Дали сум емоционален инвалид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jagod4e
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Дали сум емоционален инвалид?

Дали траумата, може да го смени човекот во ладнокрвна машина, или тоа е само заслон и одбрамбен механизам на мозокот? Што мислите вие? Ве молам без вреѓања и сеирџиски коментари! :)
 
боље емоционален инвалид одколку емоционална будала , најсериозно :)...јас цел живот со емоции и многу имам изгубено .
стресот не влијае на емоциите , стресот само може да те вовлече во длабока безизлезна депресија и преплетена заедно со емоциите да те уништи .
 
А поконкретно да објаснеше за што се работи? Вака никој нема да знае да ти каже. Можеби оправдано ти е тоа што си ладнокрвна машина и секој така би реагирал во определена ситуација ама нели, битна е ситуацијата.
А не се исклучува ниту можноста да си и дегенерик кој за емотивни работи остануваш ладен ко шприцер и ич уво не ти чуе.

Јас не те разбрав, ама изгледа ни ти мене.
 
Не се нарекувам јас е. инвалид, а можеби и далеку сум од тоа! Но интересна ми е оваа појава, и во неа наоѓам повеќе допирни точки, а можеби стварта е симптоматска!
Не се работи за љубов само, туку општо многу работи се случуваат околу мене, за кои треба да плачам или да се смеам, ама секој ден, како што минува се осеќам дека станувам се поладна и поладна, не осеќам ништо, продолжувам напред!

Затоа сакам да чујам некое размислување, или искуства плус.... Незнам како да се опишам, и не сакам да се опишувам, ама самата помисла дека можам да станам такво нешто, ме плаши :eek:! За некого смешно, за некого страшно, повелете....
 
Во одредени периоди од нашиве животи чуствуваме како се да е реприза на нешто што поминало. Затоа и може ги нема емоциите и затоа можеби е време за некоја промена.
 
Не се нарекувам јас е. инвалид, а можеби и далеку сум од тоа! Но интересна ми е оваа појава, и во неа наоѓам повеќе допирни точки, а можеби стварта е симптоматска!
Не се работи за љубов само, туку општо многу работи се случуваат околу мене, за кои треба да плачам или да се смеам, ама секој ден, како што минува се осеќам дека станувам се поладна и поладна, не осеќам ништо, продолжувам напред!

Затоа сакам да чујам некое размислување, или искуства плус.... Незнам како да се опишам, и не сакам да се опишувам, ама самата помисла дека можам да станам такво нешто, ме плаши :eek:! За некого смешно, за некого страшно, повелете....

Растеш и се соочуваш со реалноста. Виде приказните за дедо мраз и принцот на белиот коњ се само приказни.
Пушти нека си тече водата и не му се секирај, секогаш кога нема да се надеваш животот ќе ти подари нешто.
Пушти си во позадина музиче http://nyc04.egihosting.com/839181 нема да те замара и читкај си по редовиве, на тешкото одговори со лесно.
Don't worry be happy:)
 
Не се нарекувам јас е. инвалид, а можеби и далеку сум од тоа! Но интересна ми е оваа појава, и во неа наоѓам повеќе допирни точки, а можеби стварта е симптоматска!
Не се работи за љубов само, туку општо многу работи се случуваат околу мене, за кои треба да плачам или да се смеам, ама секој ден, како што минува се осеќам дека станувам се поладна и поладна, не осеќам ништо, продолжувам напред!

Затоа сакам да чујам некое размислување, или искуства плус.... Незнам како да се опишам, и не сакам да се опишувам, ама самата помисла дека можам да станам такво нешто, ме плаши :eek:! За некого смешно, за некого страшно, повелете....
Нека не те плаши дека ќе бидеш таква,но според тоа што опишуваш дека не чувствуваш или продолжуваш напред тоа не би нарекол емоционален инвалидет туку тоа е нешто друго, би рекол незаинтересираност или го затвораш сопственото ЈАС и недостиг на самодоверба :)
 
Човек што не знае да сака или повреден човек што не може да сака? Емоционално празен, неразвиен, или човек што ги потиска емоциите во најтемната точка од мозокот?

Не се ставам во средината, баш сакам да ја разглабаме темава, јас само се посочив како една врста пример, што можеби и не е нај соодветен, ама да почнеме од некаде! :)
 
Ладнокрвна машина без емоции, т.н. психопат...па ти сега види си :)
 
Интересно како на повеќето им паѓа во око и коментираат за ладнокрвната машина, а воопшто не размислуваат и коментираат за ОДБРАМБНИОТ МЕХАНИЗАМ!
 
Значи луѓето не се програмирани да бидат ладнокрвни машини, во никој поглед.
Ко што има пишано погоре, само психопат ти е ладнокрвна машина, али таквите си имаат проблемчиња во мозокот.

Секој нормален човек си има емоции, кој повеќе, кој помалку, али има. Секако, поарно ти е да си во вториве.

Нормално никој не реагира исто на исти работи, за некого нешто е побитно, за друг е многу битно, за трет па воопшто не е битно. Тоа што тебе ништо не те тангира во последно време, ама ич не значи дека си ладнокрвна, може ништо не се случило што би те заинтересирало и би ти привлекло внимание.
Со тек на време пак сфаќаш дека некои работи не ни заслужуваат да им се посвети емоција.

Тоа за одбрамбениот механизам, според мене не држи вода, зошто тој ти служи за другите, а не за самиот себеси.
Ти можеш другите да ги лажеш дека не осеќаш ништо, али и самата ќе се лажеш? Нема смисла.

Како и да е, човек за да стане дотолку ладнокрвен, па да биде лишен од било каква емоција, е за тоа требаат трауми, какви што и на филмовиве не гледаме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom