Бегањето од реалноста, не ја менува реалноста. Православието изгледа МНОГУ работи си ги толкува онака како што му одговара. Која е идејата на оваа НАМЕРНО ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ПИСМОТО од страна на ПРАВОСЛАВИЕТО, ќе им оставам на форумџииите да си одлучат.
Трошење на време е да им/ти се објасни што е вистина или што не е. Но нека, ќе направам усилба/и.
1. Ајде Православието нека докаже од ПИСМОТО (не од овој или оној толкувач) дека Марија немала деца кога во ПИСМОТО пишува дека Јосиф не ја ДОБЛИЖИ или ПОЗНА (читај имал сексуален однос) СЕ ДОДЕКА НЕ ГО РОДИ СВОЈОТ СИН;
Инаку не е изразот ДОДЕКА во прашање, туку ДОБЛИЖИ/ПОЗНА. Но и за тоа православието има одговор кој нему му одговара.
2. За какво валкање овде зборуваш? Марија би се извалкала или секое сексуално општење е валкање? Ти женет си? ПОАПСУРДНО размислување (секој има право) немам слушнато. Ако тоа е (а е) православно размислување, тогаш ...
3. Христијанската вера произлегува од САМО од ПИСМОТО 'верата доаѓа од слушањето [стави и читање] на пораката, а пораката - од Божјото Слово'-Римјаните 10:17 [според православниот превод на ПИСМОТО] Инаку јас имам (повеќе од 2) разни преводи на ПИСМОТО. Тоа ми користи НЕ ДА НАОЃАМ ГРЕШКИ во некој од преводите, туку за ЗБОГАТУВАЊЕ на мислата.
СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ГО ТОЛКУВА ПИСМОТО. Светиот Дух е Толкувачот кој на христијаните им го толкува ПИСМОТО кога тие го читаат, се молат и размислуваат за тоа што го читаат.
Моето прашање то тебе МИКИ (и до сите кои САМО се повикувате на ПРАВОСЛАВИЕТО) е: ГО ЧИТАШ ЛИ ТИ ПИСМОТО?
Господ Исус нека те/ве благослови во ЧИТАЊЕТО НА ПИСМОТО.
п.с. инаку и јас од време не време ги читам РАНИТЕ ЦРКОВНИ ТАТКОВЦИ!
1. Користејќи ја твојата логика, ќе поставам контра-прашање: а каде во Писмото стои стих кој вели дека Богородица е БИОЛОШКА мајка на споменатите браќа и сестри Христови?
Ако во Писмото нешто (некој настан, личност..) не е споменат, значи дека не ни ТРЕБА да биде споменат. Просто кажано, која е логиката од тоа, Писмото да ни кажува се што сакаме да знаеме, или поточно кажано, се што НАМ ни ОДГОВАРА?
2. Да, СЕКОЕ сексуално општење е ТЕЛЕСНО валкање!! Православието познава мал милион молтивти за одредена потреба, но НЕ ПОЗНАВА молитва за „сексање„. Ти текнува? Сексот има една улога: да го продолжи родот човечки, Се друго е споредно., т.е. се сведува на ЗАДОВОЛСТВО. Во православието, сексот НЕ Е ЗАБРАНЕТ за брачниците, но е забранет надвор од бракот. Во православието, бракот НЕ СМЕЕ да биде покритие за развратот. Но ,дури и во бракот, сексот е ОГРАНИЧЕН и забранет во одредени денови и периоди, за да не испадне дека духовните активност и „задоволства„ се помалку битни од телесните кеифови. Да беше сескот чиста работа, тогаш сам Бог не би ја вовел 7-мата Божја заповед, туку таа или не би постоела или (не дај Боже) би била поинаку формулирана!!!
П.С: Во Рајот, Адам и Ева НЕМАА телесен контакт оти не им ни требаше. Сексот е даден повеќе како КАЗНА кон Ева (за да ги трпи породилните маки) а не за да биде сексањето обично праење кеифови на телото!!!
3. ВЕрата произлегува од Писмото, не вемам не, но она кое е запишано во Писмото треба да се ЖИВЕЕ и да даде ПЛОДОВИ достојни за влез во Рајот („..некој, 30, некој 60 а некој 100...„ како што и вели Сам Христос) а не целиот живот да ни помине само во негото толкување. За православните, толкувањето на Писмоте е „ствар„ на наследство кое го добиваме од Светие Оци од минатите векови.
За крај: да, секако дека го читам Писмото. Тековно, читам православна богословска литература која се занимава со прашања околу толкувањето на Писмото а посебно читам литгература која се занимава со тековна проблематика од живеето православната Црква и проблемите на кои наидуваат верниците во овој свет.
Биди поздравен.
П.П.С. Тие црковни татковци од раната Црква (Тертулијан, Августин, Кирил Александриски, Василиј Велики, Григориј Богослов, Јован Златоуст и др) православието ги слави како Светители и наши застапници пред Христа Бога.