Дали мислите дека пишувајки на форумов, менувате нешто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Да City,но трикот е што не влијаеш или менуваш нешто на човекот со кого дебатираш (форумџијата),бидејќи сите прилично имаме вкоренети ставови на тоа што го знаеме и веруваме во него.
Ти менуваш на тие,читателите од страна,и тоа е дискутабилно,но нели,битно е ние да мислиме дека имаме фен-бејс од индивидуи кои се ситат на секој наш пост :)
 
Да City,но трикот е што не влијаеш или менуваш нешто на човекот со кого дебатираш (форумџијата),бидејќи сите прилично имаме вкоренети ставови на тоа што го знаеме и веруваме во него.
Ти менуваш на тие,читателите од страна,и тоа е дискутабилно,но нели,битно е ние да мислиме дека имаме фен-бејс од индивидуи кои се ситат на секој наш пост :)

Брат јас се надевам дека колку-толку имаме една здрава дебата во која делумно го менуваме своето мислење по одредени теми, ако не е така тогаш зошто за џабе пишуваме и пишуваме...

Се надевам дека колку толку мозоците ни се „отворени„ за нови ставови и мислења.
 
Можам да сменам нешто кај некого од тие што се на форум ама не и од надвор.
 
Па... во најмала рака, со самото тоа што некој ќе го прочита ова, веќе сум влијаел на неговиот/нејзиниот живот.

Плус тоа, пишувам на македонски и на кирилица - значи, и` помагам на Македонската нација.


:helou:
 
Мислам дека единствено нешто што може да се смени тука е нечиј став.Пред да дојдам тука за некоја работа имав еден став, но некој пост ми го променил.Друго не знам што би можело да се промени.
 
Не бе, не менувам ништо, само сопственото мислење си го искажувам и дознавам што мислат другите за некоја тема...
 
Не менувам ништо посебно. Читам теми кои ме интересираат и го запишувам моето мислење и дебатирам на различни теми. Ако некој сака да ме читам супер, ако не сака пак супер.

Добрата страна е што преку форумот и туѓите мислења откривам нови информации и сознанија, имам комплетна слобода да си го искажам моето мислење, можам на некој да помогнам, а и слободно можам да побарам помош за одреден проблем и моментално од скоро 20 000 лица можеби ќе се најде некој кој ќе ми помогне.

А со моето пишување на форумот не се надевавам дека ќе бидам сакана, почитувана и читана од сите, едноставно сакам да си го искажам она што вистински го мислам и чуствувам.

Така што форумот е еден начин каде може да научиме многу работи и воедно да се забавуваме.
 
Најважно е тоа што има дружење, тоа е првенствено.
Второ, може од нечии искуства да се научи нешто, а некој може да научи и од твоите исто.
Трето, може да се развие солидна дискусија при што сите немаме исти гледишта и доаѓа до дебатирање, потоа до заклучоци од кои нашите политичари може да земат пример доколку се на овој форум.

Не дека може да сменеме нешто ама барем се трудиме колку толку да го направиме подобар и поквалитетен со знаења нашиот живот.
 
Не знам дали менувам, тоа треба да го кажат луѓето што сум им сменил нешто. Мене лично само некои 0.05% (ако не и помалку) од целиот форум ми имаат променето или мислење или да научам нешто ново.
 
Од мене верувајте нема да научите ништо ако ме читате а камоли да ви сменим некој став :kesa:
 
Втор мој пост на темата, пошто ми е уба. :)*

Ни менуваме, ни ништо... Освен кога постираме секојдневно по два-три пати на драга кајгана е тогаш само, менуваме.
Ако принципот на дискусија на форум4е ми е празнење, карање, навредување и докажување наспроти внимателно читање и увидување дали форумџијата/ката имале нешто сепак паметно да кажат,тешко дека туѓото мислење ќе ми изврши влијание.

* Јове, битолскиот на почетокот на постот е со умисла. (да нема забуни) :pos:
 
Не менувам ништо ама може да се дознам од него мн. работи :smir:
 
Всушност, јас од форумов доста учам и разменувам искуства и информации со други луѓе.

Тоа самото по себе се на некој начин дополнителна умствена еволуција, па значи и промена.

Тоа барем јас така го чувствувам.

А ако некој нешто научи од мене, мило ми е. Значи вистински сум предизвикал промена.

Да не зборувам дека ми е необично задоволство да пишувам на форумов. :helou:
 
Јас искрено не ја гледам поентата на постењето на форумов ако констатираме дека ништо не менуваме.

Тогаш која е нашата цел?

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom