друг - шо бе, твоите се развеле, јака муда, да видиш мене шо ми се деси...
Секој човек си е своја приказна и не смееме да си дозволиме да судиме кој има право на стрес, а кој нема.

Башка, најчеста причина за анксиозноста во однос на врзувањето со луѓето се примарните односи во семејството.
 
Едит: ај да ти пообјаснам, да не си повлечам уште еден пост.
Кога телото и умот се во fight mode се исклучува сѐ што е надворешно, вклучувајќи ги и емоциите.
Не дека сакам да ви се мешам во расправијата и не дека сакам да идам оф топик, али како мислиш "се исклучуваат" емоциите? Во fight and flight емоциите на страв се најинтензивни поради лачењето на кортикотропинот како одбрамбен механизам од страна на амигдулата која е воедно задолжена за "емоциите" во мозокот.
--- надополнето: 20 март 2013 во 01:28 ---
Секако дека се сеќаваш, но ги ,,ублажуваш,, зборовите, тоа што си го видела итн..
Додека на убавото му додаваш плус убави детали.

Наспроти твоите тврдења, има огромна евиденција која покажува дека мемориите кои се добиени во состојба на стрес се поинтензивни, повпечатливи и никогаш не може да бидат заборавени. Додека мемориите кои се неутрални се помали во интензитет и честопати се заборавани како ирелевантни и непотребни.
http://www.themediareport.com/hot-topics/repressed-memory-debunked/
 
Не дека сакам да ви се мешам во расправијата и не дека сакам да идам оф топик, али како мислиш "се исклучуваат" емоциите? Во fight and flight емоциите на страв се најинтензивни поради лачењето на кортикотропинот како одбрамбен механизам од страна на амигдулата која е воедно задолжена за "емоциите" во мозокот.
Сосема спротивно, кортикотропинот ги регулира останатите кортикостероиди кои те отупуваат и ти помагаат да го поминеш стресот и психички и физички.
 
Сосема спротивно, кортикотропинот ги регулира останатите кортикостероиди кои те отупуваат и ти помагаат да го поминеш стресот и психички и физички.
Точно, и како резултат на тоа лачиш кортизол кој помага за справувањето со стресот воедно. Ме интересира дали обратниот процес на стимулирање на кортикотропин ќе иницира страв како емоција?
 
Точно и како резултат на тоа лачиш кортизол кој помага за справувањето со стресот воедно. Ме интересира дали обратниот процес на стимулирање на кортикотропин ќе иницира страв како емоција?
Не оди обратно. Дури откако ќе се уплашиш се лачи кортикотропинот и те спрема да преживееш на краток рок.
 
Не оди обратно. Дури откако ќе се уплашиш се лачи кортикотропинот и те спрема да преживееш на краток рок.

Во право си, благодарам на тоа што ми ја исправи грешката. Стимулот како стресен сам по себе е декодиран од таламусот па амигдалата подоцна која те става во fight or flight откако ќе го идентификува стимулот како стресен. Кој стимул ќе биде декодиран како стресен или не е резултат на повеќе околински и генетски фактори.
Отпослем иде лачењето на кортикотропинот:) .
Али како и да е, во погоре наведениот пост од Алтернатиф кадешто тврди во fight or flight респонсот нема емоции е невалидно тврдење. Стравот е дефиниран како емоција.
 
Алтернатиф се има предозирано со хомеопатски препарати.
 
Не сум дете на разведени родители, Бог да чува! Сосема лоша проценка! Причина за тажно детство, не мора во секој случај да е заради развод!

Гледам помала си од мене, во фаза на студирање ако не се лажам! И јас самата сум здравствен работник и психологијата како наука е мн значајна за мојата работа, посебно биопсихосоциалниот пристап кон некој пациент!

Ајде да те прашам пошто си специјалист во таа област : да ја ставиме љубовта на страна, дали мислиш дека околината и луѓето, вклучително со прошлите лични искуства (непријатни, конфликтни) за кои во моментот не сме свесни можат да допринесат да се формира бесчуствителна личност?

Со еден збор дали е тоа континуиран процес што тече подсвесно, или се работи за расположение, одреден период кој трае со месеци?

Како ти би дала дефиниција за емотивен инвалид? И каков пристап би употребила кога би имала таков пациент?
 
Ајде да те прашам пошто си специјалист во таа област : да ја ставиме љубовта на страна, дали мислиш дека околината и луѓето, вклучително со прошлите лични искуства (непријатни, конфликтни) за кои во моментот не сме свесни можат да допринесат да се формира бесчуствителна личност?
Околината на никаков начин не може да те направи бесчувствителна личност сем ако не те лоботомираат.
Можеш да бидеш рамнодушна кон некои работи во животот ама освен ако не си психопат или социопат, не може да немаш чувства.
 
Колку години имаш ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom