Дали се уште има чесни луѓе? (Случки и искуства)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
зашто само Скопјани, можеби баш помеѓу овие ниеден не е скопјанин.
Има чесни и прилепчани и беровци и кичевци.
Една случка од пред 30 години.Живев до автопатот на излезот од Скопје.
Доцна навечер ми звони на врата непознат човек од околу 30 години. Ми бара надворешна гума за фичо.Одам во подрум му давам(му се дупнала а нема резерва или и таа му се дупнала) му помогнав за монтажа а жена и мало дете во кола.
Па потоа и ми вели.
-Од Прилеп сум, се викам Менде ќе ти ја вратам утре.
И ми ја врати утрето или по ден -два не се сќавам.
 
@Anco слободно може да се прошири темата на цела територија на РМ. Така излезе насловот зошто видеото е правено во Скопје.

Јас имам неколку моменти. Ќе раскажам еден. Во Скопје студенти се шетаме без денар во џеб а иште два дена треба да преживееме за до одење дома. И така вечерта шетајки се најдовме новчаник во кој имаше 120 денари. Од парите купивме праз и јајца се сеќавам. Имаше некој документи во паричникот и некој визит карти се јавивме на еден контакт од визит карта на некоја адвокатска канцеларија од Битола. Човекот се погоди татко на девојчето, ја нојдовме и го вративме новчаникот и кажавме за парите и дека ќе и ги вратиме кога ќе имаме. Ни рече нема потреба фала многу и пријатно. Така мислам подобро е директно да се обидете да најдете кој е сопственикот на тоа што е изгубено отколку маткање по полиција.
 
Последно уредено:
Мене еден дедо ми врати патничко портмоне со сите документи внатре: лична карта, пасош, банкарски, картички за евиденција.... без парите, ама алал нека му се (околи 700 денари) оти ќе изгубев две недели и три метри нерви за да ги извадам сите документи повторно. Скопје, Автокоманда, 2012.

Инаку, чесноста на луѓето не зависи од местото на живеење - секаде има секакви луѓе
 
Сум вратил 800 денари кога видов на еден човек дека му паднаа од џеб и пред некој ден најдов мобилен и се јавив на еден од контактите и беше вратен одма. Друго ако најдам и не може да најдам со сигурност дека тоа е сопственикот - си задржувам бидејќи нема како да најдам. Јас немам нешто изгубено, така да немам некакви искуства такви.

П.С. Нека се смени насловот на темава, глупост е ептен.
 
finders keepers ама ич не му ја мислам, осим ако не се лични документи ако се у портмоне со пари може да му ги испратам по пошта само документите.
Телефони уреди такви стварои, нек отвара очи нек ги чува чим се остаени значи не му треба има боље да си купи.
@Anco слободно може да се прошири темата на цела територија на РМ. Така излезе насловот зошто видеото е правено во Скопје.

Јас имам неколку моменти. Ќе раскажам еден. Во Скопје студенти се шетаме без денар во џеб а иште два дена треба да преживееме за до одење дома. И така вечерта шетајки се најдовме новчаник во кој имаше 120 денари. Од парите купивме праз и јајца се сеќавам. Имаше некој документи во паричникот и некој визит карти се јавивме на еден контакт од визит карта на некоја адвокатска канцеларија од Битола. Човекот се погоди татко на девојчето, ја нојдовме и го вративме новчаникот и кажавме за парите и дека ќе и ги вратиме кога ќе имаме. Ни рече нема потреба фала многу и пријатно. Така мислам подобро е директно да се обидете да најдете кој е сопственикот на тоа што е изгубено отколку маткање по полиција.
Нздравје ручокот
 
Ние во Велес најдовме,ја видовме адресата,другарот знаеше која е адресата,ја најдовме куќата,вративме тоа,ни се заблагодари и така.
Фала а ?
Ја не враќам од коа еден рече дека имал 730 марки внатре а кутриот имаше само 60 денари 3Х20 ден, ме дупна под маање стариот тогаш
 
Па има чесни; сум ја изгубил личната карта а не сум приметил (не ми треба лична и така сум си личен). После месец ми стаса писмо со личната карта и текст од пронаоѓачот (од Козле, Скопје - пензионер) и дури тогаш приметив дека личната сум ја изгубил.

Е сега за паричник... то незнам.
 
Да најдам документи да би ги вратил, али пари да најдам нема шанси бре не ги враќам, или телефон, сум ги нашол моја среќа, нема да ги вратам бидејќи знам 90% од луѓето и јас да загубам нема да ми ги вратат, би ги замолил сите просветители на форумов да не ме цитираат од типот "тоа што го правиш не е убаво и тако даље"
Фала.
 
Ако има лична карта или нешто што може да го индентификува сопственикот или ако му падне пред мене би го вратил, фер сум од таа страна. :) Сепак до сега само пари сум си наоѓал на земја, а тоа сигурно нема да прашувам по луѓето чии се. :D
 
Да најдам документи да би ги вратил, али пари да најдам нема шанси бре не ги враќам, или телефон, сум ги нашол моја среќа, нема да ги вратам бидејќи знам 90% од луѓето и јас да загубам нема да ми ги вратат, би ги замолил сите просветители на форумов да не ме цитираат од типот "тоа што го правиш не е убаво и тако даље"
Фала.
Има разлика од наоѓање на пари до наоѓање на пари. Доколку сум 100% сигурен дека знам чиви се (сум видел дека им паднале), без размислување ги враќам. А ако најдам на улица под кола паднати 500 денари на пример, би бил глуп да не ги земам :)
 
Тие двајцата што го прибраа новчаникот не беа од Скопје!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom