Дали сте буквалисти?

Ама ич не сум буквалист, само кога сакам да се правам будала тогаш сум:pos: Сепак луѓето околу мене се толкави буквалисти што мора се да им сервираш како , несмееш ништо да заобиколиш или двосмислено да кажеш.:toe:
 
не сум буквалист..читам мегу редови и добро ми иде!!!
 
паа... што знам, некои работи буквално ги сфаќам али повеќето стфари ги читам меѓу редови...
 
Сум голем буквалиста, за жал. Сега во последно време се трудам да читам меѓу редови и да не бидам толкав буквалиста, не е во ред тоа. Само проблеми си закачвиш и расправии...
 
не сум буквалист но ако се работи за некоја сериозна работа јас сум прецизен за тоа што детално е договоренои буквално сакам така да излрезе но ако се води неврзан разговор а исто зависи и со кого го правиш разговоротможеби би сватил се до целост но не би очекувал така да излезе
 
Сум буквалиста но за некои работи кои ме многу заинтересираат, и сум љубопитна и некогаш во буквална смисла си ги сватам. Вед,аш за тие работи буквално се фатам, а подоцна кога малку ми се изрелаксира мозокот, ваквото мислење за нив веднаш ми се промени. Значи, буквалноста кај мене не држи.
 
не сум буквалист, а и научена сум со другаркиве да се зезам нон-стоп и затоа кога сум со личност со која не сум многу блиска се контролирам, зошто ако почнам со нафрлање сигурно ќе мисли дека нешто ми фали :kesa::kesa:...ама тоа е, некогаш не можам да се воздржам од коментирање :pipi:
 
Дали сте буквалисти?Дали се што ќе ви кажат сфаќате буквално како што ќе ви кажат или знаете да читате меѓу редови?
Дали препознавате кога некој е двосмислен,кога некој се шали или како што ќе ви кажат така сфаќате?
Дали распознавате иронични изјави?
Зависи од тоа кој го кажува и секако на начинот на кој го кажува. Најчесто знам да препознаам шега, но постојат и моменти кога нешто го сфаќам и ми звучи не сериозно но другата страна не го мислела така, како и обратно.Инаку многу мразам кога јас не сум сфатена како што треба и каква што ми била намерата па кон таквите луѓе и не се шегувам многу...Инаку би можела да кажам дека знам да читам меѓу редови, посебно ако на некој тоа му е намерата, па и да не му е, ако некој чудно се однесува знам сама да си го протолкувам тоа однесување, но секако тоа ќе бидат само претпоставки, а не и со100% сигурност дека е вистина:vozbud:
 
За среќа не сум буквалист...знам да прочитам меѓу редови (ок, не секогаш, ама најчесто да...)!
Опкружена сум со неколку „другарки“ што очигледно не знаат да кажат нешто, ако тоа не е кажано на ироничен начин, така да иронија и во сон можам да познаам...Иако мн. мн. е ја поднесувам и не ја одобрувам!
 
никад не сум бил нити пак ке бидам


употребете реченицата


"читање мегу редови"
 
Зависи ... !!! во смисла како ќе биде тоа кажано од страна :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom