Дали Марија имала деца после Исус?

На ниеден од моите аргументи не одговори (туку само ги повтори), а се фати само за една моја ненамерна грешка. :)



Погрешно го прочитав прашањето (бидејќи брзо читав и одговарав) и затоа напишав така. Јас мислев дека прашуваш каде е измислено дека Марија немала деца и затоа напишав во Библијата во први век.
Сепак и самиот знаеш дека згрешив и затоа требаше да ме предупредиш по лична порака како што јас те предупредив за твојата грешка дека Јов (а не Јона) бил во утробата на големата риба 3 дена и 3 ноќи.

А инаку сега мојот одговор изгледа вака:
Тоа е ваша измислица, затоа најдобро е ти да одговориш на тоа прашањео. Јас можам само да кажам дека со сигурност тоа не е измислица на оние што ја напишале Библијата, бидејќи во Библијата ја нема таа измислица.

Кон болтуваното:
- немав намера да одговорам туку чекав твој одговор...а она кое го нарекуваш грешка, за мене е точен одговор и се согласувам со него.
- моите грешки се последица од моето незнање а не од мојата тврдоглавост...тука е разликата...
- ако нешто ти значи и вреди, ЈАВНО пред сите форумџии се извинувам за моето небаш коректно однесување кон твојата „грешка„.
 
Ти призна дека нема ниту еден единствен библиски аргумент за православната догма дека Марија немала деца после Исус.

абе во постот за догмата на пресвета Богородица малку цитати ина од светото писно ај прочитајго и не калами безврска
 
абе во постот за догмата на пресвета Богородица малку цитати ина од светото писно ај прочитајго и не калами безврска

Се согласувам со Христијанин. Дали можеш да ни наведеш од твојот огромен пост барем ЕДЕН ЕДИНСТВЕН библиски стих кој ја оправдува вашата догма дека Марија немала деца после Исус?

Немој да спамираш, наведи само ЕДЕН ЕДИНСТВЕН.
 
I pose raganjeto na Bog Slovoto, Bogoridica ostanala devica, nema potreba da se protivime na vistinata, nema potreba od negiranje na dogmata za Bogorodica. Zaprasejte se od kade terminot BOGORODICA?
 
I pose raganjeto na Bog Slovoto, Bogoridica ostanala devica, nema potreba da se protivime na vistinata, nema potreba od negiranje na dogmata za Bogorodica.

После раѓањето на Исус Христос, Марија си роди уште најмалку 6 деца. Нема потреба да се противиме на вистината.
И? Кому да веруваме? Тебе или мене? На чија страна е Божјото Слово?

Zaprasejte se od kade terminot BOGORODICA?

Сигурно не од Библијата :helou:
 
Девица ке зачне и ке роди син и ке му го стават името Емануил (со нас е Бог)” (Иса. 7.14). Значи Спасителот ќе го роди чиста непорочна девојка (алма), Мојсеј видел на планината Хорив несогорлива капина која е праслика на приснодевственоста на Богородица (1 Мој. 3, 1-8). И истчната врата во симболичката визија на пророкот Језекил низ која поминува само Господ Бог Израилев (со своето доаѓање на овој свет) и при тоа останува затвотена за секогаш, е праслика на приснодевствпто (Језек. 44,2).

Новиот Завет уште појасно го прикажува раѓењето на Спасителот од
девојка без присуство на маж. Кога архангелот Гаврил и ја јавил на
благата вест на Марија дека ќе го роди спасителот на светот таа зачудено
прашала: Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж (Лука 1,34).
Архангелот Гаврил и одговорил: Светиот Дух ќе слегне на тебе и со
силата на свишниот ќе те осени; па за тоа роденото од тебе ке се
нарече Син Божји (Лука 1,35).

По свршувачката на мајка му Марија за Јосиф се виде дека е тешка од
Светиот Дух (Мат. 1,18)

Јосиф кога дознал дека е бремена сака да ја отпушти но ангел му се јавува на Јосиф и му вели: тоа што е зачнато е од Светиот Дух (Мат 1,20).

