Дали сме сами во вселенава?

  • Креатор на темата Креатор на темата RapToR
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Gledaj na Mars mozno e nekogas da imalo zivot, ne nekoj razvien ama sigurno imalo nekoi amebi ili nekoi koi bile vo kamena doba. Toa se bilo dodeka taa rotirala okolu svojata oska (barem taka procitav mozno e i da sum greska). No koga taa prestanala da rotira okolu svojata oska ednata strana ostanala zasekogas zavrtena kon sonceto a drugata kon obratnata strana. Taka ednata strana koja bila kon sonceto ostanala zasekogas da se peci na sonceto, a drugata ostanala zaledena i so toa prestanalo da ima zivot na mars.

Човек добро си разбрал ама си ја утнал планетата. Во почетокот на создавањето на Сончевиот Систем како најподобни планети за развивање на живот биле Венера и Земјата. Пред некаде околу 4-5 милијарди години и на двете планети владееле слични услови. Единствената причина поради која денес живот е развиен на Земјата е појавувањето на живите организми токму во тој период. Со развивањето на живиот свет дошло до трошење на CO2 од атмосферата, додека на Венера доаѓа до денес еден многу популарен ефект - ефектот “стаклена градина“. Поради зголемето количество на стаклени гасови температурата на планетата драстично расте (иако Меркур е поблиску, многу поблиску до Сонцето има помала температура) и достигнува температура од околу 500C, притисокот на површината е околу 100 атм а pH факторот е под 1; или превод на површината на Венера е пекол, исправена железна прачка станува паричка за кратко време и дишеш концентрирана сулфурна киселина.

Инаку, во Сончевиот Систем планетите од 3 до 8 ротираат околу својата оска, сите ротираат во иста рамнина околу Сонцето со тоа што Венера врти обратно. На ниту една од нив неможе да тврдиме дека имало живот во минатото (не дај Боже како оној на Земјата пред 5000 години т.е. “Камено доба“) туку само можеме да провериме дали имало или има услови за развој на живот. На пр. кога Викинг 2 отиде на Марс тој утврди дека постојот услови за развој на живот но во обработуваните примероци не успеа да пронајде знаци на живот (резултатите за можен живот на Марс тогаш, 1999-2000 ако не се лажам, ги оценија 50-50).
 
Малце поназад да се вратам.
Јас имам гледано емисија каде што зборуваат за АРЕА51. Некој пред мене кажа дека слетувале вонземјани и правеле некои пакти со нас. Колку што слушав од емисијата, тоа е вистина. Сега незнам точно дали секоја недела иделе вонземјани или не, али битно е дека имало комуникација со надворешни светови. Исто така ДА, размениле техники, една од нив е авионот, и имаше уште некои, незнам точно кои.
Почуствував дека типот што го напиша тоа беше малце исмеан, па затоа се надоврзав.
 
Малце поназад да се вратам.
Јас имам гледано емисија каде што зборуваат за АРЕА51. Некој пред мене кажа дека слетувале вонземјани и правеле некои пакти со нас. Колку што слушав од емисијата, тоа е вистина. Сега незнам точно дали секоја недела иделе вонземјани или не, али битно е дека имало комуникација со надворешни светови. Исто така ДА, размениле техники, една од нив е авионот, и имаше уште некои, незнам точно кои.
Почуствував дека типот што го напиша тоа беше малце исмеан, па затоа се надоврзав.

Не лупај и секој отсега кој ќе пише нешто без да го поткрепи со некоја веродојстојна информација, го бришам. Аман, на што личи ова...
 
http://www.springerlink.com/content/p253m2634200212q/ види го PDF фајлот.

Двајца научници од Гермаскиот институт за Aerospace Medicine даваат накратко мислење за преносот на биолошки материјал во Вселената.

За жал за наредново тврдење немам link-овска подршка, но во последниве години на Земјата се пронајдени микроорганизми кои можат да преживаат екстремни услови (услови во кои до пред некое време се сметаше дека неможе да преживее никое живо суштество). Имено бактеријата Strain 125 (постои голема веројатност да сум и го утнал името) е анаеробна бактерија (не дише воздух) која може да издржи температури над 125 степени Целзиусови, исто така при спуштање на температурата има тенденција на успорување на метаболизмот дури и доаѓа до хибернација, како извор на енергија користи железни соединенија (ферити) кои ги разградува до елементарно железо и ја користи хемиската енергија.
Сето ова звучи ’кул’ ама каква врска има со темата? Па токму оваа бактерија или слични на неа бактерии се можните вселенски патници во составот на метеорите, астероидите и сл. Токму поради ова и наоѓањето на вакви микроорганизми на местата каде имаме метеорити некои научници силно се убедени дека постои живот во Вселената, а други одат дотаму дека животот на Земјтата не е производ на Miller's tube туку дошол во составот на некое небесно тело.
 
Одличен си батка или женско, супер коментари, за разлика од ова агора и шљамов.
Имаше едни подводни, на некои сулфурни извори. Ќе побарам.
http://en.wikipedia.org/wiki/Anaerobic_organism
п.с. од текстов кој го пушти.. една од теориите е дека некоја комета донела органски материјал и така дошол и животот.
 
Јас имам слушнато дека Месечината не постои и дека сето тоа е оптичка илузија создадена од страна на американците...

:pos:

Ок, шала на страна поентата ми беше да се надоврзам на Goikoetxea. Научниците веќе подолго време истражуваат метеорити од собрани од Антартикот за кои се верува дека се главните виновници за зачетокот на целиот живот на Земјата. Меѓу другите бактерии се споменуваа и бактерии кои денес можат да се најдат само на уште едно место, во гејзерите на националниот парк Јелоустоун. Има и некои други слични метеорити собрани од најразлични локации во Северна Америка кои подоцна биле продадени на НАСА од страна на неколку ентузијасти кои сега се милионери. Ете можеби е малце отопик, но цената на еден метеорит може да достигне вредност колку што вредат 100 килограми злато. Така да ако сакате да станете милионери, ете ви уште еден начин :)
 
Кога рече дека има метеорски дожд?
 
Дали бараме живот во Вселената или се бараме самите себе на некое друго место

Првенствено Никола благодарам на комплиментот, секогаш се трудам да дадам поткрепа на моите тврдења и мислам дека и останатите треба да го прават тоа.

За жал во наредниов дел нема да дадам свој став за познато размислување туку само свој став.

Идеата на темава е дали сме сами во Вселената? Нормално никој не го знае одговорот (нема цврсти или неоспорени докази за тоа дали сме или не сме) иако во последниве 10ина години многумина беа на прагот да ги убедат и најголемите
агностици во постоењето на форми на живот и надвор од планетата Земја. Нешто што најмногу не ми се допаѓа, всушност тоа се две работи, за потрагата на вонземски живот е тоа што ние се обидуваме да се најдеме самите себе.
1. SETI: Оваа организација плаќа огромни средства на научници и квазинаучници кои ќе гледаат и слушаат што ни говори вселената надевајќи се на една фамозна сцена од филмот “Контакт“. Па дајте забога луѓе, проширете си ги хоризонтите. Првиот сигнал испратен од човекот во Вселената е отворањето на Олимписките Игри во Берлин 1936 год. Ова значи дека ’гласот на Земјата’ се слуша во радиус од 70 светлосни години. Е кога ќе се поделли оваа вредност со 2 (за да не слушнат и да ни одговорат) се добиваат незначителни 35 светлосни години во споредба со 100000 светлосни години дијаметар на Млечниот пат ова е занемарливо (да не го споменувам фактот што во овој радиус се претпоставува дека и нема поголема можност за развој на интелегентен живот; првиот е некаде на 42 св. год. нов кластер на планети кои кружат околу портокалово џуџе). Е сега наместо сите тие пари да се вложат во напредок на технологијата и производство на нов вселенски телескоп (сите знаеме колку се одговори донесе Хабл телескопот) ние една брилијантна филмска представа ја финансираме за некој да може да се фали дека тој бил првиот што чул ’ало, ало’.
2. Carbon life form
Значи на планетава целиот живот има еден заеднички показател RNA. Дури се смета дека не постои можност да се развива живот без RNA! Еве го проблемот!!! Со моите скромни познавања на хемијата и биологијата знам дека НИЕ сме најразвиената форма на живот на Земјата, но не сме единствената. Всушност и на планетава Земја има форми на живот за кој екстремните услови се идеални (температури од многу под 0C или над 120C, pH фактори близу 0 или близу 14 и што ли уште не). Знаеме за најразлични анаеробни микроорганизми кои како своја храна користат метални соединенија (минерали) или различни азотни и сулфурни соединенија. Зошто не прифаќаме дека можеби други елементи кои имаат синџирки алотропски модификации (како сулфурот: S7) не се во состојба во некои други услови да изградат органски носители на информација слични по функција на RNA но не и по форма. Искрено истражувањата на Miller за постанокот на животот на Земјата ги сметам за 100% точни и сметам дека тоа е начинот на кои сме настанале (од збир на неоргански соединенија во посебни услови како оние на Земјата пред околу 4 милијарди год. се создаваат првите аминокиселини од кои подоцна се создава RNA) не е единствениот начин на формирање на живот, всушност ако некаков заклучок треба да изведеме од ова истражување е дека во специфични услови определени неоргански соединенија можат да формираат основни градиви клетки за носители на животни функции. Ако добро ја прочитате последната решеница во неа не пишува ниту азотни соединеија, ниту јаглеродни соединенија, ниту услови како на Земјата пред 4 милијарди години, ниту аминокиселини, ниту RNA.

Од овие две причини може да се случи следново: трагајќи по нашето вселенско alter ego да не ги забележиме вселенските форми на живот пред нас?!?
 
dali ima zivot na drugi mesta

Па оваа тема ја отворив бидејќи ме интересира што вие мислите...дали сме сами во вселената...Јас мислам дека не сме..дека некаде во другите галаксии постој исто така друг свет каде што се одвива друг живот а и мислам дека таму би биле или понапредни или сеушта се води живот во крамено време. Како и да е тој свет можи да е мн мн мн одалечен од нашата галаксија. Лично како вселената ја замислувам како на пример 20 или повеќе Тихи океани и дека нашата галаксија е само една малечка рибка во тој океан ааа нашата земја е едно зрнце песок во тој океан. Ова е затоа што така јас на пример ја замислувам. Што мислите дали постои друг живот во вселената?

--> п.с. Не тресете глупости!

ne bi mozele da bideme sami vo celata vselena oti ne e mozno pri tolkav golem prostor da nema zivot na drugi mesta moze nema vo nasiot soncev sistem ama vo drugite garantiram deka ima
 
Не сакам веќе да прочитам нешто слично од типот на.. баш така.. се согласувам.. во право си.
Ако има нешто да се каже нека се каже, ако се сложувате со нечие мислење дајте му репутација.
 
Вака момци исчитав тука се у форумот или скоро се и сакам само да ви наметнам едно мислење чисто како нов член и да видам како реагирате:helou:

Значи вака прво сакам да ви дадам еден друг аспект на видување значи не дали сме сами во вселената? туку дали сме сами во ВРЕМЕТО ?
или да во формулирам на друг начин: ако сакаме да отидеме на кафе кај најблиските комшии (под предпоставка дека постојат)кои се населени на некоја си планета 20-30 светлосни години (како што имавте наведено погоре) оддалечена од нас тогаш ќе ни треба мноооогу време (ако една светлосна секунда е 300 000kм вие пресметајте колку е една светлосна година:tapp:)
Што во слободен превод би значело дека ние би се размибале со нив во времето односно нашите парапара...потомци кои би стигнале таму би нашле изумрена цивилизација (воколку постои) или цивилизација која се раѓа, а кога би се вратиле да ни кажат тоа би било сосема беззначајно бидејќи и овде би нашле истотака ИЗУМРЕНА цивилизација.

E сега дали сме сами или не?
можете и сами да заклучите занаејќи ги добро законите на физиката и новите технолошки достигнувања но јас мислам дека тоа е сосема БЕЗЗНАЧАЈНО:toe:

-а за тоа дали не посетиле други цивилизации или не ја лично не верувам:nenene: барем се додека тие ДРУГИ не се дружат со нас барем на кафе:vozbud:
 
Вселената е толку голема, огромна, и не верувам дека само ние се наоѓаме во неа.
Голем број случаи сведочат за неидентификувани летечки објекти, средби со вонземјани, патувања со нив во вселенски бродови.
Каде што има чад, има и оган. До сега мислам дека успешно се се маскира, но до кога?
Мислам дека за брзо време поради притисок од јавноста, ќе бидат обелоденети контактите со вонземјаните кои до сега се воспоставени:toe:
 
Како што пиша другар Чомбе вселената е многу многу голема и јас верувам дека има таму секакви створења. Ама само едно не ми е јасно за тие летечки објекти што за секунда ги снемува од вид и од секаков радар за кои што сите викаат иделе со брзини поголеми и од брзината на светлината, а Ајнштајн ли направил формула дека не е можно да се патува со таа брзина. Ех колку сакам да е грешка сакам да го видам ентерпрајс во живооооооо. Ај со овие летечки објекти суште иам надеж
 
Како што пиша другар Чомбе вселената е многу многу голема и јас верувам дека има таму секакви створења. Ама само едно не ми е јасно за тие летечки објекти што за секунда ги снемува од вид и од секаков радар за кои што сите викаат иделе со брзини поголеми и од брзината на светлината, а Ајнштајн ли направил формула дека не е можно да се патува со таа брзина. Ех колку сакам да е грешка сакам да го видам ентерпрајс во живооооооо. Ај со овие летечки објекти суште иам надеж
I mene ova mi e najgolema zelba isto kako i tebe Mlad Man. Da se sretnam so nekoi vonzemjani i ako bi bilo mozno da otidam na nivnata planeta bidejki ovde blisku e krajot. Pozdrav.
 
I mene ova mi e najgolema zelba isto kako i tebe Mlad Man. Da se sretnam so nekoi vonzemjani i ako bi bilo mozno da otidam na nivnata planeta bidejki ovde blisku e krajot. Pozdrav.
Доаѓам и јас :helou:
Само да не ни бутаат некои сонди во задниците , како би не проучиле подобро ко цивилизација :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom