Дали мислите дека со форумов созревате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
секако дека со форумот може да се созрева и тоа многу :)
тоа е најнормално-дискутирајки за најразличи теми, разменувајќи наразлични мислења :wink: секако дека созреваме, вооедно го менуваме и нашиот став за некои работи...сваќаме дека не сме биле во право, па се замислуваме и се повеќе размислуваме...и се така, нашиот мозок се развива :pos: и ние созреваме :wink: :pos: :pos:
 
Шознам .. и така и така .. и можеш ама можеш и да се поболиш од седење пред ком и дрнкање по форум зараза е
 
Не созреваме туку само се исполнуваме со нови идеи нови погледи. Мислам дека созревањето доаѓа од самите себеси, зашто не е важно само нешто да се чита важно е да се сака да се прочита тоа што е напишано. Може да се созрее и без кајгана, но со кајгана што знам некако добиваме инспирација да созрееме за секој нареден пост да ни биде попаметен од предходниот(со исклучоци)
 
Кајгана форумот е каталитички процес на созревањето! - ова може да оди како мисла :)
 
Да созревам има време, но да помогни при патот кон созревање можи!

Научив многу нови работи, сменив многу мисења за многу работи...
 
Мислам дека да. Доказ: Пред да стапнам во форумов повеке бев свртен кон губење време во играње игри (стварно многу играв 8-10 часа дневно) башка занемарував домашни задачи итн. Сега иако сум повеќе на интернет ама 5-6 часа на компјутер сум дневно. А башка што бев малку поконзервативен пред тоа да не зборувам.
 
Da, moze da se kaze deka sozrevam, ucam novi raboti plus i razmisluvam za nekoi nesto za koi prano ne sum, super e!
 
за созревање, во полна смисла мислам дека не, но на форумов сме да размениме по некое мислење, да научиме некои работи, па тоа ти е патот кон созревањето. :)
 
Созревањето на една личност е директно поврзано со неговото искуство и неговото образование. Настрана од формалното образованието, практичното искуство ја надополнува зрелоста на човекот. Но бидејќи човековиот живот е временски ограничен човекот ја користи комуникацијата за да разменува искуства без да има потреба на потешкиот начин да ги здобие што значи времето за собирање исодредено количество искуство се скратува, а бидејќи моментално интернетот а со тоа и интернет форумите се најбрзиот и најпристапниот пат до различни искуства од различни особи, може да се каже дека и самиот форум е дел од тоа општо побрзо созревање на неговите членови.
 
Па дефинитивно е дел од подобрувањето на размислувањата. Башка е стекнување на другари и дружење иако не се сите на едно место. Разменувањето на податоци со членовите е само дел од дружењето и забавата...
 
па може така да се каже, иначе од форумов најкорисно нешто ми биле информациите.

Пример зошто денес да глеам вести или да читам весник кога некој ке отвори тема ке се дискутира за тоа и поопширно ке ја сфатам вестта.
 
интересно е да го споделуваш мислењето со др.особи виртуелни.. да ги следиш нивните реакции да се дружиш и на некој начин да се еманципираш и потковуваш со информации досега непознати за тебе:vozbud: во секој случај има позитивен ефект
 
Мислам дека созреваме сите.бидејќи читаме разни мислења и влегуваат во глава и поинаку се размислува кога знаеш или си прочитал информации од повеќе области.
 
Не баш дека созреваме ама можеме да пронајдеме повеќе гледишта кон одредени работи!Зошто сепак нели различно размислуваме!
А за да созрееш ти треба многу повеќе од форум!Просто кажано ти треба пракса,форумов може да дојде како еден вид на теорија во созревањето ама нема да биде целосна ако не ја примениш у пракса!

Поздрави и честитки :pos: :pos:
 
Не созреваме буквално, туку си ги прошируваме видиците на некој начин.:) Имаме место кај што можеме да бидеме слушнати (прочитани де, добро:)) од, грубо земено, 5000 членови ширум Македонијава.:) И место кај што ние можеме да прочитаме туѓи мислења, идеи, гледишта, знаења, фрустрации, комплекси, мудрости, шеги, глупости, его-трипови, доживувања, мисли, желби, ставови...

Учиме, во секој случај.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom