Во живо со личности со кои сум зборел бар еднаш малку повеќе? Убаво ги читам, и не мора да прашувам: Да? За они да ми одговорат, не бе се заебавам/иронично го реков тоа.
Но овака на форумот, без интонација, освен ако не е доволно истакнато, или сум ја гледал личноста доволно на форумот за после некое време да претпоставам што би очекувал од истата на најразлични теми, не би можел да сфатам дали е иронична,се шали или не. Да видам мислење од ада на тема "Мистеријата во врска со бројот 26 и Тоше" пред да ја отворам темата знам дека ќе се орасположам. Но да прочитам мислење на тема турбофолк од член SuperNaughtyGirl која е регистриран 2008ма: "Turbofolk rocks

" се мислам дали да се смеам на оние што ќе ја сфатат сериозно, или да плачам дека постојат такви ретарди (ок, не дека се ретарди, ама немат врска со музика) што сакаат вакво ѓубре.
Значи сосема друго е во живо и на форум.
Јас лично не користам иронија, можда не сум доволно паметен да ја употребам, а можда и некогаш ми здосадува да гледам луѓе како мислат дека се којзнае шо кога ќе сврзат една шо нит е интересна ниту е на правилно место ставена. Посебно се нервирам кога ќе видам на тема, зар не знаеш што е ироничност? (вики линк) (ова исто го има кажано и друг член, но ете јас ќе го повторам дека модава не им прилега на сите) , или втор пример, една личност кажува тотално несфатлива иронија, за која само неговиот познаник знае дека е, и овој вториов пишува: "ееј друже како ги реметиш"
Можда ќе се препознаат некои во ситуацииве, ама јбг, можда јас сум еден од оние простаците шо не ве сфаќаат.
И сега тргнав многу накај иронија, што не е првичната насока на темава, па да си продолжам со шалење. Не се шалам често, немам некоја смисла за хумор, но лесно препознавам кога некој се шегува и нема потреба да ми појаснуваат луѓето ништо.
И така....