Дека Јосиф не му бил вистински татко на спасителот и маж на Богородица се потврдува во генеологијата кај евангелитот Матеј. Стигнувајќи од Авраама до Јосиф не се вели дека Јосиф го роди Исус туку Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија од кој се роди Исус наречен Христос (Мат. 1,16)

Пророкот Исаија пророкува Девица ке зачне и ке роди син и ке му го стават името
Емануил (со нас е Бог)” (Иса. 7.14), побожната Елисавета ја нарекува
мајка на Господа, тоа е важно зошто ја нарекла така исполнета од
Светиот Дух а не сама од себе. (Лука 1.42-43). Архангелот Гаврил и ја
јавил на благата вест на Марија дека ќе го роди спасителот на светот
Синот Бпжји (Лука 1.31-32). Свети Апостол Павле вели: кога се исполни времето Бог го испрати својот возљубен Син Кој се роди од Дева (Галатјаните 4.4) Голема е тајната на побожноста Бог се јави во тело (Тим. 3.16)

Ако ви се малку овие цитати кази има уште а сега биди љубезен и одговорими на прашањето како стиховите од светото писмо сами се толкуваат
 
Не ја гледам потребата од докажување на веќе докажаното. мајката Божја НЕМАЛА деца после Христа, оти со Неговото раѓање, исполнет е дел од „мисијата„ од Богородица во овој свет. Православната Црква 19 векови по ред иСповеда дека Христос е и Единороден и Првороден, според Св. Јован Дамаскин а не според мене!
Што се однесува до проблематичниот стих, кој треба да „докаже„ дека Богородица имала или немала деца, таков стих, кој смета дека е потребен, САМИОТ нека го допише во евангелијата. Тоа што евангелието посочува браќа и сестри Христови, според толкувачите од Писмото, јасно е дека се работи за децата кои се дел од првиот брак од праведниот Јосиф.
За мене лично, нема потреба од натамошни дискусии на ова тема. Но сепак, ќе поставам едно прашање:
КОЈ Е СТИХОТ ВО КОЈ ЕКСПЛИЦИТНО СЕ ВЕЛИ ДЕКА БОГОРОДИЦА ИМАЛА ДРУГИ ДЕЦА, .Т.Е. ДЕКА ТОКМУ БОГОРОДИЦА И НИВ ГИ РОДИЛА!??? КОЈ Е СТИХОТ КОЈ НИ КАЖУВА ДЕКА ПРАВЕДНИОТ ЈОСИФ Е ТАТКОТО НА ИСТИТЕ (Т.Е. ДЕКА БОГОРОДИЦА И ЈОСИФ СЕ НИВНИ РОДИТЕЛИ)!??? КОЈ Е СТИХОТ КОЈ НИ КАЖУВА ДЕКА ПРАВЕДНИОТ ЈОСИФ СЕ ДОБЛИЖИЛ ДО БОГОРОДИЦА ПОСЛЕ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ!???
Ајде, јунаци...
 
Мики бре па 16 страни се кршат копја за тоа дали имала или немала Марија деца, сите си стојат на своите ставови никој не се подмрднал ни милиметар..ти го потврдуваш истиот став веќе милион пати и згора на се...ајде јунаци.:toe: .Ова ни Нимиц неможе да го оправи..Само Исус...само да ти посочам Марија воопшто не е важна, таа е обичен човек искористена за славата на Господ..важен е Исус..аман веќе..
 
Ајде да видиме дали мајката Божја е битна или не, глоедано од православен верник.
Не да е битна, туку побитна не може ни да биде. Да видием и зашто!
Да го погледмене во кратки црти нејзиниот живот до (но и по) раѓањето Христово. Богородица (или Марија, мајката Божја) е родена од Јоаким и Ана (а не од други родители) на нивна ПООДМИНАТА возраст. А зашто? Па , нејзините родители ја родиле после мал милион МОЛИТВИ! Занчи, Бог ги удосотил со женска рожба, но после нивните УСРДНИ МОЛИТВИ! Понатаму: во знак на благодарност, малата Марија, на тригодишна возраст, оставена е во храмот ерусалимски од родителчите, да ја учи јудејската вера! Значи? Значи, не е ОСТАВЕНА да живее било каков, на пример, чисто СВЕТОВЕН живот! Понатаму, живеејќи во храмот, изучувајќи го јудаизмот, таа живее старозаветен, строг начин на живеење. Според Законот од Стариот Завет, штом влегла во пубертетска возраст, редно било да му биде доделена на некого за сопруга. А кој е избраниот? ПРАВЕДНИОТ Јосиф, нејзин роднина, за да се запази родословот (коленото/племето Давидово), на кој јудеите многу внимавале! Секако, не е доделена за сопруга на некој распален пубертетлија, па и тука ја гледаме ПРОМИСЛАТА Божја кон Марија. Понатаму, зачнувањто на Синот Единороден, на мајката Божја и го објавува АНГЕЛ Господов (архангелот Гавриил) а не било кој, а понајмалку самата Богородица, која, слушајќи ја веста, потврдува дека е слугинка Божја (!!!) и потврдува дека НЕ ЗНАЕ ЗА МАЖ! Кон Христа, Богородица се однесува старозаветно, а Христос, за возвртат, во се им бил послушен на своите родители/старатели.
Според тоа, Сам Бог промиуслува дека токму Марија, а не било која друга жена, ќе биде достојна да го роди Синот Божји, затоа што до МАрија, НИЕДНА друга жена во Израилот (за надвор од Израилот и да не зборуваме!) не била ДОСТОЈНА да го роди Христа, оти само ЧИСТА „особа„ (чиста и телесно и душевно и духовно!!!!) може да биде ДОСТОЈНА да го роди Самиот Бог, кој , всучност, Тој самиот ја создал и за која Самиот ПРОМИСЛИЛ!!!
Па сега, каде е неважноста од мајката Божја?
 
Навистина е доста!

Не ја гледам потребата од докажување на веќе докажаното. мајката Божја НЕМАЛА деца после Христа, оти со Неговото раѓање, исполнет е дел од „мисијата„ од Богородица во овој свет. Православната Црква 19 векови по ред иСповеда дека Христос е и Единороден и Првороден, според Св. Јован Дамаскин а не според мене!
Што се однесува до проблематичниот стих, кој треба да „докаже„ дека Богородица имала или немала деца, таков стих, кој смета дека е потребен, САМИОТ нека го допише во евангелијата. Тоа што евангелието посочува браќа и сестри Христови, според толкувачите од Писмото, јасно е дека се работи за децата кои се дел од првиот брак од праведниот Јосиф.
За мене лично, нема потреба од натамошни дискусии на ова тема. Но сепак, ќе поставам едно прашање:
КОЈ Е СТИХОТ ВО КОЈ ЕКСПЛИЦИТНО СЕ ВЕЛИ ДЕКА БОГОРОДИЦА ИМАЛА ДРУГИ ДЕЦА, .Т.Е. ДЕКА ТОКМУ БОГОРОДИЦА И НИВ ГИ РОДИЛА!??? КОЈ Е СТИХОТ КОЈ НИ КАЖУВА ДЕКА ПРАВЕДНИОТ ЈОСИФ Е ТАТКОТО НА ИСТИТЕ (Т.Е. ДЕКА БОГОРОДИЦА И ЈОСИФ СЕ НИВНИ РОДИТЕЛИ)!??? КОЈ Е СТИХОТ КОЈ НИ КАЖУВА ДЕКА ПРАВЕДНИОТ ЈОСИФ СЕ ДОБЛИЖИЛ ДО БОГОРОДИЦА ПОСЛЕ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ!???
Ајде, јунаци...

Marcus е во право. Доста е!
Еве јас ќе си ја земам слободата и ќе речам 'Марија после Исус немала деца'.
'И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син и Го нарече Исус' Матеј 1:25
Ова значи дека Марија во никој случај не останала девица, бидејќи Јосиф се 'доближил' до неа, откако Исус бил роден.
А ова се доближи или ја позна (некој преводи велат 'не ја позна') што значи? Дека до раѓањето не се 'доближувале', т.е. живееле ОДДАЛЕЧЕНИ или 'не се познавале', т.е. НАКНАДНО СЕ ЗАПОЗНАЛЕ.

Ајде ако си јунак-НЕГИРАЈ.

А дали имале деца ... тоа секој нека си одлучи, АМА ДЕВИЦА НЕ ОСТАНАЛА.

Поздрав
 
Лично и персонално, немам ДИЛЕМА дали имала или немала. НЕМАЛА!!! Така исповеда православието, а лично, не ми е познато дека некој во православието го тврди спротивното, иако од разговори со моите од Црква, дознавам дека и во православието има поединци кои тврдат дека Богородица имала и други деца, но секако дека тоа останува нивен ЛИЧЕН став.
Намерата ми беше следната: користејќи ја логиката од еден од моите соговорници на форумов, се обидов да поставам слично прашање:КОИ се стиховите кои го велат спротивното, т.е. КОИ стихови ЕКСПЛИЦИТНО, а не ЛОГИЧКИ ИЗВЕДЕНО, велат дека мајката Божја имала деца? Кои се тие стихови, кои, онака, ЈАСНО, НЕДВОСМИСЛЕНО, ПРЕЦИЗНО ни кажуваат кои се децата кои Марија ги РОДИЛА по Христа? Кои се тие стихови кои ми/ни го кажуваат ОНА кое самите сакаме да го прочитаме, за да ја потвдиеме тезата за „имањето„ деца? Кој стих ПРЕЦИЗНО вели дека Јосиф се ДОБЛИЖИЛ до Богородица, а тој став да не е ИЗВЕДЕН? Кој е „редниот број„ од тој стих? Во кое евангелие?
Затоа, пак ќе кажам. за мене, тоа е апсолвирано прашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom