Дали сте буквалисти?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали сте буквалисти? Дали се што ќе ви кажат сфаќате буквално како што ќе ви кажат или знаете да читате меѓу редови?
Дали препознавате кога некој е двосмислен, кога некој се шали или како што ќе ви кажат така сфаќате?
Дали распознавате иронични изјави?
 
Од некој/а што не го/ја познавам најдобро сваќам буквално ... а другари другарки знам кога се зезаат :smir:
 
Ако до сега ги пишував моите негативни особини, еве ми шанса да се пофалам :)

Не сум буквалист, се` повеќе и повеќе читам меѓу редови, а гледам дека се` повеќе и повеќе луѓе се изразуваат двосмислено. Дали со возраста доаѓа и стилот, или е во мода да се биде ироничен, не знам. Интересен начин на комуникација е, ја руши формата на обичното зборување.
Најсмешен ми е ироничниот хумор, кажан со правилна интонација и во вистинско време. Можеби таквиот хумор овде, на форум би добил многу повеќе на тежина кажан со соодветен глас и израз на лицето, затоа и некогаш вака во пишана форма може да не се разбере. Не се лутам кога се шегуваат со мене на тој начин, ако “имам материјал“ враќам на сличен начин. :)

И јас се шегувам во тој стил, само некогаш ми е страшно глупо ако не ме сфатиле :(
 
Најпрво треба да ја познавам индивидуата колку толку, за да знам дали тоа што ми го кажал е кажано на ироничен начин или сериозно. Обично распознавам по првиот муабет сериозен човек(ѓот) и шерет човек.
 
obicno gi svakam rabotite onaka kako sto treba no imalo situacii koga sum izletal
 
Читам као селски буквар. :icon_cool И они тоа го знаат. Олвејз. Или, ако изгледам као да не читам, онда се прам дека не читам. Или имам потешкотии ако станува збор за нова финта, али после то секако пак читам. Или, им` давам да мислат дека не капирам, а уствари читам. Или стварно ме ебат во ребра. :icon_lol:

Некогаш можам да проценам, некогаш не. Има луѓе кои знам како дишат, има некои што може да ми се смешкаат као најмила на свет да сум им`, а да сакаат на пруга (сосе воз :icon_lol: ) да ме видат во моментот. Заслужено, најчесто. Со боринче си барам бељата, кога год можам. :icon_lol: Генерално, знам кога некој ме дрибла, кога е фин, кога е фин од куртоазија, кога му иде да ме запали или кога би ме задавл со голи раце.

Двосмислени изјави колку ме курчеа. Ја рецимо тресам такви двеста на саат и то несвесно. :icon_lol: Други свесно. Ама се навикнуваш, ехе... :)
 
Emma, зошто да сакаат на пруга да те видат? Ја на пример никој нејќам да видам на пруга, колку и да ми згрешил :tv:

Он топик:
Дали сум буквалиста? Апла. Можам цел ден да си го тупам мозокот со некоја изјава од одредена личност, иако може вистината е само дека таа личност се зезала или па има брз јазик и покрај тоа што не ме знае доволно за да суди.
Така да, испаѓа дека колку и да викам дека живеам по свои правила и сл, сепак и те како ми е битно што другите мислат за мене и што ми зборуваат.
 
Во живо со личности со кои сум зборел бар еднаш малку повеќе? Убаво ги читам, и не мора да прашувам: Да? За они да ми одговорат, не бе се заебавам/иронично го реков тоа. :)

Но овака на форумот, без интонација, освен ако не е доволно истакнато, или сум ја гледал личноста доволно на форумот за после некое време да претпоставам што би очекувал од истата на најразлични теми, не би можел да сфатам дали е иронична,се шали или не. Да видам мислење од ада на тема "Мистеријата во врска со бројот 26 и Тоше" пред да ја отворам темата знам дека ќе се орасположам. Но да прочитам мислење на тема турбофолк од член SuperNaughtyGirl која е регистриран 2008ма: "Turbofolk rocks :vozbud:" се мислам дали да се смеам на оние што ќе ја сфатат сериозно, или да плачам дека постојат такви ретарди (ок, не дека се ретарди, ама немат врска со музика) што сакаат вакво ѓубре.

Значи сосема друго е во живо и на форум.

Јас лично не користам иронија, можда не сум доволно паметен да ја употребам, а можда и некогаш ми здосадува да гледам луѓе како мислат дека се којзнае шо кога ќе сврзат една шо нит е интересна ниту е на правилно место ставена. Посебно се нервирам кога ќе видам на тема, зар не знаеш што е ироничност? (вики линк) (ова исто го има кажано и друг член, но ете јас ќе го повторам дека модава не им прилега на сите) , или втор пример, една личност кажува тотално несфатлива иронија, за која само неговиот познаник знае дека е, и овој вториов пишува: "ееј друже како ги реметиш" :tapp:
Можда ќе се препознаат некои во ситуацииве, ама јбг, можда јас сум еден од оние простаците шо не ве сфаќаат.

И сега тргнав многу накај иронија, што не е првичната насока на темава, па да си продолжам со шалење. Не се шалам често, немам некоја смисла за хумор, но лесно препознавам кога некој се шегува и нема потреба да ми појаснуваат луѓето ништо.

И така....
 
Јас не сум буквалист, ама трагично е шо мнозинството, со одредени исклучоци, смислата за хумор, која ми е претежно про иронично саркастична ми ја толкуваат буквално.

Прописно или попрецизно кажано, онака како шо јас сакам, ми ја толкуваат само одредени персони кои функционираат на идентична фреквенција со мене и имаат приближен концепт на размислување и поглед кон работите, па веднаш би ме сфатиле и би направила разлика дали се изразувам буквално или не.
 
Значи како прво да се пофалам со мојата иронија која многу често си ја користам...Значи мнооогу мрзам коа некој ќе ме свати буквално за нешто што сум го кажал чисто онака колку за да се има шо да се збори...А јас не сум буквалиста, иако понекогаш (кога сум исклучен) можам да одлепам нешо и после да ми биде срам шо постојам.,...:vozbud:
 
Не сум буквалиста воопшто...
Сигурно светот не се врти околу мене па да мислам сите за мене зборуваат или само мене ме гледаат...
а да познавам такви, незнам ни како можат да сфаќаат све лично до толку...хелоуууууу не си бритни а богами ни мадона
 
а да познавам такви, незнам ни како можат да сфаќаат све лично до толку...хелоуууууу не си бритни а богами ни мадона
Баш ми е мило што познаваш такви, ама ни Бритни ни Мадона не треба да бидат буквалисти:pos:
 
Недајбоже буквалист да застане со мене муабет да прае :):):):)
 
Не сум буквалист, се трудим да не бидем :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